Скд Последниве две недели од дома не излегов учев нон стоп и се исплати положени со максимум, колоквиуми завршија а сега уживам пресреќна сум. Скд Дека брат ми е во друг град поради работава и ми фали премногу , прв пат да ми фали премногу а во прашање се само 3 дена. Скд Сакам сонце ми создава позитивни вибрации. Седам на прозор ми се враќа филм како бркавме пеперутки и игравме фудбал со другарките и другарите од мало, и сакам пак некогаш да бидам дете ,недела да ми е резервирана за цртање и боење на цртежите по ликовно, а секој понеделник да одам на хор, да ме пофалува професорката по македонски дека одлично глумам и имитирам со гласот на настапи , а секоја среда проф по англиски да ме спрема за натпревар а омилен дел ми беше кога на часот по англиски на радио ни пуштаа дел од разговори на друштво што е во учебникот dream team, и тогаш во глава си правев филмови како јас сум девојката од учебникот, ми фали времето кога едвај чекав да имаме физичко и игравме ракомет или народна.
Денес кога влегов во школо како и обично тргнав во кабинетот за да вежбам математика. Дури кога видов дека нема никој внатре се пресеков и ми текна дека од денес продолжувам со редовна настава. Нема веќе натпревар, нема веќе 6 часа напорно вежбање... Од една страна јеј, конечно , од друга страна ова беше навистина последен натпревар по математика, толку, нема повеќе страшни бели ливчиња, невозможни задачи, пополнување на истите листови со податоци со години, дрдорење во комбиња, чекање повици, барање место во вратата за решенијата на задачите... Ме фати носталгија дури уште сега што знам дека догодина тие пак ќе одат и ќе ги прават истите работи. Ова беше последн, петти пат на натпревар математика, не ми се верува, толку е... Крај. Како јас ќе ги преживеам првите месеци од средно, ни самата не знам.
Она кога ќе се пријавиш за едно зилион работи во исто време,пошто, не можеш ти да избереш едно, сé си сакаш! Во најмала рака, ти мораш се да видиш,да пробаш, осетиш..нели? Како инаку би знаел што од сето, м?! И, кога ќе ти стигне „распоредот“ во кој секоја вечер си таксан за по плус 2 саати од кои, увек имаш и домашно. Реков ли дека и сабота си таксан? Е. Како и да е,можда ќе ми дојде паметот. Кујзнае.
Добро бе луѓе, зошто порано не ми кажавте што е тоа љубов? И зошто не ме искаравте? Интересно било ова чувство бе.. Боли проклето, плачеш секоја вечер затоа што не е твој, а се возбудуваш кога ќе го видиш само 2 секунди на сабајле и цел ден се смееш. Се ослободуваш и бегаш од часови за да отидеш до неговото школо, да го видиш додека има одмор, а тој рецка не ти мава. Плачеш од среќа и кога ќе го видиш на некоја нова слика, а потоа плачеш на истата од тага и копнеж по него... Ама најинтересно е кога ќе го видиш на сабајле пред школо, заспана, облечена во некој партал што ти се нашол при раце и ко џогер во главата. Е тогаш е најинтересно, само не знаеш дали да седиш и да го гледаш или да се пикнеш во првата шахта за да не те види таква. Што ми е бе? Јас ли сум ова? Дај советувајте ме, искарајте ме, истепајте ме ако треба, само да се вратам во нормала.
Никогаш во животот немав плачено поради машко. Ете, се случи и тоа. Подобро ќе беше да ме изневереше или да ми речеше дека не ме сака. Сериозна сум. Тогаш барем ќе бев само разочарана. Искрено, сега не сум разочарана. Само тажна, скршена и не можам да се насмеам. Ајде, можеби за неколку години ќе помине овој период... ама сеќавањата за него, неговата љубов засекогаш ќе останат во мене. Не. Не може. Глупости зборувам... Или барем посакувам да беа глупости. Да не го слушнев тоа "Мила, тумор е.". Сон ли е? Кажете ми дека е сон, ве молам... Разбудете ме, кажете ми дека е само еден обичен кошмар...
Како сакам да го повикам јуни, божем со некоја телепатска вештина, или со магично стапче пуууффф...... Или како егзотичен народ кога се спрема за повикување на дожд.. Дали бее ? Туку- така, не. Ама и без силење, ќе ми си дојдее. Е тогаш, тогаш, сакам да ми изградите музеон во моја чест! Како персонификација на една хероина! А на овие другиве, абе се ќе им истријам од носот, толку силно, прамените од корен да им отпаднат!
