Од кај погоди? Ми рече „еве ова за тебе и салатите“. Индиректно сакаше да ми посочи дека сум за диета изгледа
Сакам да кажам, не сакам форсирани работи. Скоро видов еден цитат кој го вели истово и одеднаш ми се кренаа влакненцата на телото сигнализирајќи ми дека се пронаоѓам сосема во текстов. Форсирани разговори, форсирани пријателства, форсирана љубов. Сето ова води кон фарса а тоа не го сакам дефинитивно. Сепак, понекогаш си дозволуваме да пловиме и на бродот на форсираните работи...а понекогаш и таа лажна илузија е пријатна и фина. Денес имам убав ден. Работни обврски, сабота и работа, сонце и пријатели...кул дружба. Многу ми е мило кога соработувам со професионалци, пред се човечни луѓе со срце и сите морални особини кои ретко може човек да ги најде во општествово... Сакам да кажам и дека премногу сум била разочарана во животов и колку што многу ги сакам луѓето, сакам да работам со луѓе толку и сум резигнирана понекогаш, се држам на дистанца и гледам кон нив недоверливо и со огромна доза претпазливост... Чудно и тешко ми е да поверувам дека можеби е време да се опуштам, дека сум налетала на човек што ме почитува и сака...На човек на кого му давам шанса и некако ми ветува многу, но јас сум сепак со мал дел од своето срце недоверлива.... Ми велат да се опуштам, да уживам во убавините на пролетта и љубовта и да уживам... Којзнае, можеби и се во право... Вреди да се проба.
Dzabe mi e sto sum stanala vo Sabota vo 6:10 sabajle. Tapkam vo mesto. Seuste go ziveam Petok popladne. Taka e koga nema da gi zavrsis obvrskite za Petok. Eve go 10 saat . Ako pobrzam mozda i Sabota ke ja fatam. Nema polosa desavka od cistenje za vikend. Mi se slucuva mozda ednas vo god. ama definitivno me vadi od kolosek. Aj da odam da zavrsam pa i na mene da mi pocne denesniov den. Ja sakam Sabotata, ne mi preci ako 7 dena vo nedelata e Sabota
Велеше дека кога ќе се омажи, немало да му се меша во приватниот живот, како сакал и знаел нека си ги пеглал кошулите ... Ете ја сега, го уценува пасвордот да и го даде, не сфаќа и не и не! Ваљда иронијата е составен дел од животот.
Mногу сакам луѓе што го почитуваат моментот кога блиска личност ќе ги избере токму нив за да им ја отвори душата, без разлика дали за нешто позитивно или негативно, и во име на тоа со нивната реакција секогаш ќе направат личноста да се чувствува поубаво. Луѓе на коишто можеш да им кажеш каква било ситуација што лично ја сметаш за проблем, и знаеш дека нема никогаш да ти дадат совет во „не се замарај со глупости“ стил или пак да го минимизираат споредувајќи со нешто што нив ги мачи. Уште повеќе па луѓенца што кога ќе им кажеш некоја надежна неостварена желба, амбиција или цел што навистина ја посакуваш, никогаш нема да те погледнат во „не летај во облаци“ стил, туку колку и да изгледа исполнувањето на истото можеби малку подалечно во моментот, ќе те поддржат и ќе ти се надоврзат со сопствените соништа. Туку, има нешто посебно во оној магичен залет на мислите што го дава движењето на кола/автобус заедно со пријатниот пролетен ветер додека седиш покрај отворен прозорец. Уште кога сето тоа е придружено со плејлиста на омилените лајт песни, мозокот станува вистинска филмска лента на која се испомешани убавите спомени и пријатните сценарија што се редат низ мислите... Во ваквите пролетни денови сè што ми треба за убаво расположение е горенаведеново фантазирање... или пак варијанта со кафенце и книга на дневна светлина, на чии редови се отцртува сенката на некое дрвце или ролетната од отворениот прозорец. Oдамна сум немала инспирација за поасален пост во омиленава тема, а и одамна не сум ве поздравила со некоја мелодија како шлаг на тортата, па сега ја користам приликата. Имајте убав ден, викенд, пролет..!
Дај нека го преместат тоа парламентот на друга локација, стално се блокирани главните улици кога има протести, не знае човек кај да чека автобус и лимузина.
Многу ми се убави викендите на личен развој. Од се и сите се исклучувам. Си пипам по душава со чисти рачиња. Уживам да се запознавам себе си, да си ја вадам душата на дланка. Некогаш не е убаво да видиш што е тука, а не си сакал да го видиш. Добив спондилоза од веднење и упорно давање. Ама еве се учам пак да се исправам. Епа после нека се трудат да ве дефинираат другите.
Па дошле, па ми зборуваат за него Мислам дека, уште малку ќе дојдат и ќе ми речат внук на Ал Капоне бил. Барем им го ценам трудот и креативноста Знам како е да се зборуваат измислици за тебе, мислам, јас го имам тој талент, но само ќе им кажам: Ain't gonna happen
Се чудам како да стигнам на настан моментално...Вчера испуштив исто еден многу битен... Катастрофа!!!
Кога треба да вежбам математика некој ден за тест, тој ден го прежалувам уназад неколку недели. Така и утрешната недела жалам што ќе биди помината во вежбање математика, али јебига живот. Иначе вчера ми беше роденден, не можам да си поверувам дека ги начукав 17(што би рекла мајка ми) Цел ден јадам скришум торта и чоколади, само тоа денес ме држи.Вечер на роденден се ќе испотрошам ветувам.
Здравјето навистина било се. Што ти вредат сите изобилства ако нешто безмилосно те мачи одвнатре и не ти дозволува да се смееш?
На ТМФ имаше штандови баш за пракси и работа од областа на информатиката. Конкретно беше за студентите од ФИНКИ. Нека си провери и обрати таму.
Многу лоша комбинација е кога ќе се спои депресија со анксиозност Од една страна не ми се искача никаде, не ми се прави муабет со никој, а пак од друга ме фаќа нервоза зошто општите работи во животот си талкаат во место? Да ја обвинувам анксиозноста или не? А што е уствари анксиозност? Нервоза без причина? Дефениција ако може некој да ми даде?
Нејкам да кажам јас сакам да прашам, да не знае некој кои бројчиња ги извлекоа на денешното лото? Многу ми е итно, а страната не е уште ажурирана.