Многу ги сакам личностите што ми помагаат во себенадоградбата и личниот развој.... Можеби ми е тешко, ама очигледно треба да си ја сфатам лекцијата и да работам на мојот фидбек... Сега знам што ми недостига. И ќе го променам тоа во подобра насока.... Ама ова е едниот дел од приказната...Можеби и самокритичноста е многу убава особина. Ти помага да се спознаеш и да работиш на себе. На недостатоците кои секој ги има. Да ја согледаш ситуацијата од реалната страна и здраво и разумно да пресудиш, без обвинувања.
Добро, вие што држите лутина со денови свесни сте дека сами на себе си наштетувате? Мислам толку гнев и лутина да држиш долго време, ќе те упропаси психички и душевно. Како може кога ќе се расправате со мајка ви за банална работа, после тоа 1 недела да не и зборувате и да вриете од нервоза? Или со сестра/другарка/дечко/баба? Како може толкава лутина да чувате во себе и да се јадете сами со себе? Воопшто не ви значат тие луѓе, па воопшто со денови да не им зборнете? Прво секоја чест на тие што се околу вас и ве поднесуваат. Ете пример е мојата другарка, а ние ги трпиме нејзините испади. Се расправавме веќе подолго време, ама во петокот излезе од контроа и ете ја 4 дена ја нема за жива глава. Мене ми помина лутината уште другиот ден. Имам меко срце и одма ми поминува лутината, после се правам ко ништо да не било. 10000 пати се има така случено да се расправам дома со некој, и ќе си речам готово не му зборувам, ама после 1 саат ко ништо да не било Јас ете ќе го превземам првиот чекор и ќе и се извининам на другарка ми, нема да ми падне круната ако и пишам прва една порака со извинување, а криви сме подеднакво двете (па дури може да се каже дека таа е малку повеќе, ама реков нема да ми падне круната). Јас кога ќе се извинам мене полесно ми е на душата, не сакам да си ја уништувам и трујам душата со такви работи. Зошто да трпам нервози, лутина и гнев во мене, кога можам да и пишам? Ми значи и ја сакам како другарка, знам дека и таа ме сака ама ДРВО си е. Само си викам што ако и јас бев инат, тврдоглава, да можев да држам толку лутина во себе, и да не попуштам, што ќе се случеше? Ќе имаше ова крај? Пуштете го срцето, сите правиме грешки, зошто да си ја труеш душата кога можеш се на секого во лице да му кажеш? Ќе попуштиш 2/3 пати, ама ако те сетат сите дека си толку добар е тогаш ќе наебеш малку. Се тоа со осет се прави. Инаку во автобус пред мене седеа две постари жени (околу 60тина год имаа), и едната кога извади мобилен, 1000 пати поубав од мојот беше. Па уште со розеви маски, футроли глупости, ко што носат сите млади, цел телефон и беше на тач,и муабетот што го напрај беше врв: -Ама кај ќе ми ги пратиш сликите? Може на вибер? Не бе, не бев онлајн досега, зошто? Аааа, така ме покажувало хаха.... И тоа жените не беа некои скоцкани, стари шмизли, туку беа онака со шамии врзани (мислам беа турчинки по националност), сосема обично облечени, пред тоа си зборуваа нешто за внуци, домаќински муабети...тач? вибер? онлајн? Јас баба ми не можам да ја научам една најобична порака да прочита, на најобичен телефон (алкател стар)...а овие машала
СДК дечки ќе го убијам стварно овој пат. Ме фрустрира ми гази на живци два дена и после демек ај да сме се виделе да сме ја сределе работата. Ај добро. И се осмелува да дојде таков прекрасен и дотеран и го гледам ми иде да го изедам,а морам да глумам лута. Ѓубренце грдо. СДК2 кај што е редно време да се ослабе,после тоа следи редното време за нови работи. Од период "се имам и ништо не ми треба" доаѓам до периодов моментален кога од чепкалки за уши,до ајвар,до долга сукња и нови штикли,па се до нова четка за заби што ми треба.И накит нешто.Евентуално парфем.Не сум јас за пари дефинитивно...
СДК мака ми е да читам долги постови, но никогаш не ми е мака да читам долги постови во темата "Најужасен состанок".
Штотуку ги најдов салфетките кои ги собирав како мала, мирисот и сеќавањата сеуште исти, денов ми го направија целосен.
Не е фер жената да е бремена 9 месеци, да раѓа па згора на се и да се буди на секои 2 часа за доење. Зар не можело татковците да дојдат? НЕ Е ФЕР!!!!
