Мнoгу нaучив oд живoтнaтa шкoлa... Нaучив дa гледaм пoд пoвршинaтa .Нaучив дa ги рaзбирaм луѓетo и нивните пoстaпки.Нaучив кoгa дa збoрувaм a кoгa дa мoлчaм.Нaучив кoи битки вредaт дa се вoдaт a кoи дa ги oстaвaм дa oдaт пo ѓaвoлите.Нaучив декa не мoрa нa сите дa им се дoпaѓaм,ниту сo сите дa се дружaм. Единствен прoблем е штo шкoлaринaтa кoјa јa плaќaм е мнoгу висoкa.
И кога е полна со негативна енергија, ја сакам. Не сакам да се откажувам од блиски луѓе, па и кога не се најпријатни.
Ех, да беше тука кога требаше..би ти се отворила најискрено, онака длабоко и чисто. Би ти ја раскажала мојата најмрачна тајна, за која сега си единствениот незнајко. Јас не жалам за ништо, уживав, како и ти. А сега сум само јадна..Ама, сепак сум јас. И да, со време ја кажувајте вистината. Од многу главоболки ќе се поштедите..
Љубов е кога само што сум легнала да спијам после две минути ми швркнува идеја и седнувам да учам и не мрдам четири саати. Многу работи ми се голема страст, во животот, ме исполнуваат, ме прават насмеана и задоволна, но шпанскиот јазик, потребата од него, начинот на кој ме милува и ми ги решава сите проблеми ја дава смислата на моето постоење. Би лажела ако не признаам дека правам пресметки и планови како следниот пат кога ќе држам авионска карта во рака тоа да биде во еден правец. Сонувам за дом во некое мало гратче покрај море, каде сонцето ги грее и најскриените места во мојата душа, каде денот ќе ми започнува со огромна насмевка и buenos días amor, а ќе завршува со сензуална бачата и топла прегратка.
Како помала си го обожавав роденденот. Еве денес трипати ме потсетија дека е утре. - Сара возбудена си за утре? - М? За што? - Роденден ти е. А бев убедена дека е скроз друг ден. Не ми се старее. 23 личи на страшна бројка. Се жалам, па ме потсетува дека има скоро 30, и за момент се чувствувам малку поубаво.
Кога во едно ќе ссе измешаат: минатото, сегашноста и иднината. Во нашиот живот настанува хаос...зошто бе мораше вака? Зошто?
Интересно е како ден за ден никакви посебни промени не ти се случуваат во животот, но кога ќе погледнаш подлабоко наназад всушност многу работи се променети. Иако во вообичаен муабет со личности со кои не си се видела релативно не толку долго време, под "нешто ново" немаш којзнае што да се пофалиш, ниту пак некогаш си била "од утре вртам нова страница/лист/книга" тип на личност... сепак со една ретроспекција сфаќаш колку нешта се промениле. Многу нови чувства, желби, цели, нови убави познанства за сметка на други изгубени кои ти фалат, развиена креативност и нешта кои те исполнуваат, и успеси со кои се гордееш, но и наивно безгрижен поглед на светот што понекогаш сакаш пак да го имаш... и често само една песна, фотографија или драг предмет под кои стои датум од којшто не ти се верува дека веќе не се поминати само неколку месеци, ниту година-две, туку неколку пати повеќе - се доволни за сето тоа да излезе на површина...
После напорен ден на работа најубаво нешто е чај од камилица, тост и добра книга. За мене денот тука завршува... пуштив машина за перење и го довшив пасосот на книгата. Со нови сили и подобра енергија спремни за утрешниот ден.
