Ах утре пак ме чекаат триста обврски а јас како ли да заспијам,никако и никако сон да ме фати,да пробам ај ако не да си легнам можеби ке заспијам би требало да заспијам демек...
Nemam vreme Ne e mozno poloso nesto da kazes za sebe. Kako ocekuvate po taa recenica da ve gledaat drugite. Ete bas taka, neorganizirana, komfuzna, bez zivotni celi,gubitnik..... so eden zbor begaj podaleku kolku te drzat noze od taa osoba. Taa istata go ruinirala svojot zivot, a moze i vasiot. Imam sekogas vreme za se. Pazete koga zborite, pa i da e vistina deka nemozete eden obicen zivot da go organizirate ponekogas ili duri sekogas e pozelno da se kaze "zafatena sum ama ima moznosti uste nesto da se vmetne".
Точно една година откако научив како човек за живот се бори... Една година откако ракот ме запозна со мирисот на смртта... Една година откако раката порешителна ми стана... Една година откако срцето не ми препукна од болка, од неизвесност... Една година во која умирав и оживував почесто од феникс... Една година во која сите се чудеа како насмеана да бидам можам... Една година која брчки околу очите ми донесе, стрии по телото што пречесто го ослабуваше и поправаше, нескротлив трепет во душата... Една година во која повеќе од кога и да е знаев дека морам да победам... Една година во која на сите идол им бев, јас малата и ситна женичка... Една година во која себе најголем непријател си бев, па се казнував со самотија и молк... Една година во која жива среќа што перницата уста немаше, па не ме издаде пред сите колку врискав и плачев од болка... Една година во која крв давав и плукав безброј пати, смеејќи се како да е нормално... Една година која ме направи подобра, посилна, непокорна... Една година која се дрзна и мирот да ми го земе, и парите и образот... Една година во која молкум ги гледав сите додека ме газеа, понижуваа, додека ме убедуваа колку се посилни од мене... Една година која јас ја надмудрив и почнав сонот свој животен да го живеам, горда, како мака во животот да не сум спознала... Година во која ракот орден на градиве ми стана и ме научи дека само себе „фала“ треба да си велам... А ја почнав плашливо, несигурно и со него во мислите... Ја почнав со сликите на неговите милувања кои мислите ми ги смируваат во болничките ходници... Ја почнав со медитирање со неговиот запомнет мирис и со благодарност дека е тука, сум го нашла и дека после се ќе се скршам кај него в раце и само него ќе му ги покажам раните... Но оваа една година ме увери во спротивното, ми ја откри заблудата која болеше повеќе од ракот... Ми покажа како е саканиот да те стави жива во ковчег, без да се премисли, да се покае... Ми покажа како тие љубени раце може да те оттурнуваат, како посакуваната уста може да ти рече„не те сакам“, како телото што ти е потребно повеќе од воздухот може грбот да ти го сврти... Ми покажа како битието љубено може да се симне од пиедесталот кога на часови самотија ќе те осуди, кога телефонот нема да заѕвони, кога на уво нема да ти шепне„ шшшшшш ќе се среди се“... Ми покажа како делот кој си го мислел дел од тебе може со инает да те храни и кога за вода од усните негови се молиш, како лек може да ти скрати со оправдување дека„ така морал, така требало“... Ми покажа како ликот на саканиот може повеќе да те плаши од резултатите болнички, зошто пустиот само болка ти нанесол...бол по бол, без да сопре, без да се покае... Ми покажа дека соништата не се остваруваат секогаш, па наместо да се скршам во неговите раце, јас пред него најсилна бев, најгласна, најмоќна... за да не дозволам да се нахрани од мојата болка, од љубовта што толку го плашеше... Ми ги покажа сите лица на мажот кој не те сака, а на кој прилики си му давал да те сопри, да те зграпчи, колку на болниот инфузии што си му дал... Ми покажа дека душа не се дарува, ниту срце, ниту соништа во мртво тело... Ми покажа дека огледувањето во очи што не те сакаат е како огледување во скршено огледало, па човек ќе се заборави себе, додека си бара мани.... Ми покажа како додека се борам со смртта, јас со посмртен марш го испраќам оној што премногу го сакав, го испраќам со иронија на лицето, со блескава насмевка, со сигурност дека не губам нешто вредно во животот... Една година која денес ќе ја прославам... Ќе прославам со оние кои ги рушеа ѕидовите на мојата самотија, кои се спротивставуваа на моето „оставете ме“, со оние кои ме оживуваа... Ќе прославам и само јас ќе знам дека славам еден живот и една смрт... смрт на една заблуда , на една грешка....