Вчера седам на кафе и го слушам еден млад дечко како збори дека животот е падни стани,губиш,добиваш,плачеш,но и покрај се што ти се случува во животот,и покрај се што си доживеал,стануваш се посилна,и посилна,личност на светот.Да го слушав со апетит,и сакам да кажам дека се согласувам со него.Точно животот е таков.Секој човек ги губи лугето што највеке ги сака.Се прашуваш зашто господе ги зема баш кога највеке ни требаа,зашто.Е тоа боли,многу боли,и е тешко многу едноставно неможеш да поверуваш и да се помириш со тоа дека повеке ги нема,ти фалат, многу ти фалат да ги видиш,да ги гушнеш,све ке направиш за да можеш да ги вратиш,а знаеш дека тоа не е можно,тоа ке боли се додека си жив,и се додека дишеш.
Абе ми иде на моменти да го треснам со нешто по глава ни крив ни должен. И така си се лутам за ситници цело време и сите ми се криви. А да ми во видиш десниов подочњак, до колено ми е спуштен.
Virtuelna poddrska. On sea spie u druga soba jas u desna raka bebe i dojam so leva skrolam. Utre cel den na rabota, jas pak dojam. I na kraj, niv pak potesko im bilo.
Сдκ овој пеρиод мислам сите машκи се за ниκаде. Навистина мислам таκа. Ама баш навистина- без веρба за можни изненадувања. Можеби е тешκо да се повеρува, ама навистина таκа се чувствувам. Имам читано деκа во ваκви моменти на очајание се појавува пρинцот на белиот κоњ. LOL Ште умρАм од чеκАње Ептен сум зевзеκ- ни еден муабет не го завρшувам сеρиозно.
Јас моите им ги дадов на тетка ми и на братучетката а имам и ливчиња од Касандра и Барби(детска пошта)
Се борам со емоциите. Се борам да надвладее здравиот разум. И во вакви моменти, сите ги сечам, љубезност да , но толеранција слаба, скоро на минимум....
Мислам немам пишувано за ова, ама кога и да ми текни се смеам па си реков ајде утрово. Дечко ми има внука која живее во моето соседство па така ме знај. Пред некој ден била на гости кај дечко ми и му вика: „Кај е жена ти? Зошто не е тука?“ „Кај ви е детето?“ „Како немате дете, зошто не си родите едно?“ „Ти си најубав, ама жена ти е поуба оти нема мустаќи.“ „Јас никој неќам ама вас двата ве сакам зошто не ви смрдат нозете.“ Мислам дека за ништо толку многу се немам смеено, уште се сеќавам кога таа беше кај него и тој се ова ми го пишуваше на фејс ахахаха И потоа (другиот ден) знам дека бев до продавница и се враќам и ја гледам малата пред зградите врви со мајка ѝ ама онака не ме виде одма помина покрај мене трчајќи па само се поздравив со брачеда му. Абе злато тоа Потоа ми текнува кога бев в градинка, нели работев на вежби со малите. Мојата омилена вежба беше со претурање вода, но прво правевме со споредби на слики. И сега зошто ми беше страв да не ми се скршат чашите во чантата додека другарка ми прашуваше јас слушав и кога завршуваше пишував, а во меѓувреме ги вадев чашите од чантата и пластелинот. Едно дете: „Што е то?“ Јас: „Пластелин.“ Детето: „Шо ќе прајме со него?“ Јас: „Топчиња.“ Девојчето до него: „Јас ќе го направам најголемото топче!“ Јас: „Важи, најголемото за тебе, ајде сега слушај ја неа, важи?“ Климаат двата и се вртат кон другарка ми и работат вежбата, јас бев кај малите и слушав и пишев белешки. И не поминаа пет минути и пак истата приказна. Првото дете: „Што е тоа?“ Јас: „Пластелин.“ Детето: „Шо ќе прајме со него?“ Јас: „Топчиња.“ Девојчето до него: „Јас ќе го направам најголемото топче!“ И ако не се лажам барем уште два пати се случи истата ситуација, ама се одговарав некако. Истата ситуација се случи дури и кога јас работев со малите, а другарка ми работеше со две плочки пластелин со големата група (а овие две деца припаѓаа на големата група), и место да види за што работат зошто со неа работи, тоа упорно мене ме прашуваше. И си имам очигледно #ThrowbackThursday во Среда. Добро утро. Имајте убав ден.