Се сопнувам и виткам нога. - Хехе девојче добар кал имаш на чевлите. - Знаеш што друго ќе одговара добро со калот? - Шо? - Твојата крв.
Не раскажувај на другите премногу за себе......Запомни!!! Во моментите на завист,слепиот започнува да гледа,немиот да зборува а глувиот да слуша.
Знаеш дека разговорот оди во погрешна насока кога почнува со реченицата ''Јас на твои години''... Бидејќи следи поистоветување на животот на соговорникот со твојот, во пакет со паметни изреки карактеристични за семе синапово или некое друго катче пуно мудрости. Ваквите морални лекции пак, најчудни ми се кога доаѓаат од блиски луѓе кои ако ништо друго би требало да знаат дека си доволно зрел за да размислуваш и за можните негативни исходи од донесената одлука и без нивна интервенција.
Ете изминатите неколку часа ги посветив на размсилување. И заклучив неколку работи. Далечината ги комплицира работите.Ме искомплицира мене како создадна единка за да го жртвувам и онаа кое го немам. Далечината меѓу онаа што го чуствував и онаа сега што го чуствувам.А, сега чуствувам дека сум посилна, посилна од било кога. После вчерашната средба за кои пред 3 часа се пеглав, ја викнав другарка ми да ме шминка.Увидов дека некој бран дојде кај мене како да одам за прв пат на дејт. Не беше дејт. Многу пати сме ручале заедно.Многу пати си ме гушкал под неговото палто.Но, ете неможам сама против моите емоции. Се спремив. Излегов пред зграда...не доцнеше како за чудо. При самото седнување ми рече - внимавај ( не забележав дека на совазачкото седиште има жолто-портокалова ружа и najlepse zelje чоколато ) И не реков ништо. Тој ги префрли на задните седишта.Појдовме во центарот на градот. Седнавме во еден ресторан.И тој порача пилешко, јас салата. Изедовме. Плативме. Потоа влеговме во колата. потоа шетавме и пазаравме од веро.Се беше ок. За ништо не разговаравме. Потоа ми текна дека ќе се каам ако оди во овај ритам и понатаму.Кога ме остави на улицата пред зградата, го замолив да се паркира.Го прашав , отворено. -Што е оваа денес? И што се случуваше со нас ? Кажи ми те молам и го бакнав. -Ми рече дека е изморен и дека за едно е сигурен.Ме сакал.Сакам да бидам среќна...И тогаш се јави негов другар да се соберат машко друштво.Го откачи дека има мн за работа.По затворањето на тел следење мување најубаво на цел свет и ми вика. Ќе дојдиш вечер кај мене? И јас збунета го гледам...а документите? а нели рокот му е до петок ? немој да се грижиш...само дојди ти. И го бакнав еднаш и излегов. Го довика моето име и ми ја подаде ружата и najlepse zalje. И ми намигна и ми рече, за тебе. и вечерта многу убаво си поминав. Леле, што и да се случува....ама многу ми е убаво.
Веќе не ни знам што да напишам.Ама битново е дека сепак сакам нешто да си кажам.Во дилема сум,дали со срце или ум..Така беше песната.Така,во дилема,да.И сега?Нема да биде животна грешка што и да одлучам,вајда..Се појавуваш после 7 месеци.Се појавуваш се почесто.Еве си.Пак.Порака на мобилен.Фала на поканата,зафатена сум.Тврдиш дека си сменет.Бараш последна шанса.Некој да ми помогне мене во одлуката?Но сфатив,сама сум во ова.Потполно.Се е на мене.Што да правам? Прашање до себеси.
Ме нервира селективноста За едни да важи правилото а за други не Тие се од владеачката партија па за нив се е дозволено ??...или може ќе ти притреба да ги замолиш нешто да ти помогнат во некоја институција, па ај нив ќе им премолчиме... Останантите се обични смртници па удри по нив.Тие немаат братучеди министри.Сељаци се.Казни го 10% од плата, нека цркне штом задоцнал 5 минути !! Вакви блуења секојдневно гледаш ама уствари мижеш. Најарно е да отрпнеш.
Кога некој ќе ви се обрати, ќе ви побара искрен совет, безразлика колку ли банален е нивниот проблем, ако не знаете да ги посоветувате и да помогнете, не мора веднаш да настапувате со реченицата: " Тоа не е ништо, ќе видиш понатаму што те чека. " Секој човек си има свои проблеми, и да, можеби не се најголемите и најкомплицираните, но сепак се нешто кое не мачи. Затоа следен пат кога некој ќе ве побара и ќе праша за совет, а вие не можете да им помогнете, културно објаснете дека решение за тој проблем не можете да пронајдете, а не да одговорите со класичната реченица, која ве прави одбивни луѓе.
Луѓее, aј дa ви се пoфaлaм кaкo штo ветив. Вчерa ми се јaвијa и утрoвo бев нa интервју зa рaбoтa. Утре сум нa прoбa, пa oд зaдутре пoчнувaм aсaлнo и ќе пoтпишaм дoгoвoр. Oд утре пoчнувa нoв живoт сo oбврски и oствaрувaње нa мoите цели.
И јас сефтосав со настинка. Денес се шетам со медицинска маска на уста за да не ги заразам колегите. Се гледам во огледало и ми се чини гледам Нинџа
Уф колку мразам што сум толку емотивна и што плачам за секоја ситница. Значи бројам, бројам, бројам и пак ќе ми се насолзат очи..
Се трудам да не судам луѓе според изглед, ама има нешто што секогаш ми остава негативен впечаток, без разлика колку се трудам да не забележам... изгризани, искорнати нокти. Кога ќе видам такво нешто, готово, не забележувам ни лице, ни тело, ни облека. И имам проблем да пратам што ми зборува. А маж со изгризани нокти. Целото раче изгледа така ко за греота. Инстантно веќе не личи на маж. Нејќам!
Убаво е чувството кога ќе го слушнам дедо ми "Еј Буби, ме изненади добар сум, фала што се јави".С Сам си дедо мора да се јавам, да те прашам како си и што правиш. Сироткиот и на ладно и на топло нивата си ја гледа. Си ја сака како своја сродна душа. Те сакам дедо изнаживејсе се уште 100 години.
Енигма.... Дали кога сонуваш некого, толку често, толку вистинито, без да сакаш, случајно, во било кое време, дали и тој те сонува тебе, барем некогаш? Дали кога мислиш на некого, во исто време и тој мисли на тебе?
Имам убав живот затоа што самата така си го правам. Секој може тоа да го направи. Кај никој не е совршено, секој имал и има проблеми, ама животот е многу повеќе од тоа. Aко навистина нешто сакаш, вложуваш се за да го постигнеш.
Во животот се е ризик. Превземи го, послушај го срцето, ништо не губиш. Ако е со позитивен исход добро, ако не е тогаш биди над ситуацијата и докажи си дека и без него се може и продолжи напред во нови ризици. СДК ... не чекајте од другите, вие сте креаторите, вие сте моторот на секое случување. Делувајте, ризикувајте, научете дека без напор нема ни решение. Целта нека ве мотивира, бидете упорни со граници, некаде ќе ве однесе ... Успех или пораз, не треба да ве спречува и понатаму да живеете. Бидете позитивни, испраќајте таква вибрација на универзумот, кажете му дека силно посакувате да ви се исполни желбата и тој ќе ви помогне. Каква енергија зрачиш таков живот и ќе искусиш.
Многу веројатно. Силната желба за некого се претвора во вибрација која патува до него. И го потсетува дека некој таму некаде го мисли.