Ја сакам својата храброст, лудост, хистеричност кои гласот секогаш ми го воделе. Ја сакам секоја рана под кожава , нож во грбов, и рана на душата, што ме направиле ваква... зошто тоа што мислам ако не го кажам, која сум? зошто тоа што го сакам ако не го побрам, каква сум? зошто тоа што ми треба ако не го откријам, каде сум? Мртва сум... дефиитивно мртва ќе сум ако премолчувам секогаш кога треба да зборувам, да зборувам за себе...
Знаеш дека ти е колоквиумска кога единствената опција за излегување ти е ако договориш појадок со некој. Фурнарини со растеглив кашкавал и сланина, за да тргне денот де. Инаку многу се напнувам кога сум опкружена со луѓе кои се потресуваат за се и сешто. Дај бидете малку поспонтани. Не дека и јас не правам планови, ама барем не спамирам луѓе за тоа колку би било тешко истите да се остварат или што ќе правам ако не испадне така.
Еден член на форумов малку ме стави во мисла. Можеби ќе го прочита ова и ќе реплицира, сеедно. Мене само едно прашање ми се наметна. Според религијата, сите сме еднакви, не треба да се мразиме, не треба да ствараме тензии врз основа на различна вера, нација, врз посилни, послаби итн. Сите сме луѓе од крв и месо. И сите тоа го велиме и се силиме со тоа ама кога ќе дојде време да се дискутира околу врските и љубовта што се создава меѓу двајца од различна вера тогаш тука нема еднаквост и се плука и омаловажува другиот. Е зошто бе? Тоа ме интересира, зошто? Прво велиме едно (дека сме еднакви) после велиме друго (кај го најде со него да одиш, сега си обележан/а за цел живот). Стварно луѓево не се можни.
Се решив дека се откажувам од факултетов. Гајле ми е што ми остана уште малце. Ќе си барам нов од септември.
Точно е Се што носам сликав е сега од бабами не ставам не се важи од неа сандали и влечките Уште имам подспална за нив рано е
Кога ќе се најдеш во ситуација кога спроти тебе некој блефира, а знаеш дека не му е сеедно. Пак од друга страна... на тебе ти е сеедно. Сум била и во двете ситуации. Разликата е што, некои од нас и во обете ситуации се осеќале и се осеќаат како пис оф шит. И покрај сë. Спојлер @kolovoz коментарот не се однесуваше на тебе.... особено не, психолошкиот профил за кој..треба да те познавам за да ти го направам.Пак и да те познавам... не ќе ти го правев особено не на феминава. Од твојот коментар само „дискриминација“ зборот е употребен,случајно..ништо повеќе. Не си единствената која го споменала во контекст на темиве. И јас го осеќав и се уште го осеќам иако пишувам секој ден во 40ка темата. И да,знам дека има луѓе кои слично се чувствуваат. И јас сум „ни ваму-ни таму“. И покрај тоа, пишувам во 40ка, пак и се здружив со по 10 години помлади членови заради некаква тема која, мислата беше дека ќе поттикне и други луѓе кои ретко пишуваат - да пишуваат. Ги читав по темите и сите ги читале коментарите на оние на кои им се свиѓаше концептот на 40ка и кои сакаа слично такво катче. Не беше научна фантастика. И...постовите во Младинското ќоше поттикнаа членови кои претходно не беа активни да се активираат...како што 40ка ме поттикна и мене да се фокусирам на пишувањето на форумов. Мада не припаѓам во темата според воведниот пост. Можеби и никогаш нема да ги исполнам критериумите за таму. „Жалопојки едни, интровертни, асоцијални, нехаризматични ко мене. Мрш на сите вас“ Се однесува само на мене и на никој друг. Шала, на моја сметка..(пола шала, пола вистина).Тоа е.. мој стил на хумор и обраќање кон некој си, а уствари себе...па во тоа,да, очекувам и друг да се пронајде. Не се трудам да бидам многу јасна,нити да се објаснувам на долго и широко.. такви се моите 30ти години де И од мој пример, избирав и избирам... место да се чувствувам осамено заради тоа што не припаѓам во нив, да ги користам за тоа за што и сум тука,за што се вратив на форумов - да пишувам сé што ми се сака, кога сакам и да го кажам на начин на кој ми се сака..без да ме сеќира тоа што ќе останам неразбрана, несфатена и сл. Исто како што и сум тука за да прочитам луѓе што ме орасположуваат добар дел од времето (читам и поинакви,ама ги избегнувам често..од свои лични причини), бидејќи имам потреба добар дел од времето да се орасположам и релаксирам Сосема во ред ме прифаќаат во сите теми. Сосема во ред ќе бидеш и ти и било кој друг прифатен. На крај,најмалку ми е битно и треба да ти е и секому битно, дали ги исполнуваме сите критериуми во темите. Битно ми е пример... дека има дискусија, енергија каква ми треба во моментот и дека имам слободен простор да се изнашкрабам во секој момент од денот. Толку и ми е доволно на мене. Така јас си го решив проблемот со неприпаѓањето.За сé што не можам да го кажам во 40ка... одам на друго место. Кога дискусијата не ми се допаѓа,одам на друго место итн.
