Само што си изгледав еден филм, сега си пуштам друг. Изгледа до сабајле ќе си ги изгледам сите што ми биле на листа за гледање.
СДК, сабајле си сум на забар. Толку ми се спие ама неќам да легнам зошто кога ќе станам сабајле ќе треба да одам.
Познавам неколку дечковци што ги среќавам низ град често. Исти се. Се имаме запознаено преку десетпати. И тој со мене, и тој со сите мои другарки. И во една вечер ќе запознае 67 девојки. На сите ќе им пријде со истите глупави фори. Ниту бира според некој критериум, ниту има осет дали има шанса кај девојката. Тоа објаснува како со иста девојка се запознава по десетпати во различни вечери. „Здраво јас сум Мартин“. „Знам. И минатиот пат знаев, и тие неколку пати пред тоа“. А кутар Мартин веќе две години што го запознавам наоколу, никако да си најде девојка. Еднаш ми раскажуваше дека сите девојки биле за нигде и не ценеле што се трудел да ги запознае. Не знам што е поголема трагедија, тоа што некој го научил на вакво однесување, или што сериозно не гледа кај е проблемот.
@crimson Имам и јас еден ваκов. Два пати се запознавме. Фоρата му е : -Може нешто да пρашам? -Пρашај. - Те молам дај ми κомплимент. Нели ние девојκите тρебаше да добиваме, а не да делиме κомплименти? Сега за пρазниκов сестρа ми случајно слушнала κаκо го пρашувал дρугаρ му дали ме познавал и κаκо сум се виκала, оти тој од неκаде ме знаел. Бρаво!!! Напρедоκ за човештвото.
И мене не ми се допаѓа нешто посебно сегашнава состојба, иако се пронаоѓам моментално во некои теми, ама сметам дека е период и ќе помине, па пак ќе се сменат работите. Од кога постои форумов се менува, како што се менуваат членовите, наше е доколку сакаме да пишуваме , ако не се наоѓаме во сегашниов период, ќе дојде следен и така... Сепак, мислам дека има доволно разновидност на форумов за човек да има кај да пише за она што го интересира, а доколку нема секогаш може да отворите нова тема за тоа што ве интересира, па може ќе пронајдете истомисленици.
Здраво девојки. Не знам дали се сеќавате на мене, ама еве, ќе ве потсетам Не знам колку време ме немало, не знам што се случувало овде, ниту пак имам намера да листам и барам по теми, се надевам дека се е океј. Се надевам дека вие сте добри, и дека барем ве има неколку од оние кои јас ве памтам и кои ми бевте омилени Ќе се чудите ако ви кажам дека не ги слушам више ГНР, така? Епа да.Ја си ги сакам, ама ништо од масовното слушање.Некако си се префрлив на ептен тешки метали, па скоро и да забораив на ведриве песнички. Имам уште многу, мнооогу да кажам во темава, ама мислев, ете дека ова баш највеќе би ве интересирало. А, да, ќе се трудам да продолжам да пишувам мислења, некако носталгија ме фати.. Епа да, добро ве најдов повторно! <3
Ми се игра хант! Случајно ми текна на играта, преинтересна е! И многу бев добра, секогаш бев прва. Да си барам некој за играње.....
СДК најмногу ме нервира кога заради некој што не си ги завршил своите обврски на време морам да чекам и да ги одложувам веќе закажаните. И кога ќе ми кажат не се секирај има време, да има ама сакам да го искористам правилно а не заради некој да мора да го изгубам и времето и нервите.
И во склоп на сите ваши претходни постови, во склоп на секојдневните средби со таквите фраери, во склоп на празнотијата интелектуална и душевна која во себе ја носат, во склоп на дебилизмот со кој заведуваат жени, во склоп на нивната „љубовна и сексуална доминација“, во склоп на миговите во кои им се смееме под мустаќ , додека го чекаме „оној вистинскиот“, во склоп на нашето растење и нивното паѓње во нашите очи, нека им каже Таневски нешто....
