Е со кугливе за во када ко мало дете сум, вчера бев на базен што е надвор на врв на кула, преубаво ми беше, а денес во домашна атмосфера
Пред некој ден, сосем поштено, сосем џентлменски, во името на сета равноправност меѓу половите, јакнење на женчињата и мажулињата... му отворив врата на еден млад (не баш) господин и тој сосем гордо, сосем грациозно и филмски го прифати гестот и со осмех од шест до шест влезе во МВРто кај МРТВто. Сцената почна со тоа, кој прв до вратата?!... па, следеше... кој да ја отвори?! На што, тој ми климна со глава дека имам предност. Така јет. И... прифатив предност и ја отворив вратата. Му се свртев со мојот преубав осмех и очички и, му климнав овој пат јас - нему. И тој го прифати мојот гест... нему му беше редот за предност. Фифти - фифти. Јас прва отворив, тој прв влезе. Ете, така ти се прави тоа. Hottie...ако си на форумов, да ми остајш број. Да те носам на вечера уз свеќи.
Значи женава на седиштето отспротива го отупе поштено со нејзината мастика. Плас, плус, балон голем како главата, тој пукне, она пак плас, плус, пак балон и така во круг. Аман аман, ако не знаеш мастика да џвакаш не ја ни ставај во уста, бонбони купи си и со тоа ќе им купиш и мир на тие околу тебе автоматски. Се изнервирав. Инаку, убав сончев денов, баш како за љубов создаден.
Брзаш за некаде, како и секогаш, чекориш и не ги перцепириаш луѓето што се во твоја близина, со некои се разминуваш, а со едно многу добро облечен дечко се судираш. Да беше филм на Ник Касаветис, сигурно ќе ми дадеше број, ќе излезевме на романтична вечера, ќе се бакневме на дождот и ќе се венчавме. Во мој случај при нормална ситуација ехееееј, при изнервирана ПОЛЕКА ! , при екстремно изнервирана, глуп еден пази малце ! ПМС ме уби оваа недела, толку нервозна не сум била од полагањата во Август. Си ги враќам карактерните особини како кога бев дете : темпераметна, избувлива и желна за расправање, па не знам... од ПМС ми е Пред некој ден пред една книжара видов чешлана пудлица. Целото крзно и беше тапирано само викнав миличкоооо и дојде кај мене. Го галев кучето и му го допрев кожното носе. ONE OF THE BEST FEELINGS IN THE WORLD is hugging and talking to a doggy
Нема ништо поубаво од ручек направен од мама Абе и марула салата да ми направи поубаво ми е од јас самата што си ја праам
Чувството кога ја држиш малата во раце и таа ке те погледне и ке ти се насмевне..Преубаво, ме стопи целата. Денеска сум баш нешто емотивна... ♡
За се едно нешто во животот, или го правиш или наоѓаш изговори, многу просто и едноставно. (Инаку, убаво си пишува дека започнала (неколку месеци) да пешачи со самото дете и да се храни здраво, а за подоцнежното одење во теретана, па и да го причувал мажот, што, тоа е забрането? Нели е и тој родител на тоа дете? И за немањето време, пр. нашето време потрошено на седење на форумот е загубено време, не само потрошено
Сум израснала во место и со луѓе кои зрачеле секогаш со нивната позитивна енргија насекаде, со луѓе што умеат од култура, убав збор и добра мисла. Автоматски тоа и сум го прифатила за себе си, да умеам секогаш да дарувам по една насмевка и еден убав збор таму каде што е потребно. Се сеќавам со солзи на очите и една блага насмевка на баба ми а воедно и газдарица како умееше да ме научи на квалитетни манири и принципи, си знаеше таа на ред и мир, си знаеше за спокој и култура, се справуваше со секакви но никогаш не ја искорени нејзината софистицираност за секого кога ќе дојдеше да бара некаква помош. Таа жена ми остана длабоко во душава за која и ден денес се огледувам на нејзината душа и се раководам по нејзините манири. Низ животот се соочував и се соочувам со секакви луѓе, но никогаш нема да дозволам ради нечие влијание, затупеност и омраза некој да влијае врз она што јас сум се борела да го достигнам а ниту помалку да влијае врз мојот карактер и принципи. Баш периодов е така сончев, ја грее душава и ја одржува љубовта да тлее онаму каде што се потфрлила искрата, истото важи и во дружбата и искреното пријателство, јас верувам во животните вредности и верувам дека моралните вредности постојат и се градат онаму каде што човек умее да љуби длабоко од душата и искрено пристапува пред сиот свет. Имајте убав викенд и ширете насмевки .