Чувството кога си опседната со бившиот што живее во друг град, до тој степен што ги додаваш на фб сите луѓе од неговиот град сакајќи да дознаеш нешто повеќе за него, што му се случува, со кој се означува, кај излага, дали има девојка е браво девојко, само така ќе го заборавиш. Значи поминаа 3-4 години а таа уште е опседната со него, до тој степен што сите пријатели на фб и се од неговиот град...премногу се изненадив кога случајно ја забележав листата на пријатели. Како ќе го заборавиш така? Што сака да постигне со тоа еве не знам.Или додај го него, па манијачи го. А не кого стигнала, кој видела дека живее во тој град го додала... Инаку на гости имав бебе од 1 год, ама воопшто не ме рецкаше значи машкиве се стварно трупчиња. Не сакаат толку да си играат, не забележуваат толку околу нив што се дешава, не сакаат да се гушкаат, не се толку по милувањето, за разлика од девојчињата, колку се понежни, помили, почувствителни...сакаат да се гушкаат, дозволуваат да ги бакнуваш, да си играш со нив, а овие бе? Значи такви од мали си се, и такви си остануваат машките цел живот. Само дај му играчка и си се прај наудрен брате мили, не те регистрира дали си жива. А баш сакав да го изгњавам, тој си зел смоки си јаде и си игра само ако му го спомнеш името, те гледа во очи, се мава во гради и вика Ја, ја, ја (демек тој бил по името си го познал)... се надевам моите во иднина нема такви да се, ваљда помили ќе бидат... Одам сега генералка да правам, па на шопинг да се изгубам
Dovolna sum samo za da bidam necija devojka, nikogas necija zena. Zosto ti bese tolku tesko da me zasakas? Sega e kasno za se, za nas, za idninata. Ostanav kako izlitena vreka, prazna i neupotrebliva. Sega za sekogo sum bezgresnata, koga mozev za tebe da bidam edna i edinstvena
Со најдобрата другарка вчера шеткаме и правиме муабет. И затоа што се гледаме еднаш неделно, а некогаш ни толку , и двете вчера споменавме дека е одлично кога на раат можеме да си муабетиме. И таа додава : и да трачариме. И викам, не, ич не ме интересира за другите. И навистина, како поминува времето, освен за мене и што мене ми се случува во животот за другите што само името им го знам, не сакам да се замарам со кој испаднале и каде биле. Не разбирам зошто би ? Која е потребата на тоа ? Ама не да сфатите погрешно , на кој му требам да помогнам јас секако би, ама за у приватни работи не сакам ни да прашам, ни да ми кажуваат бајки. и тоа би било тоа за денес Убав викенд!
Нели е малку глупаво да прашувате на погреб зошто некој плаче? Зар може до толку да сте? Навистина некои од вас заслужуваат посебен мост.
Сдк дека дојдов тука да се лечам од несреќна љубов и да си кажам шо ми лежи на душата. Ја сум Dizzy Dancer и веќе 28 години сум зависник од љубов. Спојлер: Цела Фемина Здраво DizzyDancer!
Se porodiv ama ne toj den , krvarenjeto bilo od vaginalnoto eho a bolkite - lazni pak si se porodiv so provokacija na 18 april vecerta u 22:10 . Devojce e