Што да правиме кога гледаме близок на постела.. Поминав тежок, стресен период, досега се немав соочено со таква болка.. Сиот тој стрес си даде свој придонес кон влошено здравје и на останатите. Месеци поминаа, се присобрав некако и почнав да размислувам на тоа дека и мене еден ден ќе ме јадат црви ( малку е creepy, ама тоа е вистината ). Почнав да ја читам моќта на потсвеста и уште на самиот почеток ми стана јасно дека треба да го сменам начинот на размислување и така стартував со трезвени мисли, да тука следуваа црвите, но и сета таа волја за живот. Таков е кругот, суров. Затоа треба да се искористи секој момент, мислите мора да ни бидат насочени кон позитивна насока, дури и смртта не треба да значи нечиј крај, туку можеби е нов почеток, олеснување, преминување кон поубав свет. Всушност во такви моменти ние сме себични, мислиме на себе, што ќе правиме без таа особа. Е такви сме себични суштества, затоа решив да не размислувам за себе на тој начин, туку да размислувам за личноста и за тоа како ќе биде на поубаво место, можеби нема да биде физички видлива и пристапна, но во срцата ќе ни остане, покрај нас пак ќе биде, но на некој друг начин.
СДК... убаво е чувството кога ќе се вратиш на место каде некогаш ти било многу пријатно, како кога се враќаш на село во старата куќа која не си ја посетил долго време... Не знаев дека ќе биде толку тешко да пишам во темава, пет пати почнав реченица и избришав, како никогаш претходно да не сум пишувала тука, зборовите потешко излегуваат, повеќе се размислувам што и како да пишам, па се предомислувам, па си викам ехее која разлика е сега од пред 7 години. Човек се менува, навиките исто можат да се сменат, изгледот се менува, ама срцето останува исто.
А открив дека сето мое УМОвање до сега, се сведува на тоа да се препуштам На нередот, на распрчканоста, слободата,на состојбава, на гласот што во коски ми навлегува... А барав постулати, барав тло, сигурност.. .А најубаво е кога е без форма, непоимливо, безусловно. Грдо бе, кога на другите им е нејасно и грдичко , а тебе ти е убавина . Си ги растегнувам границите до издржливост без граници. Од моето Ом, до неговото... Езотерика.
СДК дека кога имам нешто да кажам најчесто кога сакам да го напишам не знам да го составам во убав текст.. Ми одлетуваат сите мисли Ама сега по трети пат ви пишувам: СДК дека најчесто не знаеме да ги цениме малите нешта и ги занемаруваме. Кога сме здрави, всушност не сфаќаме колку сме среќни. Некој некаде се би дал да има подобро здравје. Кога ќе изгубиме некој, се што сакаш е да го вратиш времето назад. Сфаќаш дека требало да посветиш повеќе време на некои личности, а не да го оставиш да летне и да потрошиш на нешто глупаво. Барајте ја среќата во најмалите нешта. Гледајте на се позитивно. Имав уште, ми отиде некаде, ете, не знам.
СДК треба да учам а не можам. Имам болка длабоко во мене.Еден месец не сум појдена дома а никој не ми се јавил ни да ме праша како сум ни ништпо. Им вртам јас не ми креваат. Барем сестра ми да ми се јавеше,и таа ме заборавила излгеда. Ве читам сите вас овде пишувате за како сте си поминале со семејството за ручек,на шетање било каде и солзи ми потекуваат.Блазе си ви, се надевам и јас еден денќе бидам среќна.
Никогаш во животов не сум била толку тажна пред патување... ова патување значи точка, нов почеток, неизвесност... овој пат го одам сама, без него и секој дел од телото ме боли, не` боли и двајцата поради тоа... Прекрасно е да се биде во ваква врска, ваков брак, но од друга страна, во ваквите моменти на повремена разделба сакам да плачам како мало дете и да не пуштам... Уште сме заедно, но веќе ми недостига при самата помисла дека за неполна недела веќе нема да можам да го гушнам..
Се погледнувам пред малку во огледало, и девојката во него ми вели: "Имаш ти другарки, другари? Имаш дечко? Имаш некој кој те цени? Зборуваш со некој? Излегуваш некогаш од дома? Баш си станала патетична.". Се расплакав и не сакав веќе да зборувам со девојката од огледалото.