СДК,Од кога сум на форумов немам сменето аватар.Денес се решив да го сменам.Ќе го менувам секој месец на истиот датум.Времето е супер Сонцето сјае,би сакала да е и вака за викенд но со повисоки температури.Ми се шета некаде,имам енергија во себе сакам да ја истрошам.Ќе си барам друштво за утре после училиште за на кеј,сите на телефон висат никој неќе да дојде со мене да возиме велосипед или да пешачиме . Често неделава кога ќе ја видам природата сфаќам дека е пролетта навистина дојдена.Сите дрвја се расцутени,има по некој плод(сливи зелени),природата е разбудена,ластовичките се пристигнати.Врапчињата црцорат.Желчињата е будни од хибернација има мали мачиња кој штотоку дошле на свет,народот е се пораздвижен.Се околу мене е живо,мерак ми е да ја гледам таква природата,чиста убава средена и жива.За разлика од зимата кога е сиво,исушено и тмурно. Правам кафе,кој е за нека повели. П.С : со помин да им е на сите кои имаат некој проблем дали здравствен/семеен.Се надевам дека се ќе се заврши за брзо.Бидете силни!!Имате поддршка од мене и целиот форум..
Колку треба да си кретен , да ја водиш женската за рака (додека таа си лиже сладолед )ти да зјапаш упорно у друга со дечко ???? Па добро беее , ја разбирам да свртиш поглед , ам ко теле да зјапаш , додека те приметил и нејзиниот дечко (таа мутавата уште си лиже сладолед ) ааааа?!?!?!?!?!
Нема ниту една константна работа во животот. Сѐ е ме(и)нливо. И тука сум јас, најголемиот хејтер на драстични промени и човек кој сака се да му оди по план... или планови... кога веќе имам план B и C за ако веќе постоечкиот план А се искомплицира. Е кога веќе работите не одат по планираното, настануваат полуапокалипси во мојот свет. Но ги преживувам. Сега како.... тоа е друга(долга) приказна. Во овој период, исто така се соочувам со последиците од многу промени кои досега ги игнорирав. Бидејќи повеќе немаше како да продолжам со процесот. Ама ми доаѓаат too much. И не знам како понатаму. Односно знам. Знам како понатаму, не знам дали ќе успеам. Но во случајот не станува збор за знам/ не знам. Туку за морам. Морам да успеам. Морам, за да продолжам понатаму. Со ова уште еднаш се докажува теоријата дека од ништо не се бега и кога тогаш ќе мора да се соочиш од тоа што бегаш. Затоа, воопшто не се труди да избегаш во прв план. Залудно потрошената сила ти е потребна сега, кога се трудиш да се извлечеш од калта во која си длабоко пропаднат.
Доаѓа викенд? Во сабота сум цел ден на натпревар во друг град, во недела полагам испит за стипендија, во понеделник се сликаме за алманах, а песничките не се готови. Некој да направи чкорчиња за ждрепка за да изберам на што попрво да мислам, ќе ве молам.
@Petra777 Боже Петраа Па затоа и го купил сладоледот на девојката, да има со што да се занимава и да не го гледа додека тој иде лево-десно со очите милиот Инаку, СДК Решението се наоѓа тогаш кога некој во фаца ќе ти каже то cut the crap & just do it.
Ми фали еден дел од мене кој со текот на времето исчезна, обврските си го направија своето. Знам дека тоа не е оправдание и сакам работите поинаку да стојат. Ми недостига читањето на книга, потонувањето во светот на книгата која ја држам во раце, срцебиењето на тоа што ќе биде понатаму, останување до доцна во ноќта со црвени очи од што ми се спие. Но сепак крајот бил поинтересен а уморот потиснуван. Возбудата на секое одење во библкотека и бирање на рафтовите нова книга која ќе ми го привлече вниманието а притоа уживајќи во мирисот на стари книги. Или пак уште поубаво возбудата за купена нова книга, исполнетоста во душата кога гледам дека семејната,домашна библиотека ми се зголемила. Одамна си немам приуштено ваква убавина на душата, а ми треба како никогаш до сега да ме релаксира
После саат време чекање автобус, кој впрочем го немаше заради протестот чие збирно место беше најверојатно железничка, се качувам и нешто што прво слушнав кога влегов е некоја глупава песна на радио „..ово је земља мојих снова..“. Па, добро луѓе, каква е оваа ситуација?! Колку иронично.
