Ми треба лето. Сакам да танцувам на плажа, сакам да ги гледам брановите, сакам да бидам на сонце цел ден, сакам да пијам ладни коктели, сакам да пливам... едноставно, поубаво е кога е лето. Едвај чекам. Сонце, врати се. Преку глава ми е од овие тмурни денови. <
Ти збoрувa нештo кaкo ќе си купувaлa шминки oд верo и тaму дa си јa чекaл, a пред тoa сте прaеле муaбет декa пoлaгa. И и викaш немoј 3 сaaтa дa решaвaш дa те чекaм цел ден. И ти oдгoвaрa скрoз oзбилнa не бе кaј 3 саата шo ти е тебе, јa првaтa шминкa шo ќе јa видaм веднaш јa земaм. Дури маживе се чудат како толку брзо решавам кои шминки и кармини ќе ги земам. Шo викaше еден кoндуктeр на времето дoдекa студирaв, oткaкo втoрпaт гo зaбoрaвив куферoт нa перoн нa aвтoбускa у скoпје и ми текнa декa ми гo немa кoгa веќе стигнaв дoмa, aбе децa шo сте изгубени и не ви е умoт у фaкултетoт бaрем ....изнaживејте се у Скoпје (дa не гo пишувaм другиoт изрaз )
Сам на душата си правиш да ти е лошо, така полно со гнев и злоба. Мислиш некому е гајле дали ќе му простиш или не, тоа за твое добро се прави кога веќе си спомнал простување како викаат луѓето: Пушти го срцето, а не да го затвориш со гнев полно и да го труеш...
Воопшто не си правам лошо на душата,секој е свесен за својте грешки,а моја душа е чиста како солза и полна со љубов,само јас не сум тој што простува.Еден на светов простува,а тоа е Господ,така да Господ нека простува.Јас воопшто не мислам дали некој ке му е гајле или не за тоа дали јас ке му простам . Моето срце е пуштено,и отворено за секоја добра душа,а за злобните луѓе,пеколот ке им суди.
Како може една мајка да си го мрази чедото, ако тоа ја повреди ?! Може и да ја удри и да почувствува силна болка. Може и да ја навреди. Може се’ да направи, а сепак мајчиното срце ќе прости. Се’ ќе заборави за миг. Ќе ја боли срцето и душата ако таа макар и со најмал удел учествувала во таа болка и кон самата себе. Зашто таа повеќе се грижи за чувството на чедото, отколку за својата болка. Неа ја исполнува само радоста на своето најмило. И затоа се’ што е земно се’ се споредува само со таа љубов, мајчината. Онаа љубов кој простува апсолутно се’. Онаа љубов кој се жртвува и со својот живот. Тоа е онаа љубов, но уште и повозвишена љубов е онаа за која Бог дојде дури и на земјата и го даде својот живот. Простувајте!!! Не се лутете, не се гневете и не возвраќајте. Со секој ваш добар збор возвратен на еден лош збор... вие се жртвувате. Исто како мајката за чедото, толкава е и таа жртва. Само тогаш ќе ја спознаете вистинската љубов. Само тогаш ќе ја видите полнотата на љубовта. Тогаш ќе ја научите онаа вистинската. Онаа која љуби до болка, до плач, до ридање... Простете ми и мене. За секој мој збор, доколку на некој начин ве допрел многу длабоко и ве заболел. Простете ми!
Простувањето е олеснување на самиот себе. Полесно се простуваат ненамерните грешки. Но дали треба да ни се простат оние со умисла? Постојат луѓе кои и на своите намерни грешки почнуваат да си веруваат дека им се ненамерни. Ако на сопствена грешка имаме образложение дека сме имале оправдување за тоа,дека сме морале и тоа со умисла,тогаш како таа грешка да им ја простиме на другите? Ете во ред,од петни жили ќе извадиме сила,ќе им простиме за да не ни се загорчува душата ради туѓите лошотилаци,ама како ќе им дадеме до знаење дека згрешиле? Ми се чини никако. Што и да направиме ништо нема да сфатат. Тие упорно се скроени да наоѓаат само за ним оправдани изговори. Тие не стануваат свесни дека не се така безгрешни ни кога гледаат дека останале сами. Тие и тогаш мислат дека цел свет греши,а тие се жртви. Нека ми простат дури и тие,пошто не сум нашла начин како да им покажам дека стварно ме повредиле со нивните задскриени намери. И од мене и од господ простено нека им биде. Но неможам да заборавам. Не сеуште.
Може ќе звучи како клише... Денеска ќе им простам, на сите што ми грешеле...ама тоа не значи дека ќе заборавам и дека нема да им вратам... Јбг...таков е животот, педер...
