Ги гледам, исти се. Една се жали дека е дебела, а секој ден јаде хамбургери. Друга не можела да оздраве, а последен пат вежбала во седмо на физичко, вода пие само кога треба да проголта апче, од зеленчук го јаде само тој што го има во пица. Трет ми се жали од дома му викале дека е бескорисен и го замарале, а лежи цел ден и се залажува дека парите што роднини му ги давале за родендени се негови заработени пари. Четврт па немал пари, а лежи и пишува по интернет место да направи било што со животот. Факултетот не чинел, а со недели не се појавил. Другарките не чинеле, а им се јавува само кога и треба нешто. Родителите не чинеле, а седи во соба по цели денови, нормален муабет последен пат направиле во 2002ра. Епа не може така бе. Дај опрајте се или не замарајте други луѓе. Со самосожалување ништо не се менува, може само уште некој да избркаш од тебе. Аман.
Секаков народ бе!!! Оној кој не видел "проблем" во животот како воопшто изгледа, ќе го тупи секојдневно со "мачкини кашлици".
Сакам да кажам дека ... 1. Еве ме, пак јас 2. Си живееме во држава каде што ако не си за ДПМНЕ тогаш си СДСМовец.. 3. Не знам дали знаете ама и кај нас почна музичко шоу и се емитува на Алфа. Седат кадидати 100 дека во куќа налик Големит Брат ... ( ама многу е тапа ) 5. Секогаш кога ќе почнам да учам го посетувам форумов .. сега веќе знаете што правам .. . 6. Во Македонија .. ако искочиш надвор или ќе те вработат или ќе те казнат. Така да седете си дома. 7. " Учи сине за да не ти биде тешко во животот" .. добро бе а сега како ми е додека учам ? Цветам ? 8. Доста е за мојот камбек ...
Ќе се откажам сама од себе! Во весник. Па да бев глупава, па да разберам зошто вака сама се уништувам... Нешто не знам кај се наоѓам и што треба да правам. Поматен ми е умов. Ќе си патам од својата глупавост. Нејќам веќе да чувстувам бре. Нејќам да бидам скршена. Не учам за испит, лабаво си чекам последна можна сесија. Признавам, лош избор ми беше факултетов, ич не ме занима тоа што читам ама па и карма бе, а јас читам, бум, мора сѐ на него да ме потсетува. Е ај, оди учи после.
Денов не можеше уште побаксузен да ми биде.. - Прво, на пешачки, на зелено, проаѓам ја и одеднаш еден залетан автобус од ЈСП, ќе ме згазеше од што беше улетан, Алоооо, човече, кај си се улетал...ја имам предност и му покажувам накај зеленото, а тој па уште врз тоа, се смееше Дефинитивно не е за секого возачка Второ, по пат кога се враќавме дома, гумата од комбето се дупна. Ние го предупредивме шоферот, ама оти тој шибаше и не обврна внимание. Потоа колата почна да шалта лево - десно и за малце ќе се тумбавме На крај кога виде, застана И, сега кога дојдов дома, дознав дека е празник Покровот на Пресвета Богородица и одма ми текна на сонот што го сонив со Богородица, си помислив дека има врска со овој ден, дека можеби денеска она ме заштитила
Мислите ме убиваат навечер. Со ноќи не можам да спијам размислувајќи за глупости. Буквално мазохистички превртувам ситници што се случиле. Како хрчак што врти на играчката тркало,мисли дека се движи некаде,а само си ја троши енергијата. Кога си го измачуваш емоционално организмот,телото не ти враќа со најсјајно физичко здравје. Па така и кај мене. Уште ме држи температурата и болките во грлото. Вечерва одмарам,ќе си лежам и ќе гледам серии и ќе дремам и ќе пробам да се научам да не размислувам толку. Треба да имам верба дека се ќе биде добро.
Доаѓа денес сестρа ми од училиште и κажува деκа за утρешниот час по Биологија тρебало да носат κондом, иначе седмо одделение е, ќе учеле κаκо се κоρисти . Мајκа ми одма се побуни мали биле за тоа да го учат, срамота било толку мали деца да учат за тоа... И за малку ќе изедев ќотек само затоа кажав дека јас сметам деκа е во ρед тоа, подобρо на 12 год да научи κаκо се κоρисти κондом, отκолκу на 16-17 да учи κаκо се менуваат пелени. Друго за некој ден се преселувам многу сум возбудена, добро ќе бидам во иста куќа ама сепак ќе си бидам во мој дел, ќе го уредам како што јас сакам и ќе има правила кои јас ќе ги поставам П.С нешто ми кажува дека наскоро ќе имам снаа се надевам дека Брат ми ќе не израдува со таква убава вест
Се сеќавам на првиот пат со другарка ми кога отидовме во кладилница земавме билтен и пишавме едно ливче и си фативме 500 денари,хаххаа секако си ги поделивме по 250,ама каква радост беше тоа,па викање,гушкање,скокање..... Брат ми само абе ајде абе ајдеее вие сте го напишале нема што. Беа тоа убави времиња,еднаш одамна.Сега се е различно.Ништо како порано.
Никогаш не ги поставувајте останатите личности после вас, особено ако знаете дека нема корист од тие луѓе. Али јбг карактер си е карактер, да не можам НЕ да му речам на луѓево брееј и затоа сега ќе си трпам последици али ако ми е, белки еден ден ќе ми дојде умот. Како викаат биди добар-те газат, биди лош- те мразат. Јас никако неможам поука да извлечам од првово, иста песна секој ден, дај освести се побогу.
Како што човек сам ке се заебе, не може никоj друг да те заебе. Не рекле за Џaбе се што правиш за себе си правиш.
Колку ли е убаво кога ќе отидеш во тема што би му кажале, па си седнеш така неколку минути и читкаш како ли таму дузина од девојки си отвараат душичка за саканите... Па така читајќи некогаш се прашувам, зарем има некоја моја таму, зарем ми посветува неколку зборови на мене,можда има-можда и нема... Остајте повторно забегав јас....убаво е за промена, да секоја му чест!!!