одиш у центар накај 8 за први април и гледаш врие цигани... одиш низ центар у 3 навечер и гледаш турци се ставаат на рандом жени, и викаш ај ке им се придружам(у активноста не со нив) уште ме наболуваат нозете од таа авантура али јбг само несфатив зш странци хараат низ центарот и се ставаат а нашиве се пасивни/среќни со сопствениот круг на пријатели дури и моментално да немаат жени у него....мистријите на живото (флешбак: не е тоа шо мислиш лол) аа и пробав да напраам другари од група албанци али се шо пробуваа е да ме измотаваат...штета можевме заедно да се ставаме, мислам дека потребата им беше ради чуство на инфериорност ...или само беа премногу трезни кујзнае ноте: хавана плака девојчиња да зборат со гости лол (барем за први) ноте2: некој луге им смета ако се забавуваш премногу...дури и ако они лично го праеле истото пред некој месец...тоа е ретардирано
Во петокот враќајки се од школо најдов телефон Samsung Galaxy s6. Бидејќи го најдов така што слушнав дека нешто во моја близина ѕвони, се јавив на сопственикот и му го дадов мобилниот. Добив разни коментари, од другарка ми дека сум била будала шо сум го вратила, од друга другарка дека добро сум постапила и слично, Најмногу ми значеше кога моите ми рекоа дека се среќни што одгледале ваква ќерка. Признанието од родителите дека си добар човек и дека се среќни со тоа каква личност си е нешто најубаво на свет што премногу ми значи.
Денес сум во ова mood: Ми треба прегратка и 500 евра. Без првото можам, ама сериозно кој ги има вишок, call me
Еве јас сабајле среќна, мислам дека препознав една многу мила феминка на инстаграм и нели следи и мањачење. Ама оп таман да направам follow гледам изгледа бивша на тој што се гледам сега. И ете ми дојде глупо сега да не испадне дека сум некоја тешка глупача, па му следам бивши. И си викам во глава, којзнае колку заеднички бивши, сегашни имаме со некој од тука а појма немаме. Пак ќе ми остане една од саканите феминки, само што нема да ја имам на други социјални мрежи. Тежок срам ќе ме изеде така
Ќе си го разубам дворот малце од кај баба си зедов неколку коренчиња. Пролет, пролет Толку убав ден шо прв пат утре имам колоквиум и не сум по стрес и си дозволив да одам до кај баба да прошетам малце. Убав ден.
И оп ти се случува пак љубов! Срцево ми танцува. Имавме уште едно „Будење“. Јас сум опколена со отворени, храбри и гласни и луѓе. Ја земав ќерка ми, за да ја пренесе пораката колку различноста е убава и како треба да се однесуваме во ова општество. Драго ми е што е како мајка, хуман ангел. Со овие случувања сфатив дека можеш со правите луѓе многу да сториш. Какви само жени запознав. Вчера прочитав и еден прекрасен осврт за она што се случуваше на „Будење“ во Јавна соба. https://www.facebook.com/koleva.rosica/posts/10156848619925093?pnref=story Бидете гласни, отворени и прфатете ја разлиноста. Не ја сожалувајте. Никој нема потреба од сожалување туку од борба со некој рамо до рамо!
За сите невести што го зимате презимето во машки род ми иде да ве лупнам со речникот на Блаже Конески.
СДК.... Во светот на животните се развиваат многу необични пријателства во различни околности кои ги одржува потребата од вистинска љубов, а човекот како најсовршено живо суштество ја сруши емотивната вредност на општите потреби и не умее да ги одржи ни обичните пријателства.
Јас не сум јас ако не научам нешто ново секој ден, не функционирам без негде да појдам, да запознаам некоја нова личност. Јас не сум јас ако не работам нешто, ако не се закопам во работа цел ден. 'Грев ' ме фаќа така ако безделничам по цел ден. Поздрав
Ќе ја видиш неизживеаноста на инстаграм со слика од смути кое се пие директно од нутрибулет чашката, јер ако е во стаклена нема да знаеме дека имате нутрибулет. У реду е сељанки, сфативме, само сите имаме нутрибулет...не е луксуз, потреба е. Срамота е бе ало, по 27 начукавте, комплексите ви вират од сите страни.
Mојот карактер е едно, а моето однесување спрема тебе е тоа што си заслужил . Што мислиш за мене ? Не знам а и не сакам да знам . Колку познаници , толку Петри ! Со која ќе се фатиш , со таа ќе си се дружиш. Епа сега бирај ...
Деќќи, дали со едно класично газолижење на шефот, со тапшање по рамо, со климање на глава 907 пати у минута за согласност, со нагласено вештачко смеење, со све, се согоруваат калории, и ако да - по колку у просек во текот на 8 часовен работен однос, пошо колешкава нагло је смршала. За другарка прашувам