@Cka кaј беше пoследнo нa шетaње, сo aвиoн некaде? И уште еднaш пaметaм кaкo се жaлеше не мoжелa местo дa резервирa зa викенд или oдмoр, се билo зaфaтенo, пa истиoт муaбет сo немaштијa и шетaње. Кaкo штo мoжеш ти, мoже и некoјa другa. Кaкo штo рaбoтиш ти, рaбoти и некoј друг. Зaпрaшaј се кaкo тебе ти успевa, пa ќе дoбиеш oдгoвoр и зa другите.
Вчера се предозирав со кафе заспав прекасно за мене. Татко ми оган палеше погласно од било кога. Брат ми песни од Тејлор над гла ми пушташе за добро утро. Другарка ми не иди на факултет на денот на кој не ми се оди сама. Врни. Многу врни. Е ај добро утро. Се надевам денот не се познава по утрото.
Добро морам да се надоврзам на претходната дискусија за жените,патувањата,трошоците и немаштијата.... ако зема плата и си ја троши на некаква си тридневна екскурзија за осми март,што тоа толку ги загрижува душебрижниците кои демнат објави на фејсбук...која каде отишла,што купила... За госпоѓата која не гледа нас бедните македончиња од "горе" то ест од Канада.... Не си ни ти толку арна како што се прикажуваш,малограѓанското загледување, прераскажување и фалбаџиството не те напуштиле.... Која е таа потреба цело време да се замараш со нас што сме заглавени тука? Молам некој да објасни разлика меѓу статут и статус!!!
Добро утро. Ми го закажаа дипломирањето па денес трчање на сите страни. Резервирај кафана,резервирај цвеќе,купи ово,купи оно уффф. Ова со кафаните ме фаќа сврб повеќе работа има, треба да поминам две три и да се договорам. Ај убав ден.
Би ти рекла да прошеташ малку низ Македонија по другите градови да видиш како се живее, Македонија не е само Скопје. А точно е, има и луѓе со малку повеќе пари кои имаат далеку полагоден живот од мнозинството во државава, ама тие не се репер за тоа како се живее тука. Колку е жално што ако одиш да прошеташ некаде два пати во годината одма супер ти е, што се жалиш, јас мислам имаме среќа што море имаме за 2/3 саати од дома инаку на одмор ќе одевме само во престапна година хаха
Дами, не се жештете. Поентата на постот не ми беше да не шетаат, туку да не кукаат дека немаат. Човек кој нема, не шета секој викенд или секој празник. Не оди на кафе у Солун. Јас пример го земав шетањето, оти тоа ми е највидливо на ФБ, секаде тагнати. Ама има и такви што може не шетаат, ама мора од козметика и партали се да имаат, па и они кукаат. Нив не ги гледам, одамна ми се на хајд таквите. Ама не е ни фер да ми кукаат како немаат, а трошат на шетање. Значи имаат, само не знам од каде желбата да плачат како немаат. Поентата е таа, а читачот може да си сфати како сака Никаде на пишав дека ми било мака што оделе или од кај им се парите. Туѓ џеб и туѓа постела не ме интересираат. Ама да ми седне до мене и да ми кука како нема, а евидентно е дека има... е тоа ми смета. ПС. Уште една денеска тагната на некое езеро во Италија. Невработена, жена на адвокат. Со другарките. Исто плаче како е тешка беспарицата.
Сите кукаат немаме немаме и оп најскапи телефони(iphone 6), немаме, немаме и оп зимување банско, копаоник и остали ствари значи страшен менталитет сме ние македонциве неможам да разберам стварно. Или кукаат како нема работа, а не ни побарале тоа па уште поише ме нервира како бе нема работа,нема пари... Има се има само за мрзлив народ неработлив нема, ние сакаме да ни паднат од небо епа тоа тешко...
Фил од горчина и јад ми ја премачкува душата. Настинати чувства поткивнуваат после темните облаци и невреме. Студена наметка од тешки зборови ми ги смрзнува коските и доминира во деновите предвесник на пролетта и насмевката. Си подгревам надеж и утеха наместо да испијам слатка доза единство и разбирање. Предупредувачки ја одмерувам чашата за да не се прелее содржината. Секогаш тоа зошто има свој пар затоа што... Пече и боли... Од некаде и нешто почнувам да менувам во насока тоа не сум јас. Можеби не е добро, но знам дека ќе биде полезно во споредба со постапките што сега ми ги тиштат мислите. Умешноста за балансирање на животниот ритам свесно замира кога нема со кој да постигнам рамнотежа на нештата, па со огромен товар ја пропуштам. Посегнав по одлучноста и си ја препишав првата доза модерна состојка затоа што едноликоста на додатокот велокодушност се почесто ми го загорчува вкусот на реалноста.
Периoдoв немaм ни време ни инспирaцијa дa пишaм. А мoже недoстaтoкoт нa време ми јa исцицa инспирaцијaтa aмa мoментaлнo сум нa пaузa и читајќи ве дoбив желбa дa се вклoпaм вo муaбетиве, мoже? Јaс имaм и шетaм aмa не се тaгнувaм зa дa не ме збoрaт вaкa пo фoруми и свекoрoт и свекрвaтa плaнирaм дa ги викaм вујче и вујнa, пoшo ми се мoже А вo oднoс нa времевo, сaкaм дa кaжaм декa вaкви денoви сo пoрoјни дoждoви требa дa се прoглaсувaaт зa невработени или некa ми се обезбеди крaн зa дa ме префрли дo рaбoтa. П.с. спешл инфo дo @Sanjichka007 , денес дo oвoј мoмент сум испилa 2 чaши вoдa. Пoкaснo ќе пишaм aпдејт зa нoвaтa сoстoјбa , Вaшa М,
@toogood ,тебе ти е поефтино Кариби и Хаваи,на нас за Париз.Нормално,кога сме на различни континенти. Си резервирала на време,епа и овие овде резервираат на време и по поволни цени,некогаш и зае*ани ќе бидат од некоја агенција,така си дозволуваат еднаш годишно некое шетање во Париз или некој друг европски град. И да те прашам,од кога не си била во Македонија?
