@JollyGirl Ако многу добро го сокриваш, како сакаш да го видат? Ако сакаш да ти помогнат, дозволи им и да го направат тоа. Почни дома од своите, седни ги и кажи им ја вистината. Домашните ако не те бодрат, нема кој. Help yourself before it's too late. I really mean it
Веќе и мислам дека е too late искрено. Се ми е преку глава. Не можам да се отворам пред никого, ми треба време, не знам може ќе можам наскоро. Фала за виртуелната гушка
Изминатава недела некако времево ептен неподготвена ме фати, од чизми директно во балетанки, едвај се снаоѓав и со гардероба, направив хаос од кесите кај што убаво ми беа средени алиштата. Денес си реков веќе готово, морам да средам, да направам смена. Порано си мислев колку ќе ми биде поедноставно да си имам една соба-плакар, да не морам секоја есен и пролет да вадам сè, па да сортирам, па да редам и да вакумирам Ама па вака некако е поинтересно, има толку работи што си ги заборавам, па после кога ќе ги извадам од кеса се осеќам како нешто ново да сум си купила Денес четири „нови“ блузи си најдов и два пара „нови“ пантолони Кога сум веќе кај наоѓање стари работи што сум ги заборавила, си најдов и некои стари песнички што ме вратија во тинејџерските години Anastacia не сум ја слушала кој знае од кога, кога ја пуштив одма се вратив во осмо одделение Башка сама дома, па се разиграв низ соба како кога бев помала и моите беа на работа, а сестра ми во школо
@JollyGirl Најпрвин, биди искрена према себе. Што е тоа што те тишти внатрешно? Каков проблем имаш? Како можеш сама да си помогниш? Биди ОТВОРЕНА спрема себе и домашните. Не тлеј во себе. Тоа што врие во тебе мора да излезе оти ако го притискаш е многу лошо. Се собира и ќе пукниш одеднаш што не е добро за твоето здравје. Мораш да се гледаш себеси и твојата благосостојба. Не мисли на другите. Позз : *
Каков е тој "напатен" студент што, покрај тоа што оди во истиот град на факултет каде што живее, си овозможува журки секој втор ден, а секој викенд се по кафани директорите. И тие ќе му кажуваат некому што значи тежок живот. Па мислам, одјебете бре, вие "жалните" Од жални, само сте врби
Најискрено и јас се восхитувам на вакви луѓе со толку големо срце. Има еден дечко глувонем во супермаркетот каде обично пазарам. Секогаш е насмеан и дури кога ќе видам нервозни луѓе пред мене кои несоодветно се однесуваат со него, никогаш не успеале да го изнервираат. Секоја чест. Вистинска реткост.
Седам. Скаменета без да трепнам се загледувам во една точка. И пак почнувам да раазмислувам..како ќе успеам да го достигнам она што сакам. Помислив на една личност. Ми фали, не можам да кажам не. Од секое лошо - добро. Сигурно има добро, убедена сум. Јас само сакам да се исплачам. Во ред ли е да плачеш кога всушност имаш се? Не е грев да плачам, а не ми фали ништо ? Се надевам. Не, не сум неблагодарна. Само сакам љубов. На крајот сепак тоа е мотивот да се продолжи понатаму. Сепак љубовта е таа која ти дала сила за се, зар не ?
"Лелеее ќе паднам на колоквиумов, ништо не напишав." Гледаш резултати само 5 поени изгубила. Овој тип на луѓе дефинитвно ми ствара ненормална одбивност. Од сега решив да станам себична. Дај му на овој, дај му на оној и ти се качуваат на глава. Уствари па зошто да не, кога не си ја мачат душичката вака поубаво е. Е више нече мочи!
Potoa tie stanuvaat rakovodni lica kaj koi ke rabotis i nema ni da pametat deka nekogas od tvoi nskripti ucele ustvari prepisuvale. P.S.od iskustvo pisano. SDK mi se gadi od licemri nasekade .
И без некои личности се можело во животот. Се е минливо,така да се шо били поминало и се шо ќе биде ќе помине! Некогаш е подобро да ја смениш цела тетратка од колку да почнуваш нов лист! Се изградив како нова личност... -Поздрела -Похрабра -Посебична (некогаш мора) -Поистрајна Повеќе немие гајле шо другите мислат за мене,па макар и најблиските. Ќе го терам и живеам живото според мој правила,па нели тој е мој живот... Бришам се од минатото,не ме интересира ништо шо било како било,едноставно одам да си ја остарам целта! Сменив се... Навики,друштво....па и самата јас! И не се каам,зашто знам дека прв пат во живото го прам мојот кеиф а не на другите!
