Не се секирајте дечки, дојде велигденскиот зајак. Ни трчаше пред кола, сирот изваден од памет, па скршна и го снема. Вриштев од слаткоќа, сакав да искочам да го фатам.
Играта да ги прелистувам мислите ми помина во опсесивна потрага по страницата на која толку очекувам да го прочитам текстот за кој веројатно се уште не се создадени услови да го видам во сервирана форма. Пребарувам, прелистувам часови и денови за нешто што отсекогаш е подготвено, но затскриено некаде ме демне со верување за изненадувачки моменти. Собирам трпение и ја освежувам надежта во исчекување на светли треперливи утра пробудени од повикот на секојдневниот ритам. Факт е дека нештата не се поместуваат од својата удобност без волја и интерес, но некогаш околностите знаат да бидат помоќни и од непоправливиот оптимизам. Упорноста вреди кога има во што да се верува и со кого. Верувам во себе и со себе... Сакам да е поинаку од ова сега, а исчекувањето си создава долга епизода со неподносливи репризи.
И натпреварот помина. Резултати- за неколку часа. Сега доаѓа тој најмачниот период на неизвесност. Веројатно среќата ќе биде на моја страна, па ќе одам на државен натпревар. Многу е лошо тоа што и наставничката по македонски јазик, и моите родители, и другите роднини, очекуваат дека ќе освојам, ако не прво, барем второ или трето место на државниот натпревар и се водат по таа амбиција. Чекајте малку, не се знае ни дали ќе одам на државен натпревар. Убаво е да си амбициозен, но сѐ што е претерано- не чини. На други натпревари, на пример на натпревар по биологија никогаш не сум имала проблем по тоа прашање. Наставничката секогаш ми велеше: „И да не се пласираш на државен натпревар, ништо страшно. Важно е да се учествува и да се дружите со останатите деца". За овој натпревар учев водена по амбицијата на наставничката: „Од тебе очекувам прво место на државен!". Тоа мое учење резултираше со ненаспаност- за да постигнам да го научам целиот материјал, ноќеска останав будна до 2:30, претходната вечер до 1, а речиси секоја вечер пред тоа учев до 12 часот. Мислам дека тоа стварно не е хумано. Иии знам дека постов е премногу долг, ама морав некако да го искажам сето тоа што досега го чував во себе.
Ми фали време, за сите обврски, за сите личности, за сите амбиции, љубови. Доаѓаш до момент кога се себезабораваш и знаеш дека не е во ред за себе. Ама нормално уште не се освестуваш, додека не паднеш и си ја удриш главата во ѕид. Нејсе периодов запознав многу храбри луѓе, деновиве ќе пробам да ви пренесеам некои приказни. Понекогаш се срамам од своите проблеми, кои не дека се за запоставување, ама не толку големи како на другите. И дечки грижете се за мајките. Терајте ги да одат на редовни прегледи, нека направат мамографија, нека одат на гинеколошки прегледи. Исто и Вие. Немојте да бидете од оние кои се со отворени сфаќања, а немаат посетено 5 години гинеколог. Не живееме во перфектна средина без стрес и здрава исхрана. Чувајте се.
СДК вчера бев искочен, некако не ми тргна вечерта. Бевме јас и еден другар, зборувавме со девојки ама нешто не беше во ред, кога ти зборува со завртен грб знаеш многу добро на што си. Предложив да идеме во Балет ама таму пуштале само стални гости, ти се молам. Изедовме по едно парче пица за утреха и тргнавме накај дома. Кога стигнав дома си реков "сега некој ќе го јаде на фемина", но видов дека во една вечер успеав да соберам 30+ лајкови, по што вечерта ја прогласив за успешна и заспав како бебе.
И најмногу бомби да има, и најмногу немири да има, за мене поспокојно место од Големиот Истанбул нема. Рај за душава ми е.
СДК до кога бе животе ќе ме маваш со недосозрани андерталци што решаваат да те запознаат со мило ми а кој сум ти по ред во кревет?Aha let mi think.
СДК Само ЈАС можам да се заљубам во НАЈГОЛЕМАТА БУДАЛА од цел град. И го сакам и точка. И да, да, го потискам тоа 2 години длабоко во себе. Имајте убав викенд. Уствари ЛУД викенд. Јеаа Рок ит он, бејби
Се повеќе гледам невоспитани деца. Ретко да видиш некое воспитано дете, мирно. И за тоа се родителите криви нормално. Толку преправање, како ние да не бевме деца, нашите не беа родители. Го гледа лумпува, цел фризерски салон го крена на нозе, а родителот ни со прст не мрднува. ОД толку галење, кога ќе пораснат главата од зид ќе си ја маваат родителите и големо нормално дека нема да можиш после ни да го воспиташ, ни ништо да му речиш.
На @BoneMachine мобилниот свири погласно за фемина нотификации отколку за кога му звонам животот не е фер ...ке пачам само гушкање со девојче у хеланчиња може да ме спаси
Значи колку чудна ситуација имам...Да да многу чудна,awkward шо би рекле. Во иста гимназија 4 години учиме... Во иста гимназија 4 години се среќаваме по ходници,по училници,по библиотеки... И сега во мај,во ист ресторан ќе славиме матура... Се знаеме сите генерациски кои сме и што сме...ама ова моево... Кога се запишав дознав дека имам брачеди во гимназијава која се запишав...еее пред 4 години беше тоа И така дознав дека моите двајца брачеди се тука...и дека имале брат и сестра..и уште еден брачед си открив и уште една брачеда...и стално ме мачеше она како сега да им кажам дека сме брачеди... Некои ми вели кажи му бе шо,други не бе знајш каков е малце кренат.. Е како да им кажам бе? Еј здраво јас ти сум брачеда,не знаеше а?Е убо,супер сега знајш... It's kind of bit awkward you know what i'm sayin'...
Трета годишнина на форумот!! Се сеќавам кога се зачленив и спамирав буквално во секоја тема, како летат годините. Мислам фемина беше со мене низ моите критични години(кои сеуште не се поминати), донекаде ми помогна да созреам како личност и да научам да почитувам туѓи мислења. Мило ми е што сум дел од ова прекрасно женско катче(со неколку машки, никаде без нив). Јас од вторникот не пијам ама еве за вас вака саботно напијте се на моја сметка.. Cheers, have fun.