Се извинувам прво, можеби нејќеш надоврзувања на постови овде, но исто е и кај мене. Џабе години, џабе друг начин на живот, џабе друга улога, ништо не ми го надоместува тоа чувство на сигурност и смиреност, онаа 100% сигурност дека си на мирно пристаниште и за ништо друго не можеш така да гарантираш. Се надевам и мене така ќе ме доживува(ат).
Јас само да ви кажам дека вмровски партиски полтрони кои работат во УБК и зимаат плата од нашите даноци дремат по кафичи по цели денови за да ве прислушкуваат што правите и со кого седите. Навидум млади и невини луѓе, кои немаат работа, ушпарале некој денар од родителите за едно кафе во денот, иако скоцкани од глава до пети, а оно шпиони. Вие го пиете вашето кафе, го јадете вашиот ручек пљампате дневнополитички теми, мислите дека демократија, па што има веза, мит е дека не прислушуваат, посматраат, дека е некоја параноидна идеја. Не друго, ова е мојата генерација која завршуваше факултети по третокласни универзитети со платени дипломи, дремеа нивните родители и тие по штабови. Смешното е што толку се глупи што си кажуваат кај стигнат ама у доверба, мој чоек си па ти кажувам што работам, иначе ќути си. НЕ СИ ЌУТАМ, СЕКАДЕ ЌЕ КАЖАМ! Чудесна моја земјичко напатена.
Сакам да кажам (1) дека се сеќавам кога бев мала и деца како деца се каравме. Гледате некој да победи и сите зборавме како муви бре. Кој да надзборал, кој да изложел повеќе факти камоли грешни, а не дај Боже некој да послуша туѓо мислење. Само се мелеше. Вистина е дека предшколското дете не знае за други мислења и мисли дека нема други и дека сите размислуваат како него, што и неможи да се речи дека е егоизам ама ... ама да мислиш дека ако некој мисли поинаку од тебе по дифолт е грешно па дури и да го навредиш тој некој на лична основа, па дури и тоа што го велиш да е грешно - е крајно мизерно. Кај ни ојде човештвото, или подобро да речам човечноста ... Сакам да кажам (2) дека после извесен период се вратив на 7cups, и како јас го трошам моето слободно време е најнебитно, зошто ова го споменувам е за една девојка со која разговарав. Ми пиша и зборувавме, како што ми го откри нејзиниот проблем сфатив дека го имам нејзиниот, со деталите бев запрепастена од сите случајности. Ѝ кажав за тоа и можеби избегавме од темата ама знам дека ако ми беше блиску ќе се спријателевме. Беше многу пријатна и знам дека на крајот го завршив разговорот знаејќи дека и таа, а и јас сум среќна. Она кога се колебаш во себе, не си сигурна шо сакаш ни шо чувствуваш и се гледаш онака во огледало и сфаќаш дека само паничиш без причина, дека пак си изгубил контрола и дека океј е тоа се додека можиш да се вратиш самиот на правиот пат. Сакам да кажам (3) утре ми е роденден и тоа е една од многуте причини зошто се чувстувам лошо. Барем јас, секој роденден го доживувам како нешто лошо, несакам кога добивам бројка плус. Решив овој пат да не славам нешто посебно, туку само со дечкото и двете најбилиски другарки. Ја правам тортата сега ама немам некоја желба и за тоа. Сакам да кажам (4) во недела дена имам дури една партија победена на играта шо ја играм и тоа ми го повредува егото. Неможам едноставно да се помирам дека не ми оди добро па се помирувам со една партија на ден додека порано би играла и повеќе. Сакам да кажам (5) денес имав две предавања на српски. Признавам, не разбирам. Абе седев гледав во човекот, ама онака немо, изгубено. Потоа се тешам си викам подобро е да гледам во презентацијата па додека тој зборува можеби ќе прочитам нешто и се случува ова: „Mo-ti-va-ci-ja je ut-je-caj ko-ji iz-a-zi-va, us-mje-ra-va i o-dr-ža-va že-lje-no po-na-ša-nje lj-u-di.“ реченицата беше друга, а можеби и делењето на слогови не е баш така, но сакам да кажам, го должев, го должев - и ми го смена слајдот. Па потоа му се „налутив“ на професорот па си цртав замислен град кој го крстив .... 'Nude City', ми остана уште еден дел од градот, па ќе ве частам слики - да ми го оцените. Па ... за денес тоа е ... се.
Аууу сум станата како некоја спонзоруша, ако не намирисам пари кај некој, јас го елиминирам од опции. Спонзоруша ин макинг. Само во парите ми е умот
Скоро да немам ни време да си поспијам. Како ми се спие. Денеска почнав да трчам и си мислам ќе ми отпаднеа нозете, ептен сум зарѓала, очекував повеќе од себе си и малку се разочарав, можеби улога во тоа имаа и обврските минатиот период. Сега повторно ми следува период на обврски. Нека се множат има денови кога и досадата си го прави своето.
Чудесно е колку најмалите мигови, најбезвредните зборови може да не потсетат на некој... Да не потсетат на сјајот кој го имал во очите кога не гледал... Да не потсетат на сите комплименти... Да не потсетат на „ме нервираш што си убава ...“ Да не потсетат на нескриениот восхит... Да не потсетат на „не сум достоен за тебе кукло...“ Да не потсетат на бескрајните разговори... Да е потсетат на „од нервози ќе ми умреш мори...“ Да не потсетат на милувањето на кожата... Да не потсетат на морниците по таа кожа од секоја масажа... Да не потсетат на „љубим те где највише боли...“ Да не потсетат дека и болката помалку болела и теретот помалку тежел... Да не потсетат на смеата во ноќите... Да не потсетат на вечерите пијани повици... Да не потсетат на лулашките, полноќните кафиња... Да не потсетат на љубовта, на потребата, на бескрајно често цитираните стихови од Балашевич... Да не потсетат дека и кожата повеќе светела, и душата понежна била, и срцето смирено, и соништата поостварливи заради таа љубов... заради тоа восхитување... Да не потсетат дека сами сме заборавиле да се сакаме, откако ги нема да не потсетуваат колку сме вредни... колку сме убави...колку сме секси.... Да не потсетат колку некој недостига... колку ненадејно заради него во градите заболува... Да не потсетат да го побараме зошто уште не е готово... зошто ни треба... зошто му требаме... зошто се уште во љубовните приказни го пронаоѓаме...
