Обожавам да си ја средувам собата и да ги преместувам работите, но проблем е додека да се намолам да почнам... Знаете тоа е како животот секоја промена е добра па така и малите промени во собата се убави. Во секое ќоше има по некој убав спомен. Лижавчето од дечкоми барбиката од таткоми... часовникот од мајками...Сите тие си имаат посебно место во мојата соба и по никоја цена не би ги тргнала од тука каде што се... Лижавчето ме подсетува на тоа дека каде и да оди на мене мисли и затоа го чувам толку убаво... Барбиката за мене значи дека колку време и да помине колку и да бидам голема сепак јас ке бидам мала барбика на таткоми... Часовникот од мајками е посебна приказна, тогаш кога ми го купи и немаше многу пари во неа , но јас кога го видов многу го посакав не знаејки дека тогаш мајками нема многу пари во неа само издишав длабоко и реков ИИИИИИ мамо види го , замисли како би стоел на мојата рака овој е баш за мене тогаш мајками неможеше да ми рече не го извади паричникот од ташна и неколку минути ги собираше парите од паричникот и имаше толку колку што кошташе и рече повели керко .....Да само за тебе е овој часовник. Од тогаш знам правилно да го искористувам времето и секој час да правам по нешто корисно...Тука е и куклата мојот последен подарок од бабами , бев многу мала кога ја изгубив, но многу свесна за да речам : Ова е последно од баба морам да го зачувам ... И ден денеска таа кукла стои во кутиичка на добро место ставена... Мојот споменар со искинати корици за мене премногу значи, една другарка скоро го виде и рече :''Што чуваш овие ѓибриња? Зарем не гледаш какви се кориците ?'' А јас само ладнокрвно и одговорив ,како што човекот се познава од внатре така и ова си има внатре свое богатство без разлика како изгледа од надвор... Не е битно кој што ви подарил , битно е тоа да го сакате и да го чувате, не е се во богатството. За мене најголемо богатство се тие таквите спомени кои ке ги чувам дури сум жива. Секое нивно допирање ме врака назад во времето , во моментот кога сум ги добила и се сетам на моментот колку тогаш сум била среќна и ја осетам за момент пак таа среќа... Времето минува но спомените никогаш не се забраваат...Тое е единствено нешто кој никој неможе да ти го земе..
Интересно ми е кога ќе прочитам некое мислење од некоја феминка уште од 2009 или 2010 година како посакува нешто да и' се случи или пак се надева на некоја работа, а сега во поновиве мислења ја читам дека тоа веќе и' се остварило. Повеќето сте пораснале со форумов. Некои во 2009 пишале дека имаат дечко, а сега со истиот тој човек се во брак и имаат деца. Или тогаш биле средно, а сега веќе дипломирани. Овде се' останува, и тагата, и радоста, и успехот и надежта... Се надевам дека и јас еден ден ќе правам такви споредби со моите мислења. Ако останам толку долго на форумов.
Љубов е кога на татко ми му ја давам средината од лебот, а јас ја јадам корката бидејќи го болат забите.
Во последно време се соочувам со многу неубави работи. Се зачудувам колку човек може да поднесе. И очајно чекам да се смени ветров што ми дува од сите страни. И или нека ме бутне од карпата надоле или нека се задржам. Се чувствувам како да стојам во огромен грчки храм со онакви столбови. И столб по столб се руши и се` се распаѓа. Денес најголемиот столб што ме потпираше ме потрупа целосно. Се што ми значеше веќе е срушено. Прашањето е дали темелите на новиот град да ги изградам врз старите?
Ако мислиш дека вреди продолжи , ако не време е за нов почеток ! Како и да направиш тоа нека ти донесе среќа
Има и такви кои во 2011 биле среќни заљубени а сега сето тоа се распаднало изгубиле некој или завршиле мн.врски за жал (извини што го расипав постот до негде)
Да ти каже нешто паталец, не гаталец. Ниеден столб не е толку цврст колку што ти мислиш самата дека е. Не се потпирај ни на столбови, ни па на добро и мирно време. Само ветер, море само ураган, може да провери колку се всушност цврсти столбовите и дали навистина ни помагаат или одмагаат. Па не ни се рушат куќите кога надвор има ветер, нели? Фани и избуткај ги сите пред тие да те бутнат и поклопат тебе. Сурово е, знам, ама само така ќе видиш кој одма ќе падне, а кој е закован за век и вечни векови. Јас овде згрешив, дозволив да ме затрупаат, и да ме врне дождот од олујата што ми ја донесе ветерот. И подобро е ти да стоиш над рушевините неголи под нив. Оти патот од под, е тежок, мрачен, црн и не му го посакувам на никого. Не е лесно да се почне од почеток и не е лесно кога човек не знае кој е, каде е, што прави и зошто прави. Многу е лесно да те навасаат проблеми во животот, прелесно, од еден во друг и на крај се фанале и оро играат околу нас. Ама кога ќе го помине тој период на незнаење, и цела енергија ти се пренасочува во градење на нешто многу поубаво од тоа што минало, е тогаш иде среќата. Заблагодари му се на Бога, на Универзумот, на некоја виша сила, на кого сакаш и во што веруваш, што ти ги пружил сите убави и неубави моменти и те направил тоа што си денес. Верувај, подобро е еднаш да изрушиш се' и да изградиш нешто стабилно од почеток, болно е и тешко е, да, но подобро тоа неголи како што многумина прават - водат непобедлива битка со самите себе, се даваат и се губат себеси во битката да ги прикрпат дупките на стреата од каде што капе вода, да ги придржат столбовите што паѓаат. Едноставно е, стави нова стреа, нов столб и толку. Или уште подобро, направи нова куќа.
