Сега случајно погледнав низ прозорецот и го видов спектакуларното небо за зајдисонце.Излегов на тераса и се занесов во глетката.Облаците густи и темни ги прекриваат планините и пополека се ретчат и стануваат се посветли.Осветлени од сонцето тие се портокалови и темно розови.Некое чувство на мир се чувствува покрај нив.Во миг ми прелетува мислата “Да Господе ова е дел од рајот,сигурно има рај“.Едноставно е прекрасно маѓично.Би сакала да ви го пренесам тој момент,ама не ми работи камерата од мобилниот.
Откако го научив целиот учебник биологија и речиси цела анатомија не можам ни да дишам, ни да јадам, ни да... излачувам нормално. Само си мислам какви сè процеси ми се случуваат во телото при тие чинови. Не, стварно, во секоја реченица што ја кажувам, морам да имам по некој стручен термин. Ама утре е денот кога сето тоа конечно ќе се исплати. Ете ја пак таа трема. Натпреварот е во 10, таму треба да сум во 9, превозот ми е во 8 и пол. Имам саат и пол да повторам сè убаво пред да дојде свршениот чин. И така, во оваа петочна вечер, јас имам уште да ја научам еволуцијата односно да се подружам со хомо еректус, хомо хабилис и останатата дружина. А вие, драги мои, ако излегувате после, да вимавате на вашиот црн дроб, да не си добиете цироза. И цигарите понастрана, ви требаат вашите алвеоли. И моите ќе ми требаат, бидејќи не можам да дишам нормално од трема. Wish me luck!
Да им се мочам и на едниве шо камп ми туриле пред врата, и на другиве шо контра протест ќе ми праеле па се гураат со специјалцине саат време за да поминат. Човек од дома да не смее да искочи! Ебате глупиот народ, ебате!!!!
24 часа обесен со телефонот во рака, ѕвони му, пиши му ако ти треба не ти враќа, демек не видел човекот, а пиши му нешто што се работи за негова корист одма тогаш е достапен Не зборувам за еден човек, туку за цел човечки род. Инаку на форумов во последно ич не ми се влегува. Никако нема нова тема да се отвори да се почне дискусија, или нешто корисно да се прочита, или нешто за актуелни ситуации да се зборува. Дури се нема ни волја за пишување. Ако најдеш тема 100% ќе биде преполна со глупости внатре. Си пишуваат едни исти луѓе како да се на чет, за нивниот секојдневен живот и обврски. Па си имате фб, скајп, вибер разменете и пишувајте. Ова е ФОРУМ, не ЧЕТ (плус ете си има и чет во форумов) Па и админите гледаат што се дешава или слабо? На кој форум има тема специјално отворена за да си се допишуваш онлајн? Војни се водат во Бутел, овде ни спомнал некој нешто, ни кажал...не ни очекував искрено. Ќе се правиме слепи и глупи, ништо не се случува.
Што останува после поранешната љубов? Хм, телефонскиот број врежан во главата, кој со тек на времето секако избледува, телефонски број запишан во мобилниот, за кој еден ден ќе почувствуваме потреба да го избришеме. Менување на лозинките на социјалните мрежи, бидејќи се комбинации од нашите датуми.. Останува една голема празнина во срцето и грутка во грлото, тивко мрморење и насолзени очи, додека во позадина свири песната која баш во тој момент, проклето добро ја опишува ситуацијата. Остануваат и некои улици, по кои заедно сме чекореле, и слики кои би требало да сведочат за една љубов, сожалувачки погледи од најблиските и мислата дека никогаш нема да престанеме да го сакаме.. И кога размислиш, па и не останува баш многу..
Ми пречат они луѓе кои се продаваат со изгледот, бараат внимание дека се најубави, најпаметни, ама за што всушност?! Вака ли се успева, со газење врз луѓе, со ширење на нозе и трчање по штабови?! Ми пречи овој луд народ што за трошка внимание ќе се соблече гол, и ќе добие тапшење по рамо или целта е друга? Ми пречи лицемерие и вртење на зборови. Читај меѓу редови мали. Некој сака нешто повеќе, ама незнае како да побара. Јас изгледа премногу сум наивна, а реалноста сурова. Или да се соблечам, гола, до кожа, чисто онака, па може ќе ми тргне?! Денес е тешко да си човек!
