што да ти помогнам незнам најдов во весник гатачка дидара се вика бае на куран еве ти број077915-206 живее и гата во село Драчево ми изнакажа еден куп работи што не можам да си дозволам
Првиот ден кога тргнав на работа мајка ми ме испрати со солзи во очите и ми кажа чувај се сине. Кога ја земав првата плата и кога и го покажав списокот за плата исто и се насолзија очите, а јас неможам да ги заборавам тие тажни погледи за време на таков среќен момент. Но сега по неколку размислувања сфаќам дека таа неможе да прифати дека нејзиното малечко девојче не е веќе толку мало, оде на работа се справува со се и го сознава светот на возрасните. Кој и да ме праша по што ќе ја помниш првата плата јас им одговарам со тоа дека мене во срцето засекогаш ќе ми бидат врежани емотивните моменти на мајка ми и најголемата подршка од саканата личност, да не беше тој јас немаше да успеам и сега повторно ќе барав работа.
Може и тебе ти треба помош а не знаеш. Малку мајндфак правам. Ќе излезам од дома кај и да е, не се секирајте. Е па од толку скршени срца, срцекршачке, нормално дека некој ќе ти направи магија!
Сигурно е од некој зломисленик, снаа ли е, свекрва, јатрва, трет братучед, внук од втор братучед. Црна магија се поништува само со бела магија бидејќи кога настанал универзумот со Биг Бенг црната магија отишла лево, а белата десно што значи дека се спротивности. За да се поништи едната мора да дојде во контакт со другата, а тоа се прави само преку посебно надарени луѓе(не мора да се црнци, повеќето се Македонци) на пример Иван Иселител, Константин Кјашаров, Дуле од Велес итн. Секогаш сум тука за помош, само кога му треба на некој нека ме означи во мислењето(да приметам на време за да не биде многу касно). P.S. Баба Рада е вештерка!
Порано имав безброј желби. Еден ден да имам куќа со базен, да го запознаам Мет Смит, да патувам низ светот, да бидам професорка по Англиски, да имам ќерка и син. Буквално секој ден имав желба за нешто. Иако речиси сѐ од тоа беше чиста фантазија, ме расположуваше. Се гледам денес во огледало, празна, разочарана, без желби и без трошка надеж. Како ли се појави оваа јас? Како ли се случи оваа промена? Кој ли ми ги зема желбите? Зарем е можно некој да е волку празен во душата? Никој ги нема одговорите...
Ова со желбиве ме потсети на мене ... постојано имам најмалку 3 желби, најмалку 3 цели, една ќе се оствари па, одмор малку и во потрага по нова. Ако ништо не се мрда во некоја како хибер-фаза мозокот работи 100 на час, да се најде новата цел, новата желба или новиот пат и се' така не можам да мирувам Никогаш не е досадно со соништата , ми фали само она долго безгрижно смеење, закачкање од безбедна зона ... тој некој вентил од кој сега како да нема потреба.
Грип, вирус што ли е по ѓаволите? Три дена заборајв како изгледа светот, мислам дека ќе се распаднам. На запад ништо ново, ми се вртат во глата заостанатите испити, како ли се ќе положам и што ли се ќе биди? Глата ми паѓа само то знам...
Колку повеќе имам да кажам толку повеќе ми се ќути.А што да кажам?Дали е вредно да ја трошам енергијата за човековата злоба и ограниченост?Секако не,ќе се поштедам од овие коментари.А,да и од овие луѓе.Немам што јас ним да им полагам сметки што,како,кога и зошто...нема ни лек за нив.Само да знаете дупло поубаво ми е од што мислите,дупло повеќе ми е пружено,дупло повеќе уживам во животот од вас.А вие наместо да се замарате за мене,поработете малце на себе,животот ќе ви помине така.
srcekrsacke ostavi beli i crni magii.da posetis strucno lice podobro ke bide.podobro ke se cuvstvuvas.
Од чувствата не можам да трпам две работи: -каење -срам Во моментов пропадам во земја од срам, не знам што да правам за да го поправам овој блам. Зошто јас, зошто ?
Уклучувам утрово фб и гледам роденден на мојата најдрага пријателка и пред се колешка - Фросе Работиме во иста канцеларија со неа и со Исидора. Ја барам Исидора ама не ми одговори.Ми крена кога бев пред банка, предоцна... ми кажа дека е настинала и зема лекови во аптека и ќе задоцнела неколку мин. Не знаев што да направам....зедов лист хартија и изрежив срценце и го напишав нејзиниот омилен стих од Celine Dion...и со пенкало секако, среќен роденден... се израдува..потоа не викне на торта кај неа... и појдовме...со задоцнување мое и од Исидора. И зедовме пар штикли ( темно виолетови ) и цвеќе Да си жива и здрава Фросина. Да одиме на викенд, кога ќе се стопли времето и да продолжш да ме трпиш на работа. те сакаме со Иси...
Ќе успеам ли да заспијам вечерва? Ќе читам книга вајда така и дремка ќе ме фати Времево да се управи одма! Не може вака бе! Во 9 саат топло, пријатно, за мерак, во 12 како не нормално дува и врне и прееска на телевизија пишува МАСИВНО ИСЕЛУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ Е не ! Кога ќе дојде денот и ние што останавме да заминеме веќе еднаш, за жал засекогаш Вака така и пак е Петок.. а ја викендов дома планирам да го преседам .. со книга, со филмови Јас уште од сега ќе ви кажам ИМАЈТЕ УБАВ ВИКЕНД И НЕ МУ ЈА МИСЛЕТЕ