Кога е ладно и ти си напокријана со 175278 кебиња и јоргани и одеднаш мораш да појдиш некаде на брзинка и кога ќе се вратиш сеуште има малку топлина, среќата во малите нешта
Sekoj eden ne zasluzuva vnimanie. Nekoi licnosti ne zasluzuvaat recka da im udres. I svativ ne e do mene,do niv e..
Ако знаете да војувате со трпението и времето, работите се едноставни и скромни. Можеби бавно се провираат до светлината, ама имаат свој пат. За да ја имаме покрај себе, треба да се верува дека среќата постои. Надежта е силна и поверојатна кога ќе се потпреме на надевањата. Сонцето знае да згрее и кога ветерот се обидува да му пркоси на моќта. Зелената слушалка што беше пропуштен повик во сонот, го означи изненадувањето на јаве. Скептично ја гледав и му возвратив на предизвикот. Чекав и успеав. Не сум тип на личност што сака се нешто да сподели. Тоа го правам само кога имам силна и конкретна причина. Овој пат, таа се издигнува над мене и со лично одобрение си дозволувам скромно да се пофалам. Пред некој ден пишував за неа, за потрагата, за издишките, за мигот на среќа. Да... Денес е тој ден. Денот Д. Среќна сум со цело свое битие и убаво ми е што не е фарса. Ви го посакувам и вас невидливото чувство на неописливо случување. И споделувајте прекрасни моменти со добра позадина и искрено расположение. Спојлер: Среќа http://3.bp.blogspot.com/_sy__92q3S7Y/SwaWiKY6qpI/AAAAAAAAFK4/7xYa7CaisHw/s1600/i-am-happy_600.jpg
СДК дека моменталната ситуација во Македонија и Европа се повеќе ме загрижува и ме прави понесреќен. Не можам точно да претпоставам што ќе се случи во иднина во државава и како ќе живееме, иако имам лошо претчуство. Сакам да си заминам од државава, некаде далеку. На пример, Аргентина, Бразил, Азија, некаде каде што е побезбедно. Овде не се чуствувам така и стравувам за работата што би можел да ја изгубам, мојата иднина, среќата која веќе не ми е секојдневие и тн. Почнав да ги мразам сите политичари во државава, Американците, шиптарите. Тоа е, нема друго што да се прави. Морам да чмаам тука и да трпам се и сешто.
Обожавам купување пред празници. Едноставно им ги гледаш насмеаните лица на луѓето во маркетите, буткаш количка пресреќен што ќе однесеш нешто дома макар и малку да е. Скромна трпеза си е богата трпеза, насмеани лица и среќни моменти. Е тоа треба да се памти и одбележи. Незнам за вас ние сеуште се сликаме со апарат и ваквите моменти ги бележиме во албум. Тоа е нешто незаменливо што треба да со сочува и да се раскажува со децении и децении. Посебно ми е најубав празник Велигден. Обожавам договорени средби со пријатели во деновите што престојат, одење во црква. Обожавам да ги правам јајцата во разни бои. Среќни празници феминки.
Види ја, а бе не биди таква, остај ме да живеам убеден дека мојот начин е најдобар. Ти гарант си од тие што планираат, затоа вака ми правиш.
Кога испраќате CV за работа, ве молам користете имејл адреса со вашето име и презиме. Значи без macheto, srcka, mwa, srculence, sexy и такви ми ти работи. Како да ве сфатам сериозно? Ако веќе немате имејл со име и презиме, направете си еден, нема да ви одземе повеќе од 5 минути и нема да ве чини ниту денар. Ваквите мејлови направени во средношколските денови, чувајте си ги за логирање по социјални мрежи. А за во CV, ве молам без долна црта муа
Денес по долго време се соочив со својата самотија, со раце кои висат како гранки, со усни што се научени само да се поткасуваат... Денес во три секунди се соочив на потребата да бидам силно гушната и да издишам без страв на нечие рамо, со носот да минам низ нечиј врат и тој парфем да знам дека е моја утеха и антидепресив и аналгетик и мотиватор и се... Денес во три секунди се соочив со потребата да милувам нечија кожа, за да го стопам мразот со кој сум ја замрзала својата... Денес се соочив со својот залутан поглед и потребата истиот да блеска како сонце... Денес се соочив со потребата да бидам сакана... Денес се соочив со потребата да престанам себе да се казнувам... доста беше!