Ептен сум изнервирана од вработените во здравството во нашата чудесна Македонија. Поставуваат погрешни дијагнози па и ти кажуваат дека со тие симптоми ќе умреш за кратко. А они неписмени, со купени дипломи и се` им цвета. Остајте сега тоа, да не ви зборувам негативно. Имам добри вести. Одлични. Се` е во ред, нема никаков тумор, никој нема да умре, сите сме среќни. Особено јас. После десетина дена постојан стрес и плачење, конечно душата ми е мирна. Знам дека е добар, можам мирно да спијам. Се надевам дека и вие сте сите добри и среќни. Ве гушкам.
Највеќе од се, мило ми е што го имам тој еден што се онесвестувам кога ќе го видам. That's all I need, а се другото сама ќе си средам
Кога ќе прочитам наслов ,,Заработете од дома,, ми се Е ај некој нека каже како се заработува од дома, па сите да седнеме и да заработуваме Народов што замина во странство ова го немал прочитано...џабе си заминаа луѓето да рмбаат во јабана...не знаеја дека од дома од кревет можеш да заработиш ...
Ќе ти пишев лп како, ама затворен ти е профилот. Да, се заработува и тоа добро, со работа. Пишување, програмирање, графички дизајн, менаџирање социјални профили, продавање права за фотографии, маркетинг кампањи... Има многу опции и сето тоа се работи од дома. Па ете и преведување, може слободно од кревет. За кликањево сум скептична, иако познавам една девојка што беше упорна низ тие почетни фази каде не се заработува ништо, но потоа беше задоволна. Интернетот нуди можности за заработка, треба само да истражите, да бидете упорни и да имате некаков талент/вештини.
Sdk deka do sabajle ke se porodam . Momentalno imam bolki a i prokrvariv malku . Stiskajte mi palci inlove:
Отвори се пред некој непознат и најубав совет ќе ти даде, пошто не те познава доволно, не чувствува жал за тебе дали толку ќе повреди, и ќе ти ја каже вистината во лице. А кажи му го на познат проблемот, прво ќе те лаже, ќе ти врти од околу 300 други совети и примери, и после ќе ти заврти грб пошто не може да се расправа со тебе.
Покрај сите немири деновиве и внатрешни и државни светла точка натпреварот Ливерпул-Дортмунд. Оххх како сум се израдувала луѓееееееееееееее! Од разочарување, до надеж, па пак разочарување, па пак надеж, па срцеви удари 3-4 до победа! Срдечно се прерадвав многу! Ваков фудбалски натпревар не сум видела претходно и мислам дека баш заради вакви натпревари фудбалот е толку познат спорт. Уклучвам 10та минута гледам Ливерпул губат со 2. Кога бреееее си викам аман жити се кога стигнавте да ја посерите во 10 минути цела утакмица. Исклучив си реков ни гледам ни ништо џабе е ова ја изгубија поарно да не се нервирам. Гледам на резултати од време на време- гледам Ориги гол. 1:2. Океј си викам добро добро има надеж блиску сме. Гледам пак по 10 минути 1:3. ААаааа упм си викам. Зошто вака бре зошто. Гледам на твитер гоооооолллллл сите твитат. Уклучвам 2:3 Кутињо. По нецели 10 минути 3:3 Сако. И веќе уклучив да ја гледам. Последните 15тина минути ја гледав. Си викам ајде бе уште еден ајде за полуфинале. Веќе ближи 90та минута си викам во умот добро барем се бореа барем не изгубија со 0:3, се тешам некако.Во 91ва минута гооооооооооооооооооооооооооооооооооооллллллллллллл Ловрен муцеееееееее ете и сега се возбудив. Како сум рипала и тоа кај дечко ми дома!!!!! Откачив! Мислам невозможното го направија. Стварно ми се разубај денот со фудбалов нема шо! Ах. Дишам. Уште сум под импресии. Па ѕвонам кај брат ми на мобилен се дерам еееееее батееее виде? виде? тој вика се радва лелеее... Убајни. Многу ги поштовам овие Ливерпул заради нив загледав фудбал. YNWA!
Од хобија, имам навика да губам дигитрони. Сериозно, мислам дека од време на време се појавува црна дупка која ги проголтува, по што единствената опција која ми преостанува е да си купам нов
А, утрово од 7.30 се врткам в кревет и презаспивам, си давам време да спијам ама неможам. Дури и внатрешно неможам да се помирам дека наполнав 20 ахахах. Нека ми е среќен роденденот !! Повелете на торта (вистинската сеуште ја немам сликано) И друга работа, секогаш сакам да кажвам дека се осеќам пресреќно зошто овај ден го делам со актерката со која пораснав: Па да не речам, и име дури си делиме ааа
По се изгледа ќе си имам симпатија у скоро време. Симпатија бе, после 100години. Ќе видиме, можеби. А можеби и нема. Ај има време. Уствари нема време ама тоа не е тема сега. Добро утро на сите
Оти јадеш 200 гр. чоколада, а на мене не даваш Кога не се замарам со нешто, ма не ми е битно ни првата буква дали е А или Ш. Ај пријатно сега.