Она чувство кога бившиот ќе постира некоја тужно романтична песна на фб, и му ставаш ултимејт саркастичен лајк! Знам дека немаш чувства море копито едно сунце ти капиталистичко џабе ти е и Адел и Шонтел и Владо Јаневски Опасно сум вљубен во тебе, ако нема кој да те за*бе! Мрш. Цел ден сум на еден ишлер и цедевита и ме мрзи да јадам и да пијам било што, а се осеќам ко да сум испила 24 кафиња со текила. *плука оган* Таков е денот де. Црвено - зелен. Ко разуме сВатиЧе!
Си дојде и есента еве,малку зезнато време. Убави се тие пејсажи со лисја што паѓаат,па кога одиш по улици крцкаат под нозете...Но,не е толку убаво кога преку ден си облечен по маица со кратки ракави,а за 4 часа кога веќе почнува да се затемнува бараш скафандер и некој дебел џемпер да облечеш бидејќи се чувствуваш како да си во Сибир . Почнува и сезоната на ставање насловни на фб со натписи од типот Welcome/Hello Autumn или како и да е,па потоа мејнстрим сликите со чај,шарени хеланки и дебели чорапи и секако,книги,па со сликата постираат и некои извадоци од книга што ја ,,прочитале''. Иако е такво времево,а и не можам да ги имам сите оние убави есенски бордо капути и кул чизмички што ги гледам по излозите,сепак има нешто интересно во есента. Не знам што е точно,но не можам да кажам дека не ја сакам,некако е посебна,без разлика на тоа што некогаш ми дава некое чувство на носталгија и меланхолија мене прошетките ми се многу пријатни и релаксирачки на такво време. *** Не знам колку пати имам пишувано овде за баба ми и за мајка ми,знам дека можеби сум досадна,ама луѓе ептен си ги сакам,тие се мое богатство. Пред да почнам да одам на факултет,си мислев дека нема воопшто да сакам да се враќам овде преку викенди,мислев дека нема ништо одовде да ми недостасува,а еве ме веќе трет викенд по ред како се враќам дома . Ми недостига секој ден да ја посетувам баба ми,да направам кафе за двете,па потоа да го барам филџанот со кафени шари во фиоките,од тој филџан баба ми секогаш пие кафе. После кафето да јадам благо,а баба ми мирно да седи на едниот крај од креветот и да плете.Ми недостига секој ден да ја гледам нејзината насмевка кога кажува дека е горда на мене,а јас цврсто да ја прегрнам. Ми недостига дури и кога мајка ми и баба ми по 10 пати во денот ме препрашуваат дали сум гладна. Леле како преку океанот да сум,а не во друг град . Ама што да правам кога сум многу приврзана за нив. Некои работи поврзани со одредена личност навидум се неважни,но некогаш токму тие најмногу ни недостасуваат.
Prostite ogranicheni firomjanchinja povtorno vo akcija. Aaah koj den, shto se chuv, (pa duri i iznaprochitav ) denes, ushte chekam da se razbudam od koshmarot poln so imbecili. Da im kazham... ili da ne si gubam vreme i da premolcham posho na ovie i taka im nema spas, kje si ostanat da tonat vo iskalapeni "razmisluvanja" i malogragjanski predrasudi.
Мислев дека не постои лош ајвар додека комшијава не реши да ми даде неколку тегли да пробаме. Ќе повратам. Толку тревки, моркови, и лушпи во една тегла не сум сретнала. О комшо, фала ти на помислата али поштеди ме, не ми праќај друг пат вакви „ајвари“.
Ми фали да мирисам на него,ми фали мирисот на неговата кожа измешана со парфем и цигари. И си подголтнувам кнедла,си кажувам дека вака е сто пати подобро и продолжувам. Нека ми фали.
Што сакате кажете,ама најболна тема на форумов е Фемина инстаграм И да си јадел пред 2 минути,пак лиги ќе ти течат и се ќе сакаш да си каснеш. Ко ќе почнат салати,па не знам какви меса,па оние питите,леле мајкоо,перверзии А да не навлегувам во десертите со чоколадо и оние масовните торти. Желудникот музика ќе почни да праи...
Ако си лојален, си лојален до крај. Нема тука откажување, во добро и во лошо и секогаш. Го слушам како ми зборува и солзи на очи ми навираат. Не е тоа романтична љубов, или допаѓање, туку е нешто посилно. Многу сум среќна што знам дека имам луѓе кои секогаш би биле тука, затоа што никогаш не можеш да успееш сам. Не е успех само да се богатиш додека ги газиш сите, затоа што еден ден ќе останеш сам. Успех е да знаеш да направиш баланс, да не потценуваш никого и да знаеш да препознаеш туѓи вредности. Инаку, не разбирам луѓе на кои одбранбен механизам им е при секоја критика или негативен коментар да заклучат дека другиот им е љубоморен или потајно посакува да биде ко нив. Не бе, јас сум задоволна со себе, не ми треба да си го потврдувам со лајкови тоа или да барам туѓо одобрување, замисли, можеш и да го живееш животот без комплекси. Имам милион негативни особини, ама мои си се, на некои работам, некои ќе си ги носам со мене, ама не би се менувала за друг. Океј, шо е со тинејџерскиов муабет, ама се некои такви луѓе ми се вртат, со такви муабети. Никој не ти љубомори, не си ништо толку посебно. А ни ја не сум, никој не е. Уште една работа, многу ме нервира кога ми се обраќаат со "девојче". Си имам јас име ако не знаеш како да ми се обратиш, ама ептен ми е потценување некој на работа да ми викне така, уште очекувам да ме прати до трафика по цигари. Као не, лош пристап, не се чуди после зашто не те почитувам.