Излегува момата по андерграунд места (бидејќи, другите одат таму, ин е,нали) и, разочарано, потоа, ти објаснува нешто во стилот: па добро бе, нели можат тоа машките да се потсредат, малце од малце. Тоа косите, ко седла.. мрсни? Океј.
Открив уште еден проблем кај новата верзија од мене, полошата. Проблем кој никогаш пред тоа не сум го имала со себе. Тој е: Секогаш кога сум пред крајот на нешто големо во изминатиов период, на пат сум да се откажам. Тогаш ме обземаат секакви црни мисли и почнува да ме јаде црвот без никаква доволно добра причина. Ме обзема толкава паника, што ми предизвикува моментална блокада. А самодовербата никогаш не била проблем за мене. Очигледно се до сега. И додека низ глава ми минуваат сите најлоши можни сценариа за утре(т.е. денес, помина полноќ), сите околу мене веруваат дека ќе успеам. Не дека немам шанси. Штом со 45 мин. постигнувам таков резултат, што ќе биде со саати посветени на истата работа? Се надевам дека нема да ја оплескам и нема да разочарам никој. Затоа што влогот е голем. И дефинитивно ќе треба да се позанимавам со решавање на овој проблем пред кој сум само привремено исправена.
Не, да не ви го пореметам редот и мирот Баш си е мирно, фино, искулирано тука. Плус има тема за актуелни политички настани, и само 2-3 члена пишале ете толку е битно
Кој/а е всушност Ина Многуфина? Можеби има негде пишувано, но не успеав да пронајдам Дали навистина е Трендо, како што некои кажуваат, или е сосема друга личност? Се извинувам за оф топик, но незнаев каде да прашам
Вечерва сум се згрозила како никогаш до сега. Чекам на пешачки а од спротивна страна гледам двајца батки како влечат за раце две девојчиња кои имаа не повеќе од 20 години. Се тегнеа се пустеа и ги пикнаа во кола. Кога видов како се облечени ми текна кои се и што се.. И така си седнаа позади во кола со три врати, ни да мрднат, ни да викнат.. И заминаа некаде. Затоа мајки, тетки, сестри вршете поголема контрола кон ќерките и внуките. Навистина е жално и болно да се гледаат такви слики со такви особи. А вие девојки внимавајте со кого се дружите, затоа што се започнува така, преку другарство. Жалосно е здрави, прави, убави да прават такви гадотии за кои што сега можеби и не се свесни, но за неколку години ќе се гадат од самите себеси. А можеби и нема. Бог знае.
Неможам да ја разберам потребата,или како да ја наречам,кога некој се обраќа некому со " алоооо"!!! Да бе,да,алооооо. Да речан тинејџерски,ќе ги навредам оние тинејџери што не го користат.
Сега сум во фаза - ќе плачеш као пичка или ќе станеш и ќе се бориш?! Да ми е здрав и жив, да го какаат кокошките да не си го урочам, он ме спасува од црни врагови. Кога си ги фалите тука дечковците ви ги замишљам као од Бурда. Па после ми текнува дека така една моја другарка порано, па денес уште и викаме добро кај ти беа очите??? По тој повод од денес го викам бонбонче. Може не е ништо посебно, ама зашо да не си го замислувате ко Бред Пит? Па брада, па коса, па око убаво, па насмевка, тегет му стои, шо поише? Јас сум му циганката шо го фали. А и уште го сакаат...ама на мене мириса,шодаимпраам?!? Туку како што ми одат домаќински муабети со бивши и со него, со никој друг. Абе ми се испооженија, изгледа како твитон - после мене секоја им се видела арна. Ама баш им се радувам. Мачни судбини и генијални умчиња, ги сакам сите (да се разбереме, под сите е многу малку, безобразни едни) освен еден. Битен дел од она што сум денес, им се радувам на успесите, им плачам на трагедиите, им ги почитувам девојките. Красни момци со кои не сме биле еден за друг. И интересно е што сите до еден се нескромни па го слушам од сите нив - па добро, имаш вкус за мажи. Да се разбереме, не се совршени, ама се добри луѓе.