Ги знаете кога ќе ви дојдат оние денови во месецот кога ве пука депресија без причина? Кога ама баш ништо не ви се прави, кога сакате цел ден да лежите, кога не сакате со никој да зборувате, кога ви е исклучен телефонот...епа мене ми се сега такви. Некој месец знае да ме прескокне, ама некој ме држи по 2-3 дена и после преку ноќ сум како нова Не знам ни јас, ни зошто ни како. Ама ете, секакви периоди има. Вчера ми беше посебно депресивно и сиво, а денес собрав од некаде сили и решив полека да се вратам во нормала. Aма не знам, не ми одеше баш од рака "нормалниот" ден. Едвај чекав да си се вратам дома и да си легнам. Утре кога ќе ми текне за колку малку треба да станувам ич не ми се оди, ама кога ќе ми текне дека 3-4 среди со ред веќе не сум му била на предавање, ај си викам, ќе одам. Ако се заклучам сама во соба, ако не се јавувам на никој, мислам 300 паники ќе се кренат. А сакам само малку мир, тишина и изолација. Ако им кажам така, ќе ми се напнат зошто сум сакала така? Што ми било? Ќе сум паднела во депресија...и сл срања...така да, се трудам да не дознаат по изгледот дека ми се сиви денови.
Надвор дожд, а јас сепак кивам. Постелината, облеката, училницата... Некои такозвани модни трендови се смешни. Која е целта на засукани ракави од палтото? Ви студи? Тазе депилација? Аха, тетоважата значи... Голем мрчатор сум, нели? Имајте убав ден, ама не знам колку ке е убав кога е вака тмурно. Дефинитивно некоја добра вест. Или шопинг како утеха. Притисокот ми е низок, ама очите ги отворив со јако турско...
Не можам да ги сфатам тие што се лигават по факултетиве. Зар не можат на друго место? И прво и основно како не им е глупо од проф. и колегите? Абе јас и надвор да седам пред факултет, и низ факултет да сум обавезно поминува некој проф, дали веќе што ми предвал, дали во моментот ми предава и од општа култура ќе се насмевне и ме поздравува, и сега сама си се замислувам како би изгледало се тоа додека јас му седам на некој во скут а тој ме бакнува во врат? Добар ден проф., еве малку со другарчето си играме, вие добри? Стварно бе, имајте осет аман. Мене ми е незгодно да видам така, а не знам вас како не ви е глупо да го правите тоа на факултет... академски што?...
Скопје во Март има вкус на врело црно кафе и сонливи насмевки. Под балконот изронети темни фасади,магнолии. Градот диши,се уште тивко. Писателите немаат станици. А знаат за перони,стари возови,празни кабини. Зад трепките ми игра пролет, се уште доцни,како песочен заглавен часовник,заглавена помеѓу,дожд. Испишувам љубов,сакам сосема мали нешта.
Првата помисла денеска кога се разбудив беше, дожд ладно и тмурно време, добро е да живееш во Англија нели? А еве го и батлерот со мојот чај и торта.... СТАНУВАЈ БЕ ГОВЕДООООО!!!! Добро бе мамо, добро...не се нервирај!
Сакам кажам, не знам речам Три дена ja отворам темава ко демек да напишам нешто и ja затворам. Не знам од каj да почнам и со кои зборови да почнам. Некако и мислите и деновите ми се испомешани. Чекам сончеви денови и поубави мисли
Колку не сакав да одам од државава, сега се повеќе сакам да си одам. Иако може ќе помине доста време додека да заминам, јас од сега чувствувам грутка во грлово. Живеам со надеж дека ќе се подобри нешто во нашава држава и ќе нема потреба да бегам надвор. Ама со секој изминат ден таа надеж згаснува. Гледам државата како ни пропаѓа секој ден се повеќе и повеќе. Во текот на овие мои години сфатив дека на никој од нив не им е важно за нас народот, си гледаат за себе и како грабливци се наптреваруваат кој побрзо ќе стигне до моќта да ја зграби. А за нас народот не знам што би кажала. Толку се со ограничен ум, просто се чудам. Спремни се да ископаат очи на родениот брат за некој друг да ужива. Треба страв да ти биде ако кажеш нешто против власта или опозицијата веднаш се наострени како орли и спремни да те нападнат, и ќе те направат прост и глуп само затоа што не се сложуваш со нив. Ќе си останам своја па ако треба уште 10 години да не најдам работа (по струка) ама да бидам некому партиско војниче и да лижам газ, е тоа никогаш нема да бидам.
Во последните десет години сум сама поголем дел од времето и многу ми фали комуникација,да можам со некој би зборувала 24/7