Понекогаш дел од секунда наплив на мирисот од стар парфем или неполна минута рефрен од некоја песна може да ни влијае како да гледаш филм снимен според период од месеци, години од твојот живот...
Зошто не можам да го сакам,зошто ми е досаден ме нервира не го поднесувам и не сакам да е до мене зошто..?
Мизерии што за најнормална работа сметаат дека ти направиле којзнае каква услуга, а после ни секунда не чекаат да побараат нешто назад...нормално ниту одблизу сразмерно и нормално директно ти го пикаат под нос моментот дека они нешто направиле за тебе Е тие да ми ги објасни некој... Искалкулирани до последно, да не случајно се отиде во зијан. А да знаат само колку уствари се, ама се нема капацитет да се сфати. Друга фреквенција е веќе тоа. Знаев дека ќе ми биде долг денов ама дека до волку ќе биде богами не очекував. Какви ми се петоците во последниве месец-два, понеделник може слободно вода да им носи, дај нека се скрши веќе малеров А да...и луѓе што Господ им е во уста на секој втор збор, е со тие, очи и на тилот...по мое скромно досегашно искуство. Постов блуе со негативна енергија...
Отидов на ревија еднаш со коса фатена во репче, ненашминкана и во фармерки и ниски чевли. Еден дечко ми пиша на фејсбук после "леле браво колку природно и различно изгледаше". А ја уствари немав време да се средам зашто бев на пиво, а не смеам да носам штикли зашто исчашив глужд претходниот викенд. Oh well, модна икона.
Значи не сум мирна ако не водам ред за финансиите дома, а и моите. Водење сметка кој колку потрошил, кога нешто се купува обавезно морам да прашам и видам која цена е… Кога треба нешто да се купува прва знам каде точно може тоа да се најде. Колку многу трошам, исто толку знам и да штедам често. Дали е ова поврзано со моето студирање во оваа бранша или ете така, едноставно ова ме интересира и сакам да се занимавам со ова. Сега водам ред за домашните финансии, приливи, одливи, а еден ден се надевам ќе водам сметка за финансиите на некоја голема фирма. Сега сум веќе се посигурна дека сум се одредила за вистинското, за мене, дека го студирам она што еден ден дефинитивно со љубов ќе го работам.
"Every night in my dreams, I see you, I feel you... ...Love was when I loved you..." Колку би сакала се да беше поинаку, љубовта што ја чувствувам да не беше еднострана. Да се запознаевме на некое друго место, во некое друго време, можеби се ќе беше поинаку. Но и покрај се во животот добив еден искрен и верен пријател, а тоа за мене е непроценливо богатство. Незнам дали сум во право, но според мене луѓето со хороскопски знак рак се вистински пријатели, кои треба да ги чувате, бидејќи има нешто навистина посебно кај нив. А јас како една шкорпија, незнам дали е нормално што сум премногу емотивна за се' во животот, што успева се' да ме разнежни или повреди.
Периодов како така ми поминува во неповрат, секој ден се повеќе ми се ближи крајот од заминувањето на мојот совршен свет и долгогодишна убавина, колку чуства, радости, таги, разочарувања, среќа и сплет на секакви емоции сум доживеала овде, каде што никогаш и не би сакала да заминам искрено, а можеби и сакам, незнам ниту јас самата. Само секојдневно се борам да ги потиснам чуствата и мојата носталгија која по само една значителна помисла ме фаќа за гуша. Тоа е ти животот, замини.. студирај.. труди се од петни жили..живеј.. радувај се и гушкај се со милина.. а потоа замини и се остави во неповрат.. зад себе. Знам оти ми престои нов и значително попрекрасен период.. но сепак ме турка носталгијата .. знам оти за некое време ќе се средам конечно и психички и физички и ќе зачекорам кон светлината, и пак и пак и пак ќе се трудам и ќе живејам..ќе се прилагодам и ќе се смејам. Ете изгубив осет за да се смеам на работите кои ни претстојат.. на него и на нашите доживувања.. Те чекам... Пријатна вечер.. јас обожавам да заспијам уз дождот, моментално ми е најголем душевен пријател!
А падне ноќ и носот ми е иде дунав. Никогаш не сум можела да сфатам како дење не цури,ноќе цури?! Сакам да спијам на раат,два ноќа по ред заспивам на емисијата на Џејми Оливер во 5часот наутро. Очите ми се пропаднати,ми е страв да се погледнам во огледало. Сакам мирен сон. Мирно да спијам до сабајле.Тоа е се што сакам.