Многу ми е жал што е така, Господ никому да не даде такви родители. Отсекогаш сум била заштитнички настроена кон ваквите луѓе, иако како пријател/девојка/познаник не би можела да ги избришам тие слики од детската психа и што и да направам за да помогнам, џабе е. Само биди силен и од срце ти посакувам подобра иднина .
Пред два до три саати ме изнервира една ситуациja од небитни луге во моjов живот. Па се мислев да почнам да кукам овде како секоj не ти е приjaтел, како тоа си дозволуваат да измислуваат работии за тебе и слични работи. Сега гледам дека воопшто не се битни тие луге, никаков фактор не ми се. Пред да направите нешто или кажете, размислете дали тие од другата страна го заслужуваат. Некогаш игнороранjeто е подобро решение
Некои луѓе едноставно не знаат за граница. Ако разговараме, си правиме муабет, не значи дека автоматски ти си ми најдобриот пријател за да дојдеш денес и да си дозволуваш да правиш, кажуваш или одлучуваш некои работи за мене. Не се мешајте каде не ви е местото. Научете се дека го немате тоа право. Ако некои ве научиле дека тоа е во ред, кај мене нема да помине.
Жените патат само од себе... знам... Зошто жалосно е кога жената сама себе си е лута.. Па со презир гледа во огледалото... Со презир гледа во ликот кој за пример служел... Во ликот кој храбро се смеел, искрено плачел, дрско сонувал, амбициозно патувал... Во ликот кој дозволил да се крие пред небитните погледи... Во ликот кој се веднеел кога не треба, пред кого не треба само заради една слабост... Во ликот кој наместо за пример, станал за презир... Да, жените патат од себе... само од себе...
Не дека ви е важно, ама засвежив, 37 со 5. Бладам, ама тоа ваљда од коктелчиНата што замислено ги пиев уз бруфени. Каква одвратна колумна прочитав, боже боже.... http://psihologija.com.mk/dali-ja-p...-vo-imeto-na-tolerancijata-na-razlichnostite/ Измисли топла вода. Кај тоа па и наметна свои ставови. Сега ми е јасно зошто луѓето не сакаат да одат на психолог. Се плашат од осуда. А ова е класичен пример каде што образованието нема да те искали во совршен професионалец, а особено за нешто вакво шкакљиво. Дебелината е болест, ама што па се фатила толку за дебелите луѓе? А девојче да се позанимаш со мета програмата зошто некои луѓе сакаат да се мисмечинг, него ли мечинг и зошто се јавува како појава, наместо да млатиш празна слама?! Објасни се... жити бога. Како се искористува на каков валкан начин? Боже, боже... а ти како психолог да размислеше зошто е тоа така наместо да маваш глобална рамка? Се изнаосуди ти, седи ужувај, друг пат ќе ни раскажеш за неосудувањето. Ај постави ги рамките како треба, оќе? Далеку си ти девојко од поентата. Не би ти дала повеќе од 25 години, ако си повеќе од 25 години и си навистина психолог, оди доедуцирај се, ослободи се, медитирај, нижи тутун, мирисај цвеќиња. Ми делуваш за поприлично напната, ограничена и контрол фрик врз се и сите заради неискуство во животот и површно разгледување на работите што е трагично ако повторно ќе кажам, си навистина психолог. Не оти ве интересира сите, ама јас се напнав затоа што тука лежи зајакот зошто луѓето не сакаат да одат на психолог. Затоа што може да те дочека ваква џаџинг прсн и наместо да те среди ќе те дотера до амбисот како си полу човек. Ајде, за скоро ќе станеме официјални колешки, са задовољствие... А вие, немојте премногу да очекувате од децата со Даунов синдром, психологов збореше нешто за романтизирање на болести и претпоставувам генетски мутации и природната селекција, врска си немате слушнавте? Според неа сите мора да сме убави и слаби за да бидеме оплодени. Браво девојче! Помеѓу психолозите сретнувам најтажни луѓе со многу его... мислат дека богуваат со човечката душа, а тажно е што не се ни блиску да се знаат себе си. Особено ако се со Гешталт...ау...аааааааау....ма шта да ви причам бре... Они би да се дружат сами со себе сите и да се надмудруваат.
