Поминува уште еден ден. Не беше тажен, беше просечен. Чкртнувам уште еден ден на календарот. На половина пат сум. Секогаш ме молеше да бидам искрена, а кога ја слушна вистината од мене ми го сврте грбот. Ми кажаа да продолжам напред, да заборавам, да излезам и да се обидам да живеам како порано. Но не можам, и не разбираат дека не е лесно. Понекогаш ми е тешко и да станам од кревет, знаејќи дека нема да ме поздрави како порано, нема да ми се насмевме, веќе нема да ме прегрне и да ме допре. Грешката беше во тоа што бев искрена. Требаше само да замолчам, да ги притиснам најубавите чувства длабоко во себе и да се задоволам со она што го добивав. Денес бев на местото каде што ги поминувавме најубавите мигови заедно. Нови лица, нови насмевки, само таа мене што ми треба ја немаше. Сега местото беше студено. Сакав да заплачам, но знам дека не смеам. Знам дека нашата следна средба се наближува а јас морам да соберам сили и да ги поминам останатите денови. Нашата следна средба лице во лице ќе биде на нашето старо место. Тогаш пак ќе огрее сонцето во мојот живот и ќе се тргне овој темен облак. Силата ја собирам од спомените. Убави се но болат проклето многу. Само тие знам дека никој никогаш нема да може да ми ги земе. Оваа љубов е отров кој доброволно го земам. Има нешто во оваа љубов. Зависна сум. И знам дека ме носи во пропаст, но секоја доза како да е послатка од претходната и ме тера да земам пак, да не се откажам. Оваа љубов е како порок, како дрога. Како забрането овошје во чиј вкус уживам но истовремено и боледувам. Животот ми се претвори во апсурдно нешто, во сон кој будна го живеам и во време кое е полно само со надежи, очекувања и невозможен копнеж
Спојлер На немилосрдни луѓе ја потрошив сета среќа, радост, младост и убавина што ги имав но најтрагично е тоа што го изгубив и своето здравје! Навистина не знам за кој грев плаќам данок во солзи но едно знам многу личности кои ме повредиле уживаат во животот и се среќни и блазе си им изгледа туѓа несреќа им е душевна храна. Дома ми забранија да плачам, ми забранија да зборам со нив, не ме погледнуваат, не ми зборуваат а ма ако не е ми е битно затоа што никој не бил до мене кога ми било најтешко што би и сега. Наравоучение: Bидете себични и не им угодувајте на другите кои за вас не би помрднале ни со најмалото прсте од нивната дланка, кои не биле со вас во најтешките мигови, кои наместо да ве прегрнат, да ве утешат само ви велат лоши зборови и ве туркаат во бездна колку и да ги сакате и да ви значат, колку и да ви се блиски. Понекогаш тие се личности кои не вреднуваат ништо и што и да направите нема да ве сакаат ниту почитуваат. Не знам можеби проблемот е во мојата глава но сите ми го завртија грбот сите за кои животот би го дала ама не вреди знам не вреди никогаш нема да ме прифатат....
Не си балканец ако не оставиш во наследство живеалиште на своите деца. Прво му робуваш на животот за да заработиш за себе,потоа нема застој.Продолжува борбата за создавање покрив над глава за своите деца.И така борејќи се,животот ти поминал. Денеска мајка ми ми кажува дека животот е борба(оти јас нели со свои 37 не знам). Да,богами таа се бори со животот.Од кога знам таа се бори,за себе,за нас,сега за внуците,понекогаш и за комшиите,роднините. Таа е борец и еден од моите идоли. Лута сум и.Таа се бори со животот,наместо да ужива во него. На свои шеесет и кусур сеуште се бори. Бори се мајче за себе,уживај малку во убавините на животот.Биди борец но не бори се со животот. Бори се но најди време и да уживаш во него. Пробај малку да се опуштиш,нема да ти замериме доколку не ја оствариш секоја наша желба за која ке ти се довериме. Ти се доверуваме дека си ни мајка,а не во смисол дека сакаме за таа желба ти да ни помогнеш. Само ги споделуваме своите желби со тебе. Уз муабет и кажувам дека низ цел свет луѓето живеат под кирија,и тоа не сиромашните,цела средна класа живее под кирија(не буквално) па и подобро ситуираните.Тоа не е срамота. Не сите луге имаат исти приоритети во животот. Тие што не оставаат во наследство куќа,стан,не се помалку сакани од своите деца. Да не звучам неблагодарна,поентата на цел муабет со нејзе ми беше да ја убедам да почне да мисли малку на самата себе си. Живеела 10 години под кирија,сега двете деца и имаат покрив над главата,нека си приушти задоволства на својата душа.Ама вистински задоволства,не од оние кои наводно се за неа,ама се работи кои пак ќе може некому да ги остави. Јас сум задоволна од својот живот,и покрај се уживав во него,ми рече. Мајка. (Не заборавај мајче дека дел од твојот пат го одевме заедно,по цели денови и ноќи.) Биди задовона,и треба да бидеш,но дозволи си малку задоволства само за твоја душа.