http://edition.cnn.com/2016/04/21/entertainment/prince-estate-death/ Навистина штета,на 57 години. Почина еден голем маестро,генијалец и великан во музичката индустрија.RIP Prince
So, hello! Искрено, вака ги гледам сите шо се чкрапаат по фб-уков. Крем друштвата, крагњи, кравати, лептирмашни, костими, коктел фустанчиња, друштва големи,родендени, пиење, јадење, "другарства" Колку сум само различна од нив. Можеби за некого сум 'closed minded', ограничена. Ама мене ми е најубаво во свое друштво, по напорниот ден сакам мир, топол дом, тишина или сентиш музиче. Одредено друштво, уствари неколку души само, од никогаш сум немала големо друштво. Ми годи самотијата. Не можам да глумам дека го сакам некој , или да му се лигавам со зборчиња од типот-срцка. Вчера ја запознав и денеска за неа сум срцка. Чек, чек малце како бе така? Едвај те познавам па и на фб да ме додадеш. Хеллоу, ај ем вејвинг ту ју. Можеби претерувам, но стварно ептен сум претпазлива со луѓево. И на крај, да бидеме свои пак ќе речам јас..само такви ќе не сакаат луѓето. Пример јас никогаш нема од второ гледање на некого да му речам срцка. И не ме преправаш и точка. И најбитното.. Знаете кога сме најубави? М? Кога сме СРЕЌНИ Останете засекогаш така. Добра ноќ.
Денес после работа дома се одмарав. Случајно додека вртев низ тв каналите и ја чекав пицата добив порака од моја најдобра другарка. Дојде не очекувано брзо... Ми зборуваше како е изненадена од новиот дечко, дека и е одлично и извади кармин како подарок од maybelline, и ми рече ист си купив и јас и знам дека обожаваш розови кармини па затоа ти ја зедов оваа боја. Ме изненади гестот. Тоа дека беше со виолетова панделка запакувано. Дека позитивните вибрации и се гледаа од самиот поглед до нејзиното движење. Јадевме заедно од пицата, се смеевме и ми кажуваше што планира да го изненади.. Изненадувања после 1 месец, најмили ми се. <3
Лицето можеш да си го нашминкаш, но душата не можеш. Не можеш да јадеш пудра за да се разубавиш одвнатре, ако душата ти е грда, џабе ти е.
Кога му е мука, си свири. Седнал во пижами и свири. Го оставам... Секој со својата одговорност. Врска е израз на сечија личност и индивидуалност. Си изгаснав и како шашардисан ме гледал во темницата како силуета од одблесокот на ламбата кај него и вика - ти си... Се смеам. Која сум? Ми го довикува името. Викам главом и брадом. Одвраќа, брада немаш, бркови поретко. Го прашувам, се плашиш... Вика - да, кога ми одговараш како дух и не те гледам. Станав и го подпогледнав во очи, сериозна сум, се плашиш ли? Ми рече - малку. Си викам...аааа малку. Си ја одсвире: И баш од срце и баш себично си ја доживеав за себе. За мерак на душа. Некогаш херојски е да признаеш дека се плашиш. Деновиве многу во знакот на стравовите... И го сакам од дното на душата дури и кога ми доаѓа да го сломам буквално и со зборови. И го ломам со зборови, не го штедам, па потоа ми е тешко. Вечерва, поќутев. Взаемен емотивен конфликт, ни во сон...посреќна и поисполнета не можам да бидам. Ама...амааа...имам проблем со луѓе што ставаат здрава нога во трн. Си ја одсвире, ми ја здипли дланката во неговата и си легнавме. Јас око не можам да склопам, он џоња. Сигурен чекор, ама јас ќе му ја видам минијатурната промена која ќе укаже дека нешто не е во ред. И да не сум на негова страна, помеѓу четири ѕида ќе остане. Пред светот? Секогаш сум му... Сите сакаме некаде да припаѓаме, тоа е најсигурното глобално нешто што можеме да го кажеме и да важи за сите... Јас си знам за што зборувам. И уште ми игра окото...ме нервира. Боже колку сум променета...
Citam negativni postovi i si velam dobro mozebi e samo period, ama koga ke vidam kolku luge kliknale "mi se dopaga". E toa me zagrizuva. Aj ovaa osoba otisla u PM, ama ne e sama i drugi imalo uste ponegativni. Ke se smeni li nesto?
СДК 1 2016-та со брзина на светлината ги зема славниве личности. RIP Принс. Беше легенда, икона, човек со талент, музички гениј за што повеќето не знаеја. СДК 2 Денес е ден на планетата Земја. Време е малку, барем на вакви денови, да подзастанеме и да подразмислиме што ние правиме за неа и зошто вака ни враќа. СДК 3 Внимателно во сообраќајот. Денес поминав крај пешакот кој загинал на пешачки. Не знам, мене ми изгледаше премногу далеку и од едниот и од другиот пешачки. Отварајте 4 очи - и пешаци и возачи, време е да се свестиме.