Во тој момент бев стварно многу изнервирана, па се тоа е напишано со многу повеќе бес Сега сум посмирена ама секако знам дека мора да зборувам со некој, знам дека е за мое добро. Ќе се потрудам да не мислам на другите, па како ќе ми оди ќе видиме фала ти за поддршката
Одлука донесена: Кратка фризура после зилиони години долга коса ис ол ај нид. Неделава на ту ду листата. Промена на боја е во оптег исто така, ама дали ќе се решам...најверојатно уште не. Бебешкава боја уште не ми откажува љубов, ни јас на неа. Нова работа, нова фризура, нов почеток...чекав две ипол години за нештава, се надевам ќе траат. Недела како Надеж. Надеж дека од неколкуте започнати книги ќе успеам да завршам една деновиве. Дека ќе бидам потрпелива. Дека ќе се научам да ја живеам сегашноста без да живеам во грч за иднината. Дека ќе се смеам повеќе, оти си го должам тоа самата на себе и на тие што ме познаваат. Дека мамево помалку ќе замара со непотребни питања. И уште неколку Дека... Добро утро Џенски. Кафето ме вика. Време е да го испијам, будна сум веќе неколку часа. Моето сабајлечко дрдорење ви кажува дека мозокот ми работел, нели? Глупирање и ренесанса. Добро утро уште еднаш!
Одамна не сум пишала. Не дека немам што, но периодов работам со и во себе и полна сум слики. Излегуваат, секакви. Од најбанални фотографии од небо и згради до глетки што ги заклучувам некаде длабоко. Се разбудив со помислата на садење џунџулиња, шери домати, мали пиперчиња. Лавандата ми пркна. Дојдов дома, во првата ми дома. Ме нервираат моите, божемепрости ги сакам, но тоа е. Веќе одреден период живеам одделено од дома со сестра и животот се одмотува. Веќе не работам на работата кај што работев, ја однесов втората книга на рецензија и раскинав со човек кој уште го посакувам, но мислам дека никогаш не го заљубив. Го сакав оти тој ме заведе. Најпросто. Емоциите ме задушија. Повторливи грешки и нечисти односи. Памет за друг пат. Воедно, многу инспирација и зачудувачки себеоткритија - луѓе што те сакаат поради она што си, обично и те оставаат поради она што си. That's life. И еве по неколку месеци умирачки, желба за заминување што подалеку, јас сум во Скопје. Имам 28 години и ужасно чувство на недореченост. Затоа продолжувам да пишувам и не сакам да кукам. Нема фајде! Вчера го јавнав точакот и по еден час возење на Кеј и низ градов, заклучив. Да не ми се Астални проекции и да не ми се соборците од ретвитниоброк, да не ми е поезијата, да не ми е љубовта кон животот, јас ќе бев мртва и единствени радости ќе ми беа шопинзите, озборувањата, журките со дишење во врат и слични глупи нешта. Да да. Ги презирам без суд и неокапиталистичките сервилни ем апатични врсници кои невино си живуркаат додека им се распаѓа системот во кој и тие се дел. Разочарувањето е евидентно. Затоа што сум уморна. Но, не се откажувам. Секогаш постои место во кое има љубов, само мора прво внатре да исчистиме ако сакаме да сме среќни надвор. Пролет. Фрлете се’ што не ви треба, или подарете некому. Особено облека, домаќински нешта. И не фрлајте храна. Донесете ја во сабота на пладне, има бездомници на кои им значи. Сакав да кажам дека растењето како процес е болна работа, но те движи. Се’ друго е илузија, а некому му е и тоа избор. Мене не. Сакам да сум промена, за и во светот да видам промена. Кафево ме дрма, пмсот исто. Фала му на животов што уште ме држи телото и разумот, па наоѓам начин да застанам иако се’ се ниша. Еден ден, ќе ви пишувам од Рејкјавик. На студеното, ќе бидам топла. До тогаш, бидете живи, здрави и будни.
Sometimes,all I need is a SWEATY WORKOUT ! Не знам што би правела без вежбање. Почнувам да се враќам во форма. Повторно треба да почнам од почеток . Колку имам само насобрано стрес. Телото ми сака вежби.
Се плашам од сопствените чувства, понекогаш... Интензивни се и владеат со мене, отсекогаш сум била таква. Но не би можела ни да си го замислам животот поинаку. Колку и да изгледа тешко, за мене смислата на животот е да чувствувам. И затоа ќе учам да не се плашам од љубовта. Нема да мислам на тоа што ќе биде по месец-два. Ќе уживам додека трае.
Не сум сигурна дали станува збор за солидарност, тимска работа или (не-толку)љубовен четириаголник, кога свесно се нафаќаш цела вечер да вртиш муабети со тип на кој му се допаѓа другарка ти - не за друго, туку за да му одвлекуваш внимание да не ја замара додека она си работи на случајот „зближување со симпатијата“. Барем да го ќареше, вака ми пропадна вечерта во бецелен муабет. #баби