Еве се спремам.. После долг период ке идеме на ручек заедно,во друг град без деца.Како порано бирам со часови што да облечам,како косата да ја наместам,кој парфем. Ме гледа секојдневно но во обично издание,денес сакав да се потрудам повеќе. Сончев ден,убав ден... @Bridget не не било до притисокот и лековите .До чувствата било кои останаа закопани некаде далеку некаде длабоко а деновиве наново оживуваат. Последната година колку добра толку и лоша беше.Кавги,расправии,недоверба,монотонија,здравственипроб..имаше од се по нешто.И се беше поважно од нас двајца.Толку поважно што еден период дозволивме да живееме како двајца странци под ист покрив. Сега го надминуваме тој период
До пред малку ми беа внуците на гости плус уште две другарчиња и одеднаш добив желба да си турам пијачка.И тоа нешто пожестоко. Главата камбана ми ја направија.Белки така и торнадото што помина низ соба полесно ќе го игнорирам.
Толку многу жени со две презимиња од кое второто завршува на вски или ев, а толку без идентитет и ум, особено отворен ум, толку многу примитивни. Како да ви објаснам дека силата не ви е во курчот со две презимиња од кое едното во оригинал, туку во аклот. Ама модернички сте. Ова ви е исто како гелните нокти, како фарбаните коси, како тетовираните веѓи, како наполнетите усни, парталите од зара, дремењето по салони... Тажно е... Ајде доаѓа 8ми март, ќе ја оправиме работата. Уствари чекај...
СДК треба повеќе да се смееме.По улициве ретко насмеано лице да видиш...Па како да се плашат да се насмевнуваат...можеби ќе ги направат луди...такво е македончето...полно со предрасуди...скептицизам, песимизам...чашата секогаш е полупразна, а не полуполна...СДК смејте се, насмевнувајте се..но не морничаво како кловнови, или цинично како Мамли од цртаните или вештачки како пластичните принцези...Насмевнувајте се од срцее...гушнете го животот силно како плишано мече...замислете целата среќа дека е ваша...Скокотнете ги и оние што се прашуваат за што се смеете...Прекрасно е чуството да знаете дека вие сте причината за нечиии насмевки, нели?
Се повеќе и повеќе ја гледам дволичноста во овој народ. Сега едно утре друго. Во луѓето околу мене,само озборување ,само живот на високо. Доста глумите бе глумци. За кој живеете за мене, за комшиите, за лугето што ве гледаат? Знам живеете во сон од бајките. Шемица терате само. Не ви се знае ден ни ноќ. Купувате се што не е по ваш вкус само за да ве пофалат само за да слушнете нешто позитивно за вас. И што ако купите нешто скапо ? Ете готово тоа што е скапо е најубаво,најмодерно. Па и се фалите од кај ви е, покажувате етикети. Абе најдобро залепете на чело сите да видат дека сте од побогатата класа. Многу глумите , а малку живеете . ДА!!!
БИДИ ЧОВЕК!!! БИДИ ЧОВЕК !!! БИДИ ЧОВЕК !!! Ако денес ми се случило тоа мене утре може тебе да те снајде ...на друг да му удриш 100 стапови се ништо ама на твојот и 1 е многу ...едноставно БИДИ ЧОВЕК ...незнам што е толку тешко да бидеш човек....
После секое правење нешто благо велам -последно ќе е. Седи си мирна, оди купи си некоја тортичка од евро или две и ни лук јал ни лук мирисал. Добро, јал-да. Овие денови руски капи ми влегоа во глава, па дури синоќа ги сонував, двапати. Навидум едноставни ама пипави, кај сум јас за така. Ги направив важно и на крај пак реков -нема веќе шлапање. До следното видување нели. Во кујна само не ми давај со нешто ситно и прецизно да се занимавам, смрт ми е. Еднаш на гости во Мк се понудив кај тетка на помош во кујна за слава. Ми даде едни тенки лути пиперки да ги полнам со смеса некоја од урда и кулен, па да се сечат после на мали парчиња за во ордевер. Со мало лажиче кое ниту влегува во отвор ама снајди се некако, бутај. 2 часа, умрев. Така и капиве денес, да му се одјади на човек дури ги направи.
Кога ќе разгледувам слики на фејсбук страната на некој бутик: ова го сакам, ова го сакам, ова го сакам, ова дефинитивно ќе го купам, и ова исто така, ова го сакам, и ова и ова... Кога ќе отидам во бутикот и ќе почнам да разгледувам низ закачалките: не, не, не, нема шанси, не, не, можеби, не, не, можеби, дефинитивно не... И така си останувам со празни раце.
Ми вели дека никогаш не е касно. Ох девојко, не сфаќаш ли? Прекасно е веќе. Не може да се спаси ситуацијата. Не можеш да се спасиш ни ти, ни јас. Нашата приказна завршува. Уште само малку. Уште многу малку. Следниот пат кога ќе те гушнам тоа ќе биде на небото. И тогаш се` ќе биде готово.