Ах колку сакам барем еден викенд да бидам сама во некоја куќа покрај езеро, да уживам малку во природа, да се прошетам без никој да ми пречи, без мобилен, интернет, никој да ми досадува. Колку добро би ми дошла една чаша црвено вино, една добра книга покрај распламен оган, ах...
За еден белоснежен ТиенШански лотос. За еден симбол на човечкиот живот. Со корен втиснат во калта на "материјалното", додека неговите бели листови се стремат кон небото. Свет за Египќаните,творечка сила од Античка Индија. Отелотворува чистота и целомудрие, плодноста и света сила. Велат ја регенерира кожата, заради изворот на антиоксиданси,алкалоиди,флавоноиди. Мене пак, душата ми ја обновува. Ми ја изљушти онака до корен, ми ја "обели". Имам само едно кандилце со лотос на него. Една свеќа во негова форма, и катаљарда слики во главата. Светлината која излегува од кандилцето, се формира во лотос. Лотосот е цвет што расте во калта, колку подлабока толку поубав е цветот. Заокружи ме со лотос јас викам.
Па немам ни намера да ти ги барам мислењата и да ти се објаснувам, просто и едноставно - си ме цитирала, ќе си се држам до тоа Не ми е гајле каков верник си ти и дали си воопшто, кип ит ту јорселф. Немаш потреба ниту мене, ниту на кој било друг да се правдаш Мимс. Твој живот, ама како ти е ќеиф така живеј го. Некои ќе се согласат, некои нема. Ама види, ако ти сакаш никој да не ти буричка, исто и ти не буричкај. Ако си зборувала во темата за генерализации на одредена националност, мојот првичен пост не се однесуваше на тебе.
СДК 1: - Добро, не ми е јасно, зошто скоро од секоја тема мора да правите неред, да изгледа гадно? Зошто толку многу препукавање, на што се должат тие навредливи зборови, како: "ах, ти си курва", "немаш пари за ништо", бла бла ...и сл. Ви бараат совет, па доколку сте во можност дадете или воопшто не пишувајте. Ама не, вие мора да сте први со вашите коментари, во кои се содржани погрдни зборови СДК 2: - Му се исполни најголемата желба на татко ми, што си ја посакуваше со години. Ама, за да му се исполни, секој ден, месец, секоја година вложуваше труд и напор. Вредеше целиот труд што го вложуваше со години. Браво ТАТО , многу сум горда на тебе. Ти си мојот пример, пример за тоа како треба да се постигне некоја цел во животот. СДК 3: - Вчера решив да правам торта, некоја измислотица моја, ама ајде некако мина денот и за денеска остана таа идеја. Почнав да правам, ама ете, како за баксуз, блендерот се расипа и немаше кај да ја сомелам плазмата. И, скоро цел ден си ја правам тортата, дури сега ја завршив Во моментов се осеќам ко пијано, ко цел ден да сум пиела, а не како торта да сум готвела Едит: - Пред некој ден, ја сонував Мајка Богородица, како составен дел од дланката ми беше. Беше во едно кругче, кое цело време светеше небесно плаво. Што беше уште почудно, само јас можев да ја видам, додека мајка ми и другите не ја гледаа. И цело време додека не се разбудив, некое чудна вибрација во раката имав. Појма немам што значи сонов, ама денес си бев да си запалам свеќа Добра ноќ луѓенца
Кога го имате најдобриот другар на свет..... Знае да се изгуби со денови, недели, ама кога најмногу ви треба тука е. Телепатски ги доживува вашите чувства и дига слушалка. Не прашува дали сум добро, знае дека не сум. И после едно десетина кажани вицеви кога конечно ме насмеа, вели земај џемпер и симни се. Каде? По пижами сум. И јас, вели, си викала ли некогаш во шума, онака убаво да се издереш да ти помине и нервоза и тага и лутина? Да се ослободиш? Премногу си се стегнала, премногу сериозно си го сфатила животот. Ах, што да правам, таа сум. И така по пижами, се извозивме до најблиската шума, убаво ги оптегнавме гласните жици, изедовме 200 г. Милка со цели лешници, ја испеавме во еден глас нашата омилена Soldier of fortune, ми свари чај , ме покри и си замина. А јас ете размислувам колку сум среќна што го имам. Знам дека пак ќе биде тука да ме развесели кога најмногу ми треба.