Го видов постот на Анима Мунди за кокошката и не ми е јасно колкави идиоти живеат во државата! Онака препрост народ. Значи здружение за животните бара помош за животно! Логично. Без разлика дали е кокошка или куче или крава. Имате слушнато за ПЕТА? И други светски организации кои што обезбедуваат мирен и фармски живот на животни како кокошки, свињи, крави кои ние секојдневно ги користиме во исхраната? Ако не сте вегетарјанци и не ве боли ич за животните не мора со потсмев да се однесувате кон тие што се грижат. Мали Херои од Битола имаме и свињи спасувано, и був, и коњ, и магаре. Без разлика што на некој му е смешно. Па уште гледам некој си јаки „портали“ исмејуваат. Мислам стварно нема смисла. Само заради фактот дека ние ги конзумираме кокошките во исхраната не значи дека некој нема да се обиде да спаси кокошка. Дедо ми бог да го прости еднаш најде повредено мало пиле и го чуваше дома неееезнаааам колку години! Не го заколи. Го растевме заедно и јајца несеше по некое ама дедо ми никогаш не го закла. Што значи има луѓе што се грижат за животните и прифатете си го тој факт колку и да ви е смешен или тежок за прифаќање во малите ограничени мозоци.
Секогаш треба да ја имаме надежта и вербата...понекогаш боли,понекогаш солзите ги држиш како кога ќе се мачиш да задржиш поглед на некој лепотан и се џариш во него ко нетокму,е така општо зборам,значи животот е да се бориш без прекин и насмевката да ја задржиш,без разликата како ти е одвнатре...и малку да се разведриш,тро по тро,систем капка по капка подобро ќе е...
Животот уште еднаш ми одржа лекција дека не треба толку негативно да се гледа на работите ... Се ќе биде во свое време, само трпение
Токму тоа и е одраз на малата самодоверба. Става слики за да добива признанија и да си го билда егото. СДК дека инспирација ти е потребна за да напишеш текст. За да напишеш поема. За да искомпонираш песна. За да насликаш слика. Дури, инспирација ти е потребна и за да седнеш да учиш, да средуваш по дома, да фатиш да зготвиш. Но, пред некој ден сфатив дека не ти е потребна инспирација за да фотографираш. Доволно е да излезеш надвор од прагот и веднаш пред тебе, магично, се појавуваат нешта кои се вредни да ги фотографираш. Бубамарата на ливчето, капките дожд, облаците на небото, однесувањето на луѓето, луѓе на точак, автобусите, дрвото отспротива, вирчето во кое за малку ќе стапнеше, или можеби зајдисонцето... Можностите се бескрајни. А кај тебе се буди желбата да овековечиш даден момент за да можеш одново и одново да го преживуваш кога, по некое време, ќе ги разгледуваш фотографиите и ќе се трудиш следните да бидат подобри. Или ќе посакуваш да се повторат тие мигови кои си ги овековечил...
Имав убав ден. Убаво време, убави луѓе и убави случки. Обично не сакам да споделувам кога се чувствувам така, и си молчам, но сега морав. Се чувствувам некако радосно... еуфорично. Дојде ли пролет, јас сум таква. Се будам од зимскиот сон. Се е поубаво кога и времето е поубаво. Иако сум станата рано, денот го поминав на факултет и надвор, па успеав и да вежбам кога се прибрав, пукам од енергија. Па сакам да ви пренесам дел од убавото расположение и вам, Феминки. Се надевам дека имавте убав понеделник и дека целата работна недела ќе ви помине сончево и позитивно.
Значи .... најмногу се нервирам од неспособни луѓе.. посебно ако се некој околу тебе, блиски демек!!! Абе ќе им кажиш, ќе им објасниш... се ти ќе соџвакаш а тие само да голтнат и пак тоа да не знаат доа да го направат !!!! Шта речи!? Коју поруку послати!!!
Денеска денот ми беше прекрасен цел ден го поминав надвор со другарка ми ај шеткање,ај кафица,ај муабет,нели морам да го искористам времето со неа додека мие тука.Дома се немам завртено абе убавини ми беше.И сега пак одам на шетња поздрав имајте убаво денче
Ме прашува "Од кај си и до кога си во градов""? А до вчера зборува со мене и ми вели " Ајде да пиеме кафе". Велам "Немам време,не вреди да те чувам" Е што сум таква,е таква сум дома некој ме чека и тој ќе си ги чувам. Фала чао. Сдк цел ден сум по надвор,денес сум пешачела цели четири часа без пауза и видов која убавина е тоа. Сега пијам чај и утрешниот ден ми е испланиран. Го сакам овој град.
Замисли ми се допаѓаш, одиме докај тебе и јас некако стигам до твој пц да пуштам фино музиче, и се испоставува дека во watch it again на youtube почетна имаш Zvezde Granda EXCLUSIVNO - cela emisija 2016 25 mart.
Не сме ни свесни во колку само ситуации очите нѐ издале за вистинското значење зад зборовите што сме ги изустиле. И токму способноста да се прочитаат неискажаните чувства во нечиј поглед е вистински доказ за тоа колку ти е блиска одредена личност и колку добро те познава...