Ти се плукнам у техниката, со мене нашла мајтап да игра... Сама треба да откријам кој часовник автоматски се сменил, а кој не. Секој час на саат, различно ми покажува, никако да се усогласат. Што мајка барале да мењаат саат? Сега додека си го наместам алармот за утре, пак ќе го сменат. И ова техникава па... не може да се намести сама до толку, ко божем.
Ми недостига времето кога јас и ти бевме тим. Непобедлив. Сега сме противници. Константно победени. Ми недостига времето кога бевме тим, кога можев да заспијам без да се плашам, и да се разбудам без да те проколнам.
Доста се намножиле „принцезите“. Оние, машките принцези. Спојлер Педери насекаде. Се испричавам за изразот. Денес, на големиот одмор со една другарка седнавме на клупите во училишниот двор. После некое време, онака, потрошено на глупави разговори, до нас дојде едно момче(ако може така да се нарече). Порано ми имаа зборувано дека имало некое дете кое носело градник со корпи за да изгледа како навистина да има гради. Не им верував многу. И, каде бев со приказната? Аха. Се приближи принцезава и онака, со раката на половина и некој мил, женски глас рече „Добро утро, девојчиња! Може ли да седнам“? Јас и другарка ми станавме, па му реков седи. Тргнавме кон другата страна на училишниот двор. А овој, „зошто бегате, девојчивиња“. Му одговорив дека ќе одиме внатре бидејќи наскоро ќе ѕвони. И овој со една натажена фаца, ни рече: „Добро, се извинувам“ Очигледно сакал да позборува малку за Фатмаѓул или пак да договори шопинг, или пак да договори манијачење машки со нас. Абе, принцеза. Колку сака нека бидам заостаната и проста, но јас не можам да ги поднесам овие лезбејки,гејовци и останати од групата.
Од сите мотивирачки глупости најсмешно ми е - прати го чувството у стомак, што можеш да изгубиш освен пари? Стварно, ситница, а ти на пример леб немаш да јадеш и зимаш кредит за да го направиш тоа и задлабуваш као до гуша. Извини бате, тебе татко ти дал 50 000 евра кеш и ти рекол синко овие ти се да ги работиш,па што биде, биде, од 10 паѓања едно стани ќе успее. Освен што те тераат да отидеш во тоалет, друго ништо асално не ти испаѓа. Вакви генијални каки можете да добиете само од луѓе кои поим немаат да баратаат со бројки и се растени како бубрег во лој. Како дечконо од Македонија Експорт со Мамас ајварот. Амбалажа и име...толку, не го ни произведуваат ајварот. И ти вика... терај ја идејата. Која идеја човеку, АЈВАР ПРОДАВАШ, од кога Ајвар е перпетуумобиле???? И Типс оф д вик... Као можам да ги продавам тие мотивирачки работи со три прочитани книги од Шарма, Ошо и најглупата КНИГА У СВЕТ Тајна, некој портал за инстант психологии и ете бе... БИЗНИС! Како да ви кажам, ама не. За бизнис треба чувство, генијална идеја, неспиење и добро, ама добро баратање со бројки. Мука ми е од некреативни и веќе видени некаде по светов идеи без никаква своја нишка во целиот концепт. А капак, зачауреноста во еден круг на луѓе и никако отварање према нови. Си прават луѓево филм едни меѓу други, као мерат курци палци меѓу себе... И бонус трака на денешниот мрч - Не знам, за кого како ама на One рекламата, РАСПЕАНИ... ми е толку вон контекст и поента, толку глупа, што еве не знам како се викам кога ја гледам. Па и толку лошо е одглумена... Сакам нов свет!
Животот е лавиринт во кој нема патеки за назад. Живеј го секој ден како да е последен.Знај секој може да ти вети лажно утре,но никој не може да ти го врати изгубеното вчера. Смислата на животот е издржливоста.
Успеси..успеси..успеси Ах тие мали нешта..кои те прават like a boss.Вчера фино лепо си поминав 14 часа на натпревар...Нашиот клуб доби:4 први места,3 втори места и едно 3 место...Научивме многу од танчерите,добивме нова..свежа инспирација и се здебеливме 3 килца. Значи луѓенца после тремава,си грабнавме 4 чипса и две чоколади и гнетевме додека не ни се слоши.Ама не е за друго ..досада зарази низ соблекувалната па се ширеше мешан мирис од лак за коса и грицки. И така ни здосади јадењето..па си грабнавме јакни и заспавме..Тоа заспивање не успеа па си отидовме во салата со грицки. И така "денот на грицките" заврши во два часот навечер јеееј Немој да заборавите да го вметнете овој пасус во книгата по историја еден ден Summer-lover во 2014 година на ден 30 Март го создаде Денот на грицките.Откако младата дама ја фатило една позната болест од 2000 год -досада таа решила да јаде.Така што и ден денес се празнува денот во чест на Summer со штандови опкружени со илјадници грицки .
А знаеш што е полошо од црвен лак? Црн лак! Изгледа како со свои раце во црна земја да си го закопала претходно закланиот човек. Ама затоа, фала Богу, никогаш не сум без лак. Па не се познава. Клинец со клинец, се вади.
Како не има е срам на возрасните да се однесуваат детски. Не пишувам за младешката лудост, не е за храброста. За безсрамноста и неодговорното однесување! Колку ќе му помогнеш на човек и ќе се трудиш толку полошо ти станува кога безсрамно ќе изреагира фуј!