Обично луѓето од одмор се враќаат со сувенири, подароци за најблиските, можеби по некое парталче или козметика. А татко ми - со телескоп! Знам дека со години сакаше да купи, ама не замислував дека ќе го растураме на делови и ќе се обидуваме да го спакуваме во куфер. Му викам: Тато, овие на аеродром кога ќе го видат на рентген, ќе помислат дека снајпер носиме Туку, толку време сме заедно со љубениов и никако да му го научам бројот на гардероба. Ама еве конечно погодив најприближно, а ќе ми беше жал ако утнев пак, зашто враќање нема Со тие негови долги раце, сите џемпери и кошули му се кратки. Ај добро ве најдов, една песна за убаво расположение Мене оваа среда ми е понеделник
И одма активно ангажирана,им се најде на девојките при правилниот избор на пудри . Непроценливо добро
Сите имаме тајни, па дури и тајна на радоста. Тајна на радоста која ја откриваме низ патувањето, низ спознавањето наше. Мојата тајна во ова радосно живеење е мојот микросвет. Мој свет, уреден како мој сопствен дом, со свое уредување и правила.. Свој личен простор, во кој делувам среќно, спокојно и задоволно. Микросветот по своја мерка функционира на фантастичен начин, со тоа што не осеќате потреба да бидете "поправувачи" на другите, на ситуациите, ил пак на светот... Без да го осетиме оној метален вкус на неправда ние немаме потреба да менуваме нешто. Ниту да бидеме умерени, умерени се до препукнување. Колку повеќе ги правиме работите што не исполнуваат, толку повеќе тој микросвет се шири, а сите оние недоразбирања со другите и проблеми, се наше искуство . Во мојот малецок свет имам мокри исцадени ќесички од чај, многу одбиени покани за некакви дружења, многу догорени миризливи стапчиња од јасмин, околу 180 часа медитирање за 6 месеци, остварени желби, манифестации... Се обидувам да го држам моите"сопствени садови" максимално чисти,со било каква,можна посветеност на овој век...За да ја примам содржината и науката на духот. Ова не е некоја "аскеза". Или отстапување од нешто(пример игнорирање на "реалноста") Оти ако аскезата се практикува со одредена доктринарна заднина преминува во екстаза. А екстаза доаѓа од грчкото ékstasis, кое означува истапување или отстапување. Ова го поврзувам со алхемискиот момент на Иступление,или "Иступление на металот" . Од "Иступление на металот" преминува во "Истопување,претопување на металот"и менување на агрегатската состојба на металот читај : човекот). Тоа е таа алхемиска спирала, од аскеза до екстаза. Ова е наша екстаза,наше постоење каде ние функционираме стабилно и без потреба од некој друг. Возбудливо исполнети и сами. Сами, но доволни.
Gooood morning good people !!! За неколку часа треба да сум на факултет, а немам око склопено..Цел ден нема да бидам дома и не знам како ќе издржам.Си се гушкав со сестра ми во доцните часови, вчера роденден славеше.Душа моја.Шеќер.Најдоброто нешто што ми се случило во животот. П.С. Тортата е сон луѓе..кој сака бујрум, нека повели, хехе
Од ФБ-кот поглупа работа нема, послебно ова: ...лепнуе слика , застаната пред огледало во тоалет од кафич (демек селфи) дотерана како селско дете за на лекар...и под сликата имаш ... mwa omg мече што гушка срцикаааа убава си лепотче и.т.н. ( да не продолжувам со лигавите пораЧИЊА од три букви и разни срциња, мечки и зајци) ... имаш 200 ЛАЈКА ... Двесте луѓе ,,многу,, те бендисуваат.... 200 будали...
...А да не се збори за позадината од сликата во тоалетот, каде се гледа и вц шољата. Мизерија...Вришти сељачизмот. Забележав две кај мене во пријатели и морав да ги избришам. Понужување и за гледање е. Што е следно ново поврзано со социјалните мрежи, не знам, а не би сакала ни да знам, а ни да гледам.
сдк миранда твојата слика со гардеробата од мак џинс гледам на фб ја споделуваат сите, нешто како наградна игра има и гледам една другарка ја споделила и шотуку ќе и викав ејјј се знам со девојчето од сликата и ми текна дека уствари се знаеме виртуелно и тешко ќе ми биде да објаснувам оти од форум ова она и ај си заќутив како и да е се израдував кога те видов на сликата. Главна женска си
Учење, не повторување на материјал на 3 часа до испит - левел: хардкор. Јес да материјалов веќе ми е учен и добро познат, ама да прочитав нешто изминативе денови место сега ќе беше океј. Ноооу, никако тоа. Добро утро, мили луѓенца. Имајте убав ден!
Направете го вашиот живот прекрасна приказна. Вие сте нејзин автор. Секој ден имате можност да напишете нова страница.
Грлото од вчера осетив дека ќе ме фати... и да, ме фати официјално! Дојдов да се пофалам. Не е нешто страшно де, такво е времево, ќе помине ама фората е што гласот ми треба за во недела, имам важен водителски ангажман. И ај, сеа ? Дај утешете ме дека ќе ми помине, вчера цела вечер со ќебенце, книга и чаеви ја поминав, и еве пијам кафенце посабајлечки ( топло ) , јадам ржено лебче со веган путер од кикирики и бананче, си купив кило лимончиња, ама нема да стигнам да ги средам, ќе ги оставам на мајка ми па кога ќе се вратам ќе ги дрмнам. Во меѓувреме термосот си е во ред, ќе пијам чаеви успат изгледа... Мислам со ваква контраофанзива , нема шанси да не се оправам до недела, нели ?
ме изнасмеа со официјалното, иста како мене си јас некогаш цел ден чекам да се разболам, и сите ми се смеат демек добра сум ама имам претскажување оти можеда се разболам хахаахах. Ќе се оправиш до вечер а не до недела, слушај ме
Многу ми е смешно кога во кафич однонсо ланџ бар на менито ќе прочитам „бифтек...„ и секако висока цена. Навистина се прашувам кој по ѓаволите се осудува во кафич да јаде бифтек? Тоа е навистина деликатесно јадење што искрено не се јаде у некој маалски кафич и некако не припаѓа во таква атмосфера. Али тоа ти е, се кладам дека да порачам сигурно ќе ми кажат дека во моментот немаат, така им стои само за да го краси менито, мислам big deal бифтек, шницла ќе јадам у кафич, забегана работа.
Горки и Цреша ги имаат најфините вработени, мерак ми е да одам таму главно ради келнерите, плус прекрасна храна. Денес цртав сама во Цреша два саати, и ми дадоа слатко од смокви Многу ми е убаво да јадам сама, да цртам сама, да правам се сама. Уште да не ме гледаат чудно кога ќе седнам сама во кафич.
Деновиве немам време многу да пишам, само ве читам. Заглавувам на работа, си идам изморена, одвај да читнам нешто тука и на ФБ. Порачувам храна, неам сили да готвам. Одам да го пробам новиот чај, па ако го бива ќе го пофалам. Изедов цел овоштарник деновиве. И испив. /лимони, портокали, цитрони, аронија, банани мандарини, јаколка... по не знам колку на ден. И мислам само на овошни салати со шлаг...