Ги сакам деновите во кои ненадејните гости ми го прават денот поубав. Кога без најава се обратија кај мене една другарка и дечко е и после еден сат дојде и дечко ми. Ги почестив од кифличките кои ги направив пред некој ден и една брза салата со урда, мелен орев и сусам. Пиевме вино ( кое го донесе дечко ми ) и на здравуваме за мн вакви случајни средби
Човек да не отиде на преврска во болница за било каква скршеница ке те испозамотаат од глава до пети ко Мумија ке те напраат цццц
Вака сега, Поминувам откај Пијаната улица (тоа е едно мало сокаче шо јас така си го викам каде шо пијаниците се шлапаат со шишлаците и тревата му е кревет а воздухот дифтих,пивото полнење на стомакот,а песната лек за душата,неповрзани несфатливите зборови се нивниот јазик и скокање од пијано-весела состојба пред случајни минувачи му е вежбана акробација) и одам натака... Поминувам низ чаршијата(сите крцкалчиња на едно место собрани седнати на клупа си кажуваат како беше порано кога беа личоти како денешниве Бред Пит и Анџелина Џоли,така кроце по кроце фатени ангаже си слушаат песнички од Сенатор продакшн од типот:не могу да те не волим,не волим....)и одам натака... А и така сме кај ВОЛим...сега одеднаш сите сакаат да бидат ВОЛ.Да бе.Сите сакаат да се високо образовано лице.А колку вреди дипломата тоа може да се види многу просто по следнава такозвана објава: Денес,вашиот син/ќерка кој завршил на Чакакака факултет некој,официјално неговото тело ќе биде изложено во Центарот за социјални грижи барајќи работа.Неговиот/ва сурат можете да го видите од 8 до 16 часот..... Стигнувам пред општината.Барикарди бапнати наоколу,алфи мажјачишта,тигришта,пуми све живо и диво застанало да се бранат од една боја и неколку јајца од кокошкине собрани и од еден народ кој си ги кажва маките слично таму се караат луѓето револуции итн сега да не навлегувам многу по политиката... и терам натака... Околу мене сите маженца со мохиканец фризура,сите дечиња со ајфони,браво убав начин да си тера детето,драги родители...и терам натака пак... Си велам да одам накај Пелистер,да барам некое животинче и да си зборам со него или да одам до Гинимаале и да си играм со кучето на другарка ми или пак да се вратам сепак дома и да играм со кучето на комшиите? Само животните се најискрени...тие те насмевнуваат и ќе те изненадат.Доказ? Си доаѓам дома и кучето на комшиите се џитна накај мене се израдува душичето,му се играше на сонцето...е тоа е радост.Сега сите демек си се сакаме,сите демек си веруваме,каде отидоа другарствата,поубаво ви е да денцаш по ноќни клубој и да пиеш кафица со ајфоништено в раце,а не во парк во круг седнати свирејќи и пеејќи со гитара,гледајќи филм или пак дружење бе чоек,со зборување не со: *Ej brat *Kazi sestro *So se pravis vazna? *Ne be taka ti se cini,jas samo bev da vidam krem za kozata ne te vidov sry Лет ми аск ју:вазна или важна?коза или кожа?извини или sorry? *denes ke fatam stot4e ako pobedam na kladbava ахтунг,ахтунг....стот4е?бинго?имитираме игор абе дајте му на чоеко? Кога сме кај Игор,ќе си ја земам книгата да ја читам...чекај малце...читаат ли книги денес воопшто онака ко за ќеф или некој мисли дека Зоки Поки е препев поема на браќа Грим со превод од Миладиновци или така нешто слично? И така ај да не ве замарам со реферати,докторати и 300 чуда,доста ви е за денес... Ве сакам сите, simonna.a
Денес е наш ден.Јас и тој знаеме зошто. Синоќа додека беше надвор останав сама со себе.Размислував.Зедов лист хартија и на него ги ставив своите чувства. Не најдов соодветни зборови за да се изразам а тој да сФати. Такви зборови уште не се измислени. Тоа што го напишав можеби ќе успее некој да го протолкува после милиони години. Само тие жени што се сакани, среќни и исполнети можат да ме разберат што сакам да кажам. Се давам и се гушам во љубов. Не се обидувам да се спасам, за мене нема спас П.С. Писменцето му го ставив во ташната со лап-топ, сигурно сега на работа го чита
Кога работев со саати, кога функционирав без прекин 20 саати на работно место, кога трчав на две работни места, а спиев во воз или автобус, викав, ова е многу тешко. Немав ни викенд, ни ноќ слободни, ниту еден ден 4 години да речам дека овој ден е само мој. Сега, кога имам бебе, сфаќам дека тогаш сум била одморена. Оти тој еден саат во воз, или на скалите во автобус, ги спиев, и тоа добро ги спиев, со сон. А сега и кога спијам не спијам оти со едното око ја гледам. 45 дена ненаспаност и радост. Парите од првото неспиење само ми дадоа удобност, а од второто неспиење ја добив најголемата љубов на светот. Од воркохолик, станав мајка. Неспоредливо подобро е да си мајка. И потешко. Иако веќе почнав да подработувам по малку. Ништо во живототв не ме радувало како насмевката на бебето, па дури и каката кога гледам дека ја боли меше и се олеснила. Некој лани да ми кажеше дека толку ке се променам, бокс ќе му удрев.
ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК Во четвртокот пред Пасха, односно Велики Четврток , Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи денес, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвувана. На овој ден се вапсуваат три јајца пред изгрејсонце.