Да ми го чуваш и пазиш Секој ден да биде насмеан и љубен Да не му недостига ништо Не дозволувај да го изгуби сјајот во очињата и широката насмевка Секој ден осипувај го со љубов и среќа Јас го изгубив..... Те молам чувај го како што се чуваш себеси.. Ве сакам и двајцата
Кога гледам, слушам и читам какви се меѓучовечки односи постојат и какви се луѓе (читај: нелуѓе) има околу мене, сакам само да кажам: Фала ти Господе што ме благослови со најдобрата, најсаканата, најпожртвуваната и полна со поддршка фамилија. Мајка ми, татко ми, сестра ми, маж ми, свекрва ми и ќерка ми - тоа се луѓето за кои чувствувам безусловна љубов. Се друго е пролазно - и другарки, комшии, колеги... Затоа уште еднаш: Фала ти Боже мој!!
Баам, уште еден удар. Ми доаѓа да отидам сред пустина или планина, да се извикам и исплачам и да се вратам назад. Некогаш мислам дека нема ни да престанат ударите... Судбинава упорно пробува да ме нокаутира. А чудно, ме боли, ама болката ја игнорирам... Пак почнувам сама... Овој пат и ќе останам сама, мора да научам да се потпирам на сама себе.
Зошто се луѓето толу љубоморни и трули? Па на секој му посакувам се најдобро, да си дипломира, да си најде убава работа, секој нека е сакан и да сака...секому навистина од срце посакувам се најдобро.Секогаш сум се радувала на туѓата среќа, посебно на најблиските другарки.Сакам да делам комплименти и пофалам некој.Срцето ми е полно кога ке ми соопштат некоја добра вест, се радувам колку и тие. Сакам да сум опркужена со искрени луѓе, полни со позитивна енергија, спремни секогаш искрено да ти посакаат се најдобро. Љубоморни се до тој степен што ти завидуваат на ново купен партал, кога ке изгледаш убаво, среќно, насмеано, едноставно зрачиш, е тогаш љубомората им излегува од очите.Штета за нив никогаш нема да се задоволни, а мене ми е криво што од добра и чиста душа, се претворила личноста во завидна. Ама ете не секој ги гледа работите низ иста призма, незнам од каде доаѓа толкава љубомора, поради лично не задоволство и фрустрации највероватно, неподнесување туѓ најмал успех.Но како и да е не ја сакам љубомората, по мене една од најлошите особини, од која произлегува секој обид да наштетиш некому.
Да љубиш и да бидеш љубен е она најмоќното! Кога јас се радувам искрено од срце за твоите подеми и соочуствувам со твоите падови, и обртно ти за мене. Единствено љубовта е она чуство кога од едно твориме две!
Разочарување... Не е само збор, тоа е кога мислите повторуваат, што би било кога би било или зошто не беше како што беше... Зошто ти не си веќе тој што беше?
СДК во право биле западњациве што си легнуваат порано и денот го започнуваат рано. Легни си во 10 стани си накај 7
Мразам кога некој не си стои на ветувањето да направи онака како што ветил,без разлика дали се работи за пријатели и блиски роднини.Но,ЈАС паметам се до збор што и како кој ќе рече,да,се паметам ете таква сум и за ситници и за се.Јас кога обеќам нешто си стојам на тоа,но има и такви кои забораваат или можеби само така се прават.Незнам.Ама како и да е,се ќе си дојде на свое место.