@Ginger^ Vecno da ti e iiimeto,a ima sansi znaci da imam i imejacka na forumov. Ne deka toa nesto posebno menuva,no podrugo e a i ne cesto koga ke podades nekomu raka za zapoznavanje,licnosta go kazuva svoeto ime a namesto ime ti i velis Isto. I ova mi se slici pred nekoj den.
На сите возачи од приватниве 22 -ки под најитна постапка да им се одземат возачките и никогаш повеќе да не седнат во автобус!! Толку да се немало осет и сообраќајна култура..
Вчера една другарка ми кажува што се случило додека се возела со автобус. Една бремена жена со отечени нозе, големка била, 8-9 месец, го замолила некое младо момче да стане ако сака бидејќи немало воопшто место. Тој се направил дека не ја слуша. Потоа некоја бабичка што била накај 70 години видела дека не сака да стане тој, и таа и го отстапила нејзиното место. Се прашувам, до каде отиде човечноста? Толку нема осет и милост? Па млад си, здрав и прав, што ќе ти биде ако станеш за да седна таа сирота жена, па и бабичката да станува на твое место? Се помалку и помалку е некој човек на овој свет, многу жално.
И така... уствари никако. Од каде да почнам? Називот црвена тетка не го милувам ама мензисов месецов еве го на 24ти ден, болен до бесвест. 7 часа сон, премалку ми се видеа, утрово поспана излегов - поспана завршувам, долг и напорен ден, студено ми е, среќа сонцево ѕирна еве. Кафе, кафе ми е мајката си викам . И едвај дочекав да искочам да пивнам едно. Се раздрмав, па и каснав нешто, еве ме се хидратизирам со убава, ладна водичка. Ем ме мрзи, ем ми се работи, држ не дај, ама си ги сработувам стварчињава. Среќа утре денот долг, ама не толку напорен, ќе може да ми здивне стомаков што ме убива... Се мислам да се олабавам дома, со едно топло чајче и книга... Вечер имам и важен состанок, стајлингот погдотвен, средено се, само да се одморам и ќе бидам препородена. Ќе биде добро, ма супер ќе го истерам.
@QweenSM , ова го има само кај нас. Затоа што домашното воспитување а и општественото ги учи младите како да се биде нечовек, место човек. Култура има во развиените земји. На бремена жена, на постар човек, на мајка со бебе, дете им се отстапува место, простор ... Кај нас поединци го прават тоа. А младите, немам коментар! Чест на исклучоци кои превенствено од дома ја имаат основната култура.
"Внимавај што посакуваш, може и да ти се оствари", го видов и јас вториот дел од филмот...е не за џабе го рекле
Чувството кога се трудите да бидете блиску до успех, а таа скала што ве дели од можноста е лизгава за вас е исто како да гледате висококатница и да посакате да го скинете цветот на последниот балкон.
Ако @Ketchup не ми направи тост, ќе мора да ми купи бурек, ако нема пица бурек, може со павлака, салама и печурки
И како да ја оцениш или да се однесуваш со личност кога при скоро секоја дискусија ако види дека нема аргументи, на маса ја вади својата животна емоционална приказна (неповрзано со дискусијата), загуба, неплодност, болест, личните проблеми. Да кажеш нешто, ќе бидеш нападнат како бесчувствителен, а што да речеш за нив кога тоа го користат како карта за сожалување или заштита.
Денес е православниот ден на љубовта и се слават четири маченици. Јас толку се имам намачено во љубовта шо треба по мене да се крсти празников да биде строг пост и неработен ден!
Изморена сум бе. Изморена сум од школово, изморена сум од некои луѓе, изморена сум и од самата себеси. Само сакам да бидам сама и изолирана од сите, да си наместам коцките сама, не чекам на судбината јас. Ми треба мир, спокој и љубов. Ми треба некој што ќе те подржува во овие down моменти кога не знаеш што сакаш од животот. Чувствувам како нервите ми попуштаат, чудно баш на таква напната личност. Не знам од кај почнаа кај мене тие драстични промени и да си признаам не е добро, се чувствувам изгубено и изморено од се'. Ми треба еден ден одмор, ми треба едно јако кафе, ми треба едно големо чоколадо, топол кревет, добра книга и нечија прегратка. Малку ми фали, ама баш тоа малку го немам. Уствари имам и кафе, имам и книга и чоколадо, прегратка ми фали. И даска во глава, да си признаам.
Најголемата грешка што човек може да ја направи е да остави впечаток дека е секогаш достапен за се. Не може бе да се јавуваш на некој што не ти е близок во осум вечер, па гајле ми е колку мислиш дека е важно. Освен ако не ти зависи животот од тој повик, нема да вознемируваш никој по телефон.
Има три познати видови муабет од родители (посебно од мајка ) кога станува збор за домашните работи: - кога си во фаза на излежување и помрднување во гимнастичарски стил за од кауч да дофатиш даљинско, телефон и такви најпотребни работи - „Само лежиш и ништо не помагаш, стани и земи фати нешто низ куќи!“ - кога ќе си расположена да се развредниш и да помогнеш, арно ама наместо да ја исполниш намерата да направиш нешто продуктивно, правиш уште поголем неред - прекори од типот „Не ми е јасно што воопшто чепкаш!!!“... - ...и третата опција - кога на пример експериментираш нешто ново во кујна со ризик исход како да паднала бомба и тоа додека си сама дома, но сепак успешно го правиш тоа без да оставиш хаос зад себе - „3наеш ли што си можела да направиш? “ ...long (and true) story short.