Во последно време се почесто налетувам на луге кои се со тебе од корист. После коj те врти. Среката е што сеуште постоjат луге кои знаат да те ценат и да прашаат како си, без да бараат ништо за возврат. Иако вториве се ретки ама мило ми е што ги имам.
После нешто убаво доаѓа уште поубаво. Како на пример девет месеци носиш нешто во тебе,а цел живот го чуваш покрај тебе
На работа ми велат дека многу сум била средена во последно време, а јас им се смешкам дека секогаш сум средена. Лажам, нормално дека не сум. И ете го, влегува само да ме поздрави и сфаќам дека причината заради која секој ден сакам да сум убава е тој. Ми годи нашиот однос иако на сите им велам дека јас и тој нема шанси, никогаш.
Цел ФБ ми е покриен со слики од Рим, Барселона, Виена, Братилсава, Прага, Париз... Една жена не остана дома за викендов, осмомартовски се изнашетаа. Истото беше пред некој месец, сите биле некаде на бања. Па слики како скијаат, па како испаруваат во жешки базени на отворено... Претходно за НГ сите беа у Париз, Милано, Венеција... Секој викенд се на шопинг у Солун. Знам како е, сите се невработени, немаат за леб, ама ќеифот се тера до максимум. Како без пари шетаат, поим немам. Плус, цимерката бивша која плачеше за да титка од мојот моб, е на одмор во Дубаи со синчето, а колеги пред месец дена беа Австралија, им фалело бањање и сонце, таму било лето. Нормално, кука како нема, ама и уплати уште сега на девојка му за Куба да ја носи во јуни. Па да му ебам мајката, или шетај и речи му фала на Господ што имаш пари да скиташ, или шетај и затни си ја муцката како немаш пари и многу ти е тешко без плата. Мене срам ме фаќа веќе... Обични кукавици кои уживаат да хејтаат се и сешто, ама на газот свој убаво си прават. И пак хејтаат. Може шетаат, ама никој не ги дупи, па нема задоволство никакво во животот освен шетањето, па мора да мрази некој.
"Нема да му дадам, сигурно му дава" ..е добро де? Што е тоа што му давате? 5 кг компири? Што? На мажите не им е гајле партнерката да биде задоволена, a добри 80% од жените се заостанати во тој дел, при што никогаш не доживеале нешто повеќе и мислат дека смислата на сексот е да му се дадат тие 5 кг компири на мажот.
Правиме муабет за тоа која серија да ја гледаме. -Сакаш да ја гледаме Луцифер? -Да. -Ти текнува ли воопшто што беше тоа? -Да! Со тој вампирот. Или што и да беше. Девојка ми е во фаза на одвикнување од благо и очигледно има тешки кризи.
Шубава лекција на денот имаме, МАМО И ТАТО(евентуално еве татЕ) на свеки и свекорче, за век и векови, АМИН! И јас ќе викам, ветувам. NOT! Иначе јас арна, сакам у Малага деновиве нешто, таму ми се битисува. Или сум ''скромна'' или не сум арна како што кажав.
Ги положив сите испити на мастер, уште магистерската да ја пријавам. Се вработив и поради тоа немам многу време за форумот, излегување и дружење. Малку напорен период, но сепак се чувствувам среќно и исполнето поради завршените обврски и исполнетото време.
Не можам да се сватам самата себе,абе до пред само некој ден се осеќав како животов да ми е сценарио од шпанска или турска серија,а види ме сега среќна задоволна си имам нова љубов( ова во наводници) Да не се урочам бе,пу пу Слатко ми е,убаво ми е,и нека трае дури трае
-Здраво вие сте Аничка -Да јас сум реков -Ова е за вас,нека е среќен празникот. Никогаш претходно во мојот живот не сум добила ружа за 8ми Март на врата,од машка особа. Тој живее километри и километри далеку од мене,а сепак нашол начин да ми измами насмевка на лицето. Никогаш не сум се чувствувала толку посебно и изненадено. Сега гледам што прави човек кога сака,и кога му значиш. А да беше сега тој тука,да беше бившиот тука,немаше ни со зборови да добијам внимание не па со ружа. Мало внимание не му штети никому.