Момче ти беше ретко несебично. Ти беше момче со најголемото срце и најшироката душа. Што и да се каже за тебе малку е... Не постои збор што може да те опише, дури ни најголемите писатели не би знаеле да ја опишат големината твоја. Го мразам октомври затоа што ме потсеќа на утрото кога се разбудив и ми кажаа дека повеќе те нема. Го мразам оној 16ти октомври кога си замина. А се што ми остана од тебе е да го слушам твојот ангелски глас и да барам утеха во секој збор. Знаеш, кога и да ја слушнам " Громови на душа" сеуште знам да заплачам. Тоа не се обични солзи, тоа се солзи со емоции и голема празнина. Следните генерации ќе ја имаат можноста да го слушаат твојот прекрасен глас, но никогаш нема да ја осетат болката што ја почувствува секој од нас. Додека го пишувам ова сфаќам дека поминаа 8 години. Оваа земја те сака и ќе те сака, а секој од нас ќе те носи вечно како рана.
Некои луѓе треба да се појават и автоматски се' да им се среди. Јас не, треба да се утепам од работа и труд, па дури тогаш чекај ќе видиме. Исто и за мојот однос со луѓето. Пример, дечко ми и сестра ми кога влезат во соба, автоматски се омилените таму, тивките, грижливите, срцките и така по ред. Точно е дека сум комуникативна и честопати и дрдорка, ама за да некој биде достоен за мое внимание, прегратки и љубење треба време, и од моја, а и од другата страна. Тие за да сфатат дека немам толку самодоверба и високо мислење за себе, а јас дека се добри души. Фамилијарно имаме разговарано на оваа тема и на моите дома ама баш и е смешно. Се кикотат како за некоја ангдота, божем мене ми е сеедно. Има друг тип на луѓе на кому не и се многу милува да работат, ама затоа за лигавње и лижење се први. Како што кажа мојата претходна шефица, имам германска дисциплина кога станува збор за извршување работа и некоја должност и затоа ми се одвратни овие глупости. И така јас давам се' од себе (реално и уживам во тоа), а некој само ќе трепне со очињата и тоа е тоа. И мене ништо друго не ми останува освен да дремам како Каин некој. И некој ќе ми каже многу сум снаодлива. Ха, што ни останува на нас лошите друго да бидеме.
Тешко е да се заборави таков човек, скоро невозможно. Дури ни времето, тој немилосрден убиец на спомени, не му може ништо. ...ќе болиш секој 16-ти.. За Тоше-Игор Џамбазов
Уште боли, од ден на ден повеќе боли. Ми беше сонце ♥ Во твоите стихови го барав мирот, во твојот волшебен глас барав утеха. Пленеше со насмевката, ми го топлеше срцето со љубовта и несебичноста. Ме научи од мала дека љубовта е најубавото нешто. Дека семејството е свето, а пријателите богатсво на душата. Дека со верба и надеж можеме сѐ да постигнеме. Дека дарувањето, грижата и несебичноста се особини кои треба да се негуваат. Секоја година врне, секоја година солзи леам, се потсетува на тој ужасен момент, целиот живот ми го промени. Јас се променив. И престанав да верувам. Уште се прашувам зошто, и уште не разбирам како. Ќе останеш икона, херој, ќе останеш љубов.
Vremeto zastana od toj den. Se chuvstvuvam Kako vudu kukla probodena vo srceto.Povreduvajki te tebe - se povrediv sebesi...
Како прв пат да земам огин да запалам бе,сто книги изгорев и картони и нејќе и нејќе да се запали у пм
Го обожавам форумов и мислам дека по не знам колку години нема да ми се здосади, токму поради прекрасните виртуелни пријателства кои ги стекнав досега, и многу прекрасни карактери што ги имам запознаено овде. И токму преточувањето на едно од нив во долгоочекуван кафе муабет што се продолжи неколку часа, ми го направи прекрасен овој дождлив есенски ден. По околу две години виртуелно дружење и мој восхит за нејзиниот прекрасен карактер, и официјално се запознавме со најмилата ми колешка @Anabelle.Amorette. Мило, нежно и пријатно девојче и во живо како и низ нејзините напишани редови тука, како што и очекував муабетот ни одеше ко 100 години да се знаеме и ми ја исполни душата со позитивна енергија за цел викенд. Ширете пријателства и смејте се луѓенца... а јас со голема насмевка на лицето ви посакувам и на сите вас прекрасен викенд!