Денеска денот мие преубав си се собравме фамилијарно на ручек кај бабичка што повеке да посакам од ова ве сакам најмили мои
Прашање кое си го поставувам секојдневно, зошто зрачи толкава несреќа од луѓето? И пред информацијата за антидепресивите да ги поплави медиумите, едноставно не ми беше јасно од кога насмеаните лица низ градов станаа ендемични. Порано, со мерак ги шетав улициве, црпев инспирација од ведрината на народот, туѓата среќа беше и моја среќа. Животот и проблемите си имаат своја улога, но градов е во очаен дефицит на насмевки. И не, не е до времето...
Денес е совршен ден да си простам себе... Зошто е најтешко себе да си простам... Да си простам за занемарувањето со кое се почестив... Да си простам за вредноста своја која прелесно ја заборавив... Да си простам за сите свои зборови кои безумно ги расфрлав... Да си простам за силата која ја заборавив, а која напред ме водеше... Да си простам што заборавив дека созреав па посилна, помудра, поамбицизона станав, а фасциклите во кои се ставав не ги променив... Да си простам што ден и ноќ се казнував... Да си простам зошто заборавив да блескам...
Денес е убaв ден зa јaдење бaклaвa. Прoстувaње денес ниту бaрaм ниту дaвaм. Рaди редa ќе е. Пaметaм oдевме кaкo мaли кaј бaбите и дедoвците мoрaше рaкa дa им бaкнувaме. Секoгaш чекaв другите внуци првo дa пoминaт пa нa крaј јaс сo силa, и прoстете сo гaдење oд чинoт ќе нaпрaвев aтер. Читaј мoрaв, тaткo ми лутo ме гледaше oд некoе ќoше. И ден денес изнудени рaбoти не сaкaм. Дури и дa речaм -прoсти, дa знaете декa денес не мислaм, не е бaш oд срце. Кaжaнo вo прaв мoмент, сaмo тoгaш имa смислa.
Низ животот научив повеќе да им простувам на другите отколку себеси. Можеби зошто никој од оние кои ми значат не ме повредил, па ми стана лесно да преминам преку нешта од луѓе кои не се значајни во мојот живот. Се ослободив од гневот, зошто гушејќи се со омраза и желба да им вратам би им дала значајно место во истиот. Но ме мачи ужасно многу што не можам да ги согледам причините и да си најдам оправдување за грешките кои јас сум ги направила. Грижата на совест е мој вечен придружник. Не си човек само кога простиш, туку и тогаш кога станеш свесен за своите грешки и се покаеш.
Се затвори темата за составот за авантура, ама последниот коментар е најјак. Девојчето прво бараше некој да и напише, да и каже, да и даде идеја и кога виде дека не бива така, земала сама си напиша, и последно ете видите што пишала НЕ ГО ОСТАВАМ ОВДЕ СОСТАВОТ ЗА НЕКОЈ ДА НЕ ГО КОПИРА И ДА НЕ СИ ДОБИЕ ОЦЕНКА СО МОЈ ТРУД хахха а ти бе душо што бараше пред 2 саати? Со каков труд ти сакаше да добиеш оценка? ахх бе, секој за себе си гледа у пм... Да му помогнеш ок, а тебе некој да ти помогне ма нема шанси.
СДК 1: Простете си самите себе си јас немам што да ви простам. СДК 2: Се е спремно за утрешниот ден, што знам моите повеќе се радуваат отколку јас, како да идам на испит ми е. Со мирна душа, ама ајде најважното е спремно. СДК 3: И благодарам на една членка од форумот што ослободи момент од своето време да ме посоветува нешто околу модниот избор, не би ја именувала ќе се пронајде. СДК 4: Благодарност до еден машки член за времето денеска и тој ќе се пронајде. СДК 5: Го пијам кафето и скролам на фемина, колку да помине време. А за утре велам со Господ напред и нека биде волјата негова.
СДК ... не чини да си човек од разбирање. Сам себе на крај ќе се уништиш. Кога ќе наидеш на таков кој со глава удира во зид, истиот пре ќе те руши тебе него зидот!
Денес научив една работа во животот дека не на секој се простува. Ама ајде јас простив бидејки сум човек, но не заборавив и не шанса дадов уште една на некои луѓе.И нели таков е денот прочка затоа се вика. Мирна мие душава. На останатите господ нека ви прости ме чекаат моите најмили за кафица
Сакам само да кажам дека едвај чекам да дојди утрешниот ден и да започни новата недела. Спуштив нова програма за вежбање и едвај чекам утре да ја испробам, со надеж дека нема да се откажам.Исто така оваа недела ми е клучна во поправање оценки, измотивирана сум и спремна за што подобри резултати.Не сакам повторно да се разочарам, смачено ми е од неуспеси.Се надевам дека се ќе биди добро.Редно е и јас да се израдувам на нешто. Имајте пријатна вечер сите.