Баш си помислив дека празнициве ќе ги поминам лабаво и релаксирано... Ама, не... Ми претстојат тешки денови, испити, разделби... Сакам да заспијам и да се разбудам после еден месец, некој да ми каже дека се поминало и дека се е во ред... Но, реално, никогаш не сум била тип кој бега кога згуснува, баш спротивно... Така ќе биде и овој пат, ќе помине и ова... Ми треба некаква промена... Драстична... Сега веднаш... Тешко дека нешто во мене можам да променам во моментот, а кога човек не може нешто внатрешно да промене се менува надворешно... Мислам дека ќе почнам од косата... И тоа уште утре...
Не одам на викенди зошто сите одат. Не одам на одмори зошто сите одат. Не ставам гелни нокти зошто сите ставаат. Не седнувам на кафе некаде зошто сите седат. Не седнувам да јадам некаде зошто сите седнуваат таму. Не се облекувам некаде само затоа што сите се облекуваат таму. Како растам/стареам, сфаќам дека уствари луѓево уопште не растат, туку остануваат исти, само формите на фалење и занесување се менуваат. Живеам за мир, живеам за доживувања, живеам за искуство, живеам за да сакам, живеам зошто сакам, живеам за да уживам, не живеам за други и не живеам за да имам одговор на прашањето - КАДЕ БЕШЕ?! Ќе ви помине животот и ќе се прашате што направив за себе од се ова? Во кој дел јас бев максимално вклучен во сето ова? Инспирирана од прашањето - ЌЕ ОДИТЕ НЕКАДЕ? Не...АААИ ЗОШТО НЕМА ДА ОДИТЕ НИКАДЕ? Зошто едвај сум прибрана и зошто имам други планови за понатака во Мај каде што замисли, не е никаков празник, ок? Луѓе мора да ви е мизерен животот да седите по социјални мрежи и да матичарите кој кај е за празников и што прави, да се јадете од внатре и да се терате со сила да одите некаде нешто да правите и вие. Да покажувате убав живот во кој не живеете. Која смеја ме фаќа уште сега...овие млади бракови како ќе почнат да се климаат за 5 до 7 години зошто не успеваат да се видат еден со друг додека буљаат во туѓите животи кој како си тера живеачка.
Не, не, не. Не можам да поверувам!!! На некои мајки треба целосно да им се забранат сите социјални мрежи. Не им е доволно што секојдневно објавуваат секакви слики од своите деца, па дури на кој што се голи, сега почнаа да се фалат дека им извадиле пасош. Колку треба да си идиот да објавиш слика од пасошот на детето, со јасно читливи податоци??!!!! И тоа на јавен профил на инстаграм?!?!?!?! Дали се свесни на кој ризик се изложуваат себе и своето дете? Алоооо... И истата мајка после ќе ти држи едночасовно предавање за добар родител, а она самоволно и свесно им дава лични податоци на милиони луѓе на инстаграм!!! Ќе си ја треска главата еден ден, само да не и биде касно...
Не знам за вас .. но јас каде и да сум на овие 4 големи дена празнувам, празнувам и со душа и со срце за прекрасниот празник. Таа еуфорија, мотивација и декорација на јајцата ми дава онака посебен шмек и шарм за целава приказна Велигден. Си седнав и стрпливо си ги лепам една по една мала ѕвездичка врз јајцето уз мусика и самствена атмосвера.. Мотивацијата се пронаоѓа секогаш во најмалите нешта.. зависи од вас дамите како, кога и каде ќе ја пронајдете таа искра и тој душевен мир во срцето ..
Дали сум само јас таа што не се радува за големиов празник Велигден ? Со голема еуфорија ги вапцав јајцата , се посветив максимум и и во текот на варењето жолтата боја од самото јајце ми се излупи . И сега целиот ефект од бојата е шарена Кога месев лебче со париче за Бадник, во текот на печењето лепчето се распука и тоа убаво на средината кај што ми беше крстот и еве сега за Велигден ова ми се случува со јајцата ....
Она кога.. тешко ти станува да исцедиш од себе макар и капка од твојата душа и да ја закачиш да виси некаде, без никаков идентитет, неозначена, сеедно... никому не припаѓа. И потоа гледаш... како некој ја зема таа твоја душа, ја присвојува, ѝ дава име и презиме. ~ Lost&Found. Некој изгледа сака да ти каже да се опуштиш,да се изнасмееш фино лепо на секоја една таква будалаштина..да не се замараш со детаљите... да уживаш со осмех од шест до шест. Многу едноставно. Душата треба да ти се весели, да ти е мирна. Ама..и тие околу тебе треба да се такви.
Мразам да зависам од други. Мразам кога ми прават планови. Сакам да сум слободна, тогаш би била најпосветена. Ме стега обрачот на секојдневието. Ја сакам старата јас. А чудно, денес е денот кога се започна. Случано е.
И денес се разбудив со оваа мисла. Очигледно е. Ги гледам кутрите невини мали јагненца врзани и спремни за колење и душава ме боли. Велигден е голем празник. Зошто да не го поминеме само со љубов, треба да има само љубов а не зло и убивање безразлика дали е тоа кон луѓе или чисти во душата и невини јагненца...
Вибер муабет...Аллоо ме слушаш...алоо...тишина.Му вракаш текст на соговорникот Јави ми се на мобилен тапа е виберов за муабет
Здраво! Јас се изначитав прекрасни мислења и ми дојде идеја да си ги сликнам некои! Значи одлично, ме мотивиравте ептен! Старата јас би се нервирала сеуште затоа што вчера сфатив дека на некои воопшто не им е гајле за мене и без проблем само ме шутнаа. Луѓе што ги сметам за блиски нели... Старата јас сигурно би се расправала околу ова и би го повишувала тонот, вриштејќи од нервоза, зошто не излегле прави другарки. Ама не! Стој, зар вреди? Зошто да го трошам времето во нервоза? Ако на некој не му е доено до мене, зошто мене да ми е? Лабаво, со ладна глава. Ова е Nothing! Тек колку побитни работи следат во животот... Само не е убаво ова, ама сепак три пати фала што ми дадовте до знаење, ми значи!
кога некоја ке ми каже дека ке има женски муабети со другарка и, знам дека ке збори нешто што се коси со сликата што пробала да ми ја одглуми предходно (како шо ја незборам за курви пред сите...пфф машки муабети)
редовно слушам и се дешава да треба да смени на прво искачање на кафе (незборам за таа шо мисли ...у случај да го чита некој) така да нема нишо надприродно/посебно у тоа
Денеска ептен сум велигденски празнично расположена завчера си бев во црква си запалив свека за здравје за мене и моите најмили од кога искочив од црква можам да кажам дека душата мие мирна,сега се чуствувам премногу убаво и среќно,празникот велигден многу го сакам.Ти благодарам господе за мирот и за среќата нека потрае уште многу,многу долго ова.Имајте убав ден драги феминки и убаво да си поминете за празников