Има ли нешто подобро од тоа еден од твоите омилени изведувачи да има концерт во твојот град? Абе уште не ми се верурва дека за неколку часа ќе го видам Морисеј во живо Кога бев на нивниот трибјут си го ставив концертов на бакет лист, и еве, за неколку месеци најавија дека ќе дојде во Скопје. Цел ден сум еуфорична, а сега ме фати таква возбуда што не знам како ќе успеам да се спремам. Како што кажа една другарка, ќе можам на децата да им кажам дека сум била на концерт на Морисеј Пресреќна сум!
Na semafor kaj olimpiiski cekam 20 min.izediv dve banani.ako pocekame ushte tolku,kje izedam eden dekar
Специ,благодарам на убавите зборови. Се мислев цело време каков впечаток ќе оставам,да не бидам ептен молчалива,да не ми биде срам,ама муабетот супер ни одеше,како да се знаеме цел живот.Ептен ептен ептен ми е мило што конечно се сретнавме,после тоооолку муабети овде и на фб. Што убаво си поприкажавме,малку за факултетот,па се присетивме на екскурзиите во средно,а и си приспомнавме и за фемина наша и останатите виртуелни пријатели. Исто како и на фемина,ми остави супер впечаток,баш онаква каква што мислев дека е.Едвај ја чекам и следната средба! Баш би сакала сите вас,со кои редовно се допишувам овде ,да ве запознаам. Без фемина денот не ми е ист. Еве зошто ја сакам фемина,да не беше форумов немаше да запознаам олку позитивни,комуникативни и дружељубиви личности! Немаше ни на крај памет да ми текне дека некогаш во животов на форум толку ќе се зближам со некого,па дури и во живо да го сретнам. Cheers to femina!
Не сум забележала,ама од повеќе луѓе прочитав дека секоја година врне на денешен. Хм, тоа Тоше не' гали,знам.
Не сакам обврски надвор од дома на вака врнежливо време. Не сакам да ме врне дожд и да ме прскаат автомобили. Вакво време ми е создадено за домашна атмосфера, за камин, филм и љубов.
Пред 6 години некаде месец пред овој датум една блиска личност ми кажа дека закажала царски рез на 16 октомври. Мојата прва помисла беше " на денот на смртта на Тоше најде ли да се пораѓаш?" . Ама не реков ништо. Неа не и значеше толку колку нас. Ние (син ми) првите обиди за подигање во оградица ги направивме на "Немаш ни благодарам", лудувавме на "Ледена", ја обожававме "По тебе". На "Игри без граници" веќе бевме големи. Тоше ни беше идол, поттик за нашиот прв настап на детско фестивалче. На денот на неговата смрт, го земав од градинка со солзи во очите, наставничката им кажала дека Тоше загинал. Ми беше чудно како толку мало дете сфатило што значи смрт. Мислев нема да можаме да се израдуваме на нејзиното раѓање, на нејзините родендени. Но тоа е едно толку мило девојче што иако ме гледа еднаш годишно знае толку топло да ти се замота околу врат. Да те прегрне и стиска се додека нејзините не и кажат дека е доволно. Знае да покаже љубов иако не сме дел од нејзиниот живот секојдневно. Грутката во грло секогаш стои на овој ден, но исто толку се радувам на нејзиното постоење. Среќен роденден миличка, иако си на другиот крај на светот.
Расположениево на мајка ми се менува како канали на ТВ кога ти е досадно или нема ништо интересно за гледање.