Имаше статија неодамна ,,како ФБ влијае врз Вашите животи,, Доста паметна. Текстот не го паметам, ама поентата ми остана некаде во сивите ќелии. Гледаш слики - лица насмеани, а ти си нешто тажна...те фаќа депресија Гледаш локации- далечни за тебе, ти ни до плоштад не си мрднала...те фаќа депресија Гледаш бакнежи - а ти сама...оставена или си оставила..те фаќа депресија Гледаш убав ентериер - а ти во крш....едвај за храна има...те фаќа депресија Навистина ли мислите дека се што е на сликите е така ??? Колку помодарки и фалбаџики постојат ? Колку насмевки се вештачки ? Колку осамени души сликаат СЕЛФИ ? .. Тоа беше поенатата на статијата...дека ФБ е една оргомна лага. Моја препорака - затворете го.Уживајте во тоа што го имате и во стремежот за тоа што го немате. Побогат ќе Ви биде животецот... ...а и нема да ги гледате туѓите срања.
^^Па они сакаат во Швајцарија да одат на зимување а не во Банско, затоа кукаат оти мора со поскромно да се задоволат. И за тоа сте во право, за тој синдром на кукање а од друга страна не знаат како е стварно да немаш......ама кога некој ќе не спореди со некои развиени, западноевропски земји и да ни рече арно ви е што се жалите, не се во право. Уште кога ќе видиш кога секое патување надвор од државава мора да се одбележи со слика за сите да не видат, ќе видиш колку сме жални
Еден другар пред некое време вика “А бе луѓето за мене си мислат овој кој знае како живее, еве го се шета се вози се слика цело време, алал да му е“ а вика уствари јас си знам како ми е. Тоа ми беше поентата дали е маска или не сето она што го гледаме на фб не е битно, битно е да не дозволиме да влијае врз нашите мислења за другите, ставови и чувства. Колку и да глумат на Крајот од денот пред да саспијат сите знаат како точно се чувствуваат... п.с Мадам А арно вика, вакви денови со закон треба да се прогласат за неработни....
Да разграничиме -од финансиски аспект невработена, жена на адвокат не е исто што и невработена, жена на комерцијалист во приватно или невработена, разведена мајка на две малолетни деца. Моите невработени пријателки никаде не беа чекирани викендов, освен пред телевизор. А богами и оние што работат не беа никаде, зошто со плата од 12 000 што попрво да купиш, дали храна, лекови или сметки да платиш. А дека во Мк се лелека како се нема пари, се лелека, и тоа за чудо најгласни се оние кои баш и немаат право да кукаат- асистентка на факултет со плата над 35 000 ми се жалеше мене (со плата 0 денари) како работи за мизерни пари и дека не и стигнувала платата да го истера месецот
Не бидете сигурни дека не се вработени. Денес не знаеме кој се седи дома а зема плата. За такви се одбрани,баш таквите жени на адвокати,зарем ќе изберат самохрани мајки или социјално загрозени.
А мене ми е чудно, ем ви пречат такви типови кои наводно се фалат и кукаат дека немаат, а со нив се занимавате, па читате и проверувате на facebook што пишуваат и каде се тоа сликаат.
Mене ми е смешно кога некој што тврди дека е успешен во животот и поспособен од сите тука нас, цело време да има потреба да се докажува и фали во милион постови. Ама таа си знае.
^^ Се тоа случајно. Партискиве пропаганди успешно ќе се спроведуваат се додека постојат луге кои веруваат на " наивните" текстови.
Девојка се самоубила откако била силувана. Колку што се згрозив од самиот чин на силувањето, се згрозив и од осудите дека сама си го барала, на објавените слики била пренашминкана, и што не. Се згрозив што била сама, откако била силувана. Што никој не знаел дека девојката има склоност кон самоубиство, затоа што силување не е доволно голема причина за таков чин, вообичаено се работи за нешто подлабоко. Се згрозив и исплашив што млада девојка мислела дека нема друг излез. Што живееме во толку заебано општество, па се плашела од животот понатаму и го прекинала. Што е океј да се зборува за туѓата облека, ама не е океј да се довериш на некој за твоето ментално здравје. И ми дојдоа солзи на очите, затоа што ми доаѓа да ги гушнам сите што поминуваат низ нешто слично. И да поминам часови зборувајќи им, или слушајќи ги, за да им покажам дека има и живот подалеку од депресијата, од очајот и од нагонот за самоубиство. Ама девојка која претходната вечер била силувана да остане сама наредниот ден? Јас ни до веце не би ја пуштала да оди без мене, па што сака нека е. Не осудувам никого, само ве молам, ако имате некој близок со нарушено ментално здравје, или што доживеал некаква траума, грижете се за него, вие сте се што има. Научете од туѓите грешки.