Aко се однесуваше ова на мене, си можел да ме тагнеш. Не мислам дека ова твоево е некој мува па да ја бркам, можда мушичка, ама тие едвај се приметливи. Немам фб за да мислиш дека се најдов засегната. Меѓутоа и кога имав не дремев онлајн, како што практикувам и сега на форум за во случај да мислеше и на нас скриените на форум. Затоа и пишав дека мене ми нема логика твојата логика, си помислив дека можеби ќе ти помогне да ја најдеш и ти.... п.с. ти вака ја бркаш? п.п.с. Имаш лајк за постот пошо точно е дека секој си ги брка мувите од капите. Па кој побогу би сакал да му се мота мува ноколу?
Ќе ви кажам една интересна случка шо тато ми ја кажа од работа некој колега таму. Отишол колегава на матичен кај преглед.Отишол шо отишол и на јакната имал од првутот тро отпоќе така. Човекот не се протресил паленио ко шо треба.Докторкава го прашала:Абе ти се тресиш некогаш?А овој:Да,да најпоќе зимата кога ќе ме фати настинка тогаш и треска имам и ми студи па се тресам....
Ми недостига она време мали кога бевме, кога беше ладно, па се пикнеш под ќебе и земеш една книга и ламба и си читаш. Си правиш шатор од ќебе, сам до тебе имаш чајче или млеко во пластична чашка со сламка. Така се чувствувам оваа зима како мало дете и ми доаѓа да си се пикнам под ќебенце, да си земам ламба...но сега ламба може да ми биде и самиот телефон, но така се губи смисолот. Повеќе сакам неделно да се излежувам во кревет, под ќебе и со чајче во рака. Така ладно си мава. Сношти Скопје блескаше од мраз. Жалам што пребрзо ги пораснав годините, барем да си останев мало безгрижно дете.
Како си ја накитив елката абе убавини Во овој период од годината домот е многу поубав, блеска. Се чувствувам многу уморна. Се бутнав во најудобното ќоше, си сварив кафе и сега пари да ми даваш не станувам. Планови за нова направени, договорено е се, сега чекам само некој да излезе со некој бисер на мудроста па да отиде се во вода. Секогаш е така, не ми е реално годинава волку брзо и лесно да поминеме . Па ич не сум се понервирала, нова година ли е што ли е
Има нешто поглупо од тоа да си женско? Не.... И после рамноправни биле машки и женски...да, секако. Ајде кога имаш добиено, патувај од сабајле во друг град, биди цел ден на нозе, оди де ваму де таму, трчај на сите страни, немаш време ни до вц да појдеш...ќе успееш? Нема, ќе умреш од нервоза и болки во стомакот. Мора да најдеш вц, мора да промениш влошка/тампон инаку инфекција ќе развиеш. А ако си машко, и да не најдеш вц, не е проблем. Кој раѓа деца? Кој трпи неподносливи болки? Кој носи дете на свет после 12 саати седната на бокс, со огромни болки и на кој му текнало од персоналот си влегува и ти ја гледа цела интима? Машко може кај било да застане да се измоча, а женско? Машко може и да пцуе по улица и свашта да прави, и сите ќе речат ајде машко е....а женско малку чудно нешто да направи и сите ќе речат аман женско си, пази малку... Ако има 100 девојки абе цар е, а женско ако има 100 машки курва невидена. Женските се понежни, послаби, не ги бидува за спорт, за политика...а машко за се бива Не можам да се нервирам веќе, ама мразам што сум женско, дури и природата е против женските....се е направено за женските повеќе да се мачат во животот. И не рекле за џабе, кога ќе се роди женско и стреите плачат. Баш за плачење е. Крај.
@JollyGirl Природата не е против женските, туку уствари ти докажува колку е голема твојата способност. Останатото- малограѓански муабети и закоравено општество, уназадено 1000 години, од кои не треба да си дозволиш да бидеш ограничена. Не сме еднакви бидејќи од вакви ставови, поголемиот дел се потценувате.
Она кога си таман пред завршување на нешто што си го рачунала за досаден дел од рутина, и токму сега сфаќаш дека си се навикнала на истото и ќе ти фали... Колку е само точно!
Го знаете она кога самите на себе ќе си удрете шлаканица. Да, да точно ШЛА-КА-НИ-ЦА. Чист self -slap.... Е вака ми треба за да се сетам каква глупача сум испаднала... Сега ќе се освестам... Нема повеќе.. Редно беше... Промена, промена, промена....