За среќа малку требало,леле колку малку што не ми се верува колку ми била 6тата чакра закржлавена да не разбира што денес разбра. Се изначекав на овој миг на просветлување. Колку утра поминаа во 6 часот станување,на брзинка кафе да ме дигне за лудиот стресен работен ден. Саат и пол кон работа,саат и пол по работа.Дома 19часот нема ништо на маса, а г-от со половно работно време,само стигнал да испазари и да трупне пред врата да грицка и цел ден серии спуштени да си гледа.Нели е маж у куќа,што ако женаму се утепува за да земат кредит да бидат подалеку од живеалиштето на мама/тато што низ нос ми го извадија. Па барем да чинеше цело угнетување за бескрајни непроспани ноќи,влажни од солзи од најдлабоко рането срце што љубело и проголтувало се за да на крај него да го проголта рамнодушноста,гнасењето,каење не но тагата,онаа бескрајно одвратна обземачка тага од најболното разочарување наречено развод. Колку боли тој што ветил пред Бога,пред себе си тебе дека ќе биде тука за се,а не исполнил.Боли ама ќе помине.Здравјето да остане,се друго ќе си помине.
2 по полноќ, сите спијат, надвор врне и дува, ми тропаат гранки на прозор, а јас читам книга со духови Не бе, ова се чита денски, додека надвор пеат птици и грее сонце. Ама пустото немам време за слободна литература преку ден. Сега морници ме лазат, не знам како ќе заспијам вечерва, само нешто ми тропка наоколу. А може и ми се чини Фали уште струја да ми снема и мислам дека ќе припаднам
Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ...„Ах..." Незнам кај го прочитав ама толку многу да кажам ме трогна..
Главата ми е во пламен, а се свртам, дупки правам. А до сега ледена принцеза глумев, на врв планине Реков кај баба ми ќе одам, а како се наближува време, паника ме фаќа. Ако има некој дворски шут да дојде да ме спаси, добро, ако не осудена сум да слушам жалопојки за времето, животот... Се што е постоеЧко околу нас. Носам фервекс у џеб, а ми зборне легнувам да спијам. Тоа ми е штитот. Нинџаааа корњачаа
Останавме сами јас и ти,јас на земјата ти на небото.Јас и ти секој ден комуницираме,зборуваме ти кажувам све што во животот ми се случува и мачи.Секоја вечер чекам да излезат ѕвездите на небото,за да ја најдам твојата.Секој ден те осеќам дека си до мене,дека го следиш секој мој чекор и секој мој покрет,ти мене никогаш не ме напушти,како што и јас никогаш нема да те напуштам.Секогаш ке живееш во моето срце и во моја душа МАМО.
Маж секогаш може да ти даде комплимент, најчесто ласкање. Ама жена да даде комплимент на жена е тоа е друго.
Само напред момци се гледаме во Сабота во 18.. http://www.mkd.mk/sport/rakomet/nav...a-so-svoite-rakometni-dzvezdi-fotogalerija#20
Ех, ненаспаноста и заморта (колоквиумска) што ти праат. Идам на железничка во Ск да фатам автобус за дома, и на таа што беше на благајна и велам: -"Добар ден, кога има автобус за Скопје?" ( и таква оцерена од 6ка до 6ка сум застанала) Женичка ме погледна Си се чудам шо ми прави сега гримаси, и отпосле ме удре еден флешбек и одма: -"Леле извинете, за Тетово кога има автобус?"
Другарка ме стави сосема случајно во размислување. Требало да има други работи кои ги има животот не е само љубов. Некогаш ти доаѓа да се запрашаш што би било, како би било, ако би било...? Често слушам "не се замарај, терај, гурај, остави така..."а всушност тоа се зборови на луѓе кои стојат на таа скала каде застанале и не се помрднуваат. Нели треба да се искачиме, да не застануваме? Всушност, среќата доаѓа и си оди, таа е минлива, исто како и љубовта, животот, среќата тоа што не е минливо е здравјето. Скршениот човек има милион желби со тек на времето и му се остваруваат, ама големо АМА болниот има една желба која многу ретко се остварува. Или иди или не иди. Или остави или не оставај. Клучот за позитивен живот е секое скалило напред да се сврти и пројденото да го гледаш со насмевка.
Времето не е тмурно него лугето се тмурни без разлика какво и да е времето ако си го направиш денот да ти биде убав ке ти биде