SDK deka ili jas sum principielna ili site se ludi. Vcera dojdov do zaklucok dekaa jas sum luda sto sum principielna. E aj smeni se de!!
Јaс вчерa си нoсев нaoчaри вo пет сaaт пoплaдне и тoa вo зaтвoренa прoстoријa. Бaш е cool. Пиши пoезијa.
По грешка си направив увин чај, и еве сега си го пијам додека цртам, штедлива личност. Барем бешиката ќе ми биде здрава
Толку ни е упропастен македонскиот јазик со разни странцизми, што ми требаа неколку минути да сфатам што награда всушност сум добил... " стапче за самослик "
Виша сила во ваша корист...а неколку дена пробував да направам самослик со џогер во ВЦ ама не успеав...
Влегувам во кола поспана, со коса фатена во некое безвезе репче и првите алишта што ми дојдоа при рака, без шминка, и ми вика: - Што си денес толку убава? Некој од нас очигледно не гледа, не ќе да сум јас.
СДК Склет ме фаќа од луѓево и нивните постојани анализи за одредени персони и нивниот сопствен живот. Добро бе луѓе уште не свативте дека берењето на туѓото гајле не може да го промени вашиот закоравен свет. Што добивате од тоа да нон стоп критикувате и анализирате кој каков е (особено кога се работи за лица што ниту ги познавате)?! Во ред е тоа што многумина го имаат синдромот на филување и оговарање но, усул малку осет?! Не сваќате дека секој има свој стил на живот, облекување, носење, карактер и перцепции градени врз база на своите искуства.. Ако не ти се допаѓа некој и ако сметаш дека е срам да застанеш до некој дотичен лик игнорирај и живеј си го својот живот бе преоптеретување на тиѓиот. Ниту ние/вие/тие се совршени, никој не е совршен и секој има своја доблест и маана.. Пред да судите некому најпрво пробајте да си пресудите себе си. Мака ми е секојдневно да распричавам рекли казали.. мака ми е бе. Нит ги читам ..не ме бе интересира едноставно!
Maкедонска универзална единица мерка за разочарување и опаѓање на позитивното мислење за било што во животот - Ни ... не е веќе тоа што беше...
Луѓе, сте биле ли во Меморијалниот центар на холокаустот на евреите од Македонија? Јас ја имав ,,честта,, да соработувам со нив и конечно морам да кажам дека сум страшно изреволтирана. Додека соработувавме, (ако тоа може така да се нарече воопшто, непрофесионализам на високо ниво, од нивна страна) ајде, трпев, се повлекував, молчев и терав. Денес отидов како посетител, носев пријатели што не се од овде да го погледнат и чекав 15 минути за да ми отвори дотичното обезбедување кое на крај ни се дереше и скоро и да сакаше да не избрка потенцијарќи дека работат до 15 часот и нема водичи, или луѓе што може да не спроведат. Не знам како се вработени дечкиве, ама тотално се лоша слика посебно за странски туристи што сакаат да го посетат Музејот. Многу е добар, голема штета што не знаат да се изменаџираат.
Ве молам, ама ве молам со усул цртајте си ги устите.Личите на кловнови со дупла муцка на надусниците, а и смешни сте.Изгледа скроз неприродно.Истото важи и за веѓите. Оваа биологијава не е воопшто тешка, само или ќе заспијам над учебник(најверојанто), или ќе умрам од што е толку досадна.Ете трето нема.
Она кога излегуваш на прекрасно време со блиска другарка, се немате видено одамна на раат, и она ти зборува кој како бил облечен, и колку биле гнасни у живо некои си не битни девојчиња во градов. Разочарна сум страшно.Аман бе, наместо да си напраиме муабет ко шо треба и така се немаме видено , целото време ни помина во тоа.Ми се идеше да станам и без збор да си заминам.Ама ај доседов некако. Врз ова дечко и и спушти на телефон и беше нервозна цело време. Па што имам јас со тоа? И така ќе ти расипат расположение, и ќе те изнервираат. Абе седи си дома, пушти си филмче, па остај ги они нека се замараат другите какви биле у живо. Да ти се намочам у излегувањето.
Имав другар од средно со кој малку ни се разминаа патиштата. Како да кажам, кхм, тој стана криминалец, јас не. Битно се дружам со креативци како не. Иако никогаш не сум имала конкретен доказ освен од она што тој ми го кажува... Не сум во тие води, шта чеш.
Имаш право Талкав низ пола свет, Барајќи каде расте таков цвет. Пола свет во мојот подвиг Ми возврати со смев и подбив.
Во темата за магии не ме сакаат, во темата за ислам ми ги бришат мислењата, изгледа ќе се пронајдам во хаику.