многу ми е тешко незнам што да правам ке полудам вака другарките си имаат дечковци ретко кога комуницираме;едноставно нема на кого да му се доверам сите околу мене се заљубениа јас ем без дечко, ем без другарки
Дарче,Дарчее,Дарчее!!!!Не го следев шоуто..Боље да не победеше оти сеа ќе не знаат како нација чиј многу битен к*р фактор од човек не претстави и победи во најдебилското бадијалџиско шоу!Е алал!Голем успех...Коју послуку порати..Леле Драгаааан многу сум возбудена!
Веќе подолго време како некоја грутка да ми стои во грло, ми се стега душава... Не можам да ја проголтам, а во исто време не ми дава да изустам збор... Мразам разделби, мразам збогувања... Преемотивно ги поднесувам, можеби претерувам понекогаш, но не знам како против тоа... Гушкања, бакнежи и солзи, и огромна празнина и немир после тоа, се затворам во својата школка со исчекување до наредната средба... Годинава така ми почна, а така и ќе ми заврши... Сите некаде ми заминуваат, заминувам... Ги испраќам, ме испраќаат... Ги пречекувам, ме пречекуваат... И се така одново и одново... Сите со своите сонови, сите со својата потрага по остварување на истите, по парче среќа... Не остана тука веќе надеж дека ќе е подобро па да им кажам да останат, да не заминуваат... Зошто и јас го правам истото... Единствено што ми останува е да живеам за моментите кога сите се собираме на купче, споделувајќи го пропуштеното, идните планови и желби, надевајќи се дека еден ден ќе не огрее силно сонце и ќе се вратиме таму од каде што тргнавме...
Како вие би реагирале кога вашиот сакан ќе дојде неочекувано на врата со плишано меченце. Така денес, сама си го пиев утринското кафе и тој ми ѕвонеше на домафон.Ја отворив врата и гледам прекрасно кафеаво мече.Се изненадив. Душа моја... Малце е сеуште настинат. Ама во споредба каков беше... Денес шеткање во парк и ручек кој го зготви дечко ми... селектиран еден од најубавите денови во мојот живот
Ima li nekoja devoka od Skopje sto bi sakala da se druzime,se cuvstvuvam ocajno nemam nikogo bukvalno sum sama na ovoj svet a mnogu mi fali nekoj za kafe,muabet druzenje,izleguvanje...
Од каде вакви глупави мисли ?се чудам еј ,зошто мислам што мислат другите за мене ? еј соземисе бадијала мислам никогаш нема да погодам што мислат ,и дај не не замарај со тоа веќе што сака нека мислат и така не е важно глеј си го животот не се сите фокуси свртени кон тебе .Е ајде тоа пимина иде периот кога не знаеш што да правиш со животот и незнаеш кај тераш ,дефинитивно сум за на психолог ,оваа негативна енергија изби како некој вулкан .Секој ден почнат од ново со нови мисли но секој ден таа страница како да ја кинам и се да почнувам од почеток и повторно од почеток и стојам на тој почеток како некој друг да чекам да ме води во животот а таков непостои ,животот некогаш се замрзнува од толку многу мисли измешани на крај чкртаници во главата
Сдк Жените секогаш го вардат преоритетот за другите а ретко кога за себе, секоја жена би требало и покрај големата животна турбуленција да си ги пронајде своите макар и 30 минути за себе и своите потреби лично и персонало за својата сопственост и себе си. Може кремата, кадминот, пудрата, маникирот, косата, облеката не се приоритет во животот но и те како се "неважни ситници" коишто се голема мотивација и кураж за исполнетоста и убавината како врз физичкиот аспект така и врз психичкиот.
Има моменти кога осеќам дека правам нешто лошо, но сепак го правам тоа. Пример денес, бев скоро сама дома, си поставив на рает да си јадам ко опа, како порачан дедо ми.И седна да јаде со мене.Па луѓе тоа мљацкање со уста не можам да ви опишам какви нагони ми ствара, и не само од него сите мљацкаат, сите сите.И толку си реков.На најслаткото станав и заминав в соба со изговор дека доволно сум јадела.И сега ете чекам да дојади за да седнам јас повторно.И лошо ми е, си замислувам како и јас кога ќе бидам стара така ќе ми прават, ќе бегаат од мене.Ама не можам, полошо ми е да јадам и да се гнасам од јадењето што го јадам, и така наместо во стомак цело јадење во нозе да ми замине(што би рекла мајка ми). И потоа се лутат кога јадам сама и не прашувам никој.И затоа мислат дека сум самобендисана и саможивна.Шта чеш, јаче је од мене...