Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Некои работи никогаш нема да се променат. Ама, секако е поубаво да си мислиш дека.. не само што ќе се променат туку, баш ти ќе бидеш ластовичката (што ја најавува пролетта). ^_^
    Крај краева.. глеј заштити се од студот и промајата и ок си.(facepalm)
     
    На Lilianna, Lady Phoenix, Mama25 и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Лажго огромен сум, вчера започнато, денеска продолжено сеуште недовршено...
    ПС. Целосната верзија без губиток на квалитет ќе биде наскоро готова...барем се надевам :$ ...
    [​IMG]
     
  3. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    2.016
    Пол:
    Женски
    Пред точно една година, дури и во истово време го гушкав малото и сосема избезумено се движев низ собава чекајќи да почне пресот на министерката... Ги пратев сите можни страни за информации, ме ежеше звукот на телефонот секојпат кога ќе заѕвонеше и со страв гледав кој се јавува... Ја плачев секоја порака што ја добивав, а беше само два збора „добро сум“ и ја чекав со саати да пристигне.... Во секоја секунда му се молев на Бог да го чува и да го врати дома жив и здрав..... Никогаш, ама никогаш нема да заборавам колку плачев, колку се радував и колку стравував во исто време кога прочитав „во возило сум, сега тргнувам за Скопје“. Ужас..... Страв.... Немоќ.... Болка која и ден денес ја чувствувам и која никогаш нема да помине..... Сеуште имам грутка во душава и болка во желудникот кога ќе помислам на тие два дена...
    Тој си дојде жив, здрав и психички уништен, ама посилен од било кога...
    Жално за тие што останаа таму, и нив дома ги чекал некој....
    ;(;(;(
     
    На Rama, Annath, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 29 други им се допаѓа ова.
  4. MegaLady

    MegaLady Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2016
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски

    ах, баш сакав да кажам нешто позитивно, но твојата порака ме растресе :(
    жал ми е за тебе и за останатите кои поминувале низ ваков терот. се надевам она ќе биде последнето вакво нешто во твојот живот :f:
     
    На galapce и artemidis им се допаѓа ова.
  5. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.678
    Допаѓања:
    4.659
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе не разбираат кога ќе речеш немам пари да го земеме тоа и тоа , и дека се позајмив веќе за тоа и тоа . Епа како ќе било , ќе сме се посрамеле , не мене не ми е срам што одам така затоа што знам дека ако и ги земам тие пари на мајками не ќе може да го скрпи месецот до крај . И да не е по мој избор , мене не ме праша никој дали сакам или не да одам , морам ..... Па се налути , епа извини ако толку сакаш да се покажуваш пред луѓе што прв пат во животот ги гледаш слободно направи свадба без невеста , мене не ми смета , немој да ме оптеретуваш со глупости . Доволно ми е тешко да знам дека двајцата ги оставам со малку да проминат некое време , а јас морам да терам нечив луксуз ..... Не можам да се откажам зошто многу работи не зависат од мене , а многу работи ми зависат од таа морална глупост ..... Јас чаре немам , а и не знам ..... Сиромавиот ем дупло плаќа , ем е осудуван и замразен од другите ..... Е ај ? ;(
     
    На Rama, tanja manja, Mr. Right и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @black-angel Води се по таа "Секој да си ги испружи нозете, колку му е долго чергичето." И мене во животот, кога некој не разбира дека немаш, мислам дека е една од топ 5-те работи што највеќе ме иритираат. Но, знај, во животот никогаш не глуми нешто што не си и не глуми дека имаш, кога немаш, само за туѓото задоволство :)
     
    На 1209, vitamina, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    А па има луѓе, што вечно живеат сиромаштија иако не се сиромашни.
    5 члено семејство, дома 4 плати. Искинати фармерки и патики кои пропуштаат вода, а се мислат дали да купат нови. :^) Размислуваат дали им е тоа приоритет или не. (facepalm)
     
    На 1209, Rama, Doozy и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.811
    Кога бев дете немав многу причини за среќа, но сепак бев посреќна и не само затоа што бев дете, туку верував во чуда, верував во најубавите нешта и ... се случија.
    Како возрасна, некаде изгубив верба дека е тоа така, па дури и кога имав причини за среќа јас веќе бев подготвена за евентуалната несреќа. И се случуваше секако она кое што го очекував, иако по теоријата на веројатноста тоа беше најневеројатното нешто да се случи. И се некако пех за пех, разочарување за разочарување.
    Искрена ќе бидам... другарките кои мислев дека ми се другарки, а што знае па дете што е другарство ми ја уништија ведрината. Ми се смееа на детската среќа и фантазија, но и завидуваа кога ќе се оствареше тоа што го очекував, па по пат за да припаѓам, почнав да го преземам нивниот образец на однесување мислејќи дека така се однесуваат возрасните.
    Моите ме бодреа - сонувај, многу сонувај и прави, можеш, но од другата страна денот го поминував со вечно незадоволна женска екипа и соништата умираа.
    Поминаа години и до пред 4-5 години ја научив лекцијата. Не ми требаат такви луѓе... некои сами си заминаа, некои по своја одлука буквално ги откачив.
    Немам простор за кукачи и песимисти, немам простор за нарциси, немам простор за егоцентристи кои не се задоволни оти тие не се центарот.
    Има елементи кои останале, но секој ден се повеќе ги нема и среќна сум што ги немам тие луѓе повеќе.

    Немојте да дозволите комплексите на другите да направат мртвило во вас, да мислите дека животот е ете таков. А малото дете во вас да станува помало од зрно грашок, да плаче во вас и да ве моли да го слушате што има да ви каже. Гушнете се самите себе и верувајте си, сакајте се. Да се сакаш не значи да си себичен или нарцис, да се сакаш значи дека можеш да ги сакаш и другите повеќе, да се сакаш значи да не се осудуваш себе си, а со тоа да не ги осудуваш другите. Како ќе сакаш друг, кога не се сакаш себе си?
    Често знам да ја преминам својата линија и да угодам на друг повеќе од себе, не за да ме сака и прифати, туку зошто повеќе се ставам во неговата позиција, се идентификувам со него и си викам - оф ова е многу тешко и давам се. Порано го правев тоа за сите, неподносливо ме болеше и туѓата болка, неподносливо живеев со туѓите проблеми, но сега е само по заслуга и само за оние кои им треба.

    Нејсе, муабетот ми беше - верувам во чуда и чуда ми се случуваат навистина. Јас заборавив да верувам...
    Внимавајте со кого го поминувате времето и поставете јасни граници затоа што неверојатно е огромно како можете да имате свој живот, но скроз да ви го променат концептот на животот само заради вашата наивност.

    И научив, да што зрачиш то привлачиш, не значи само ако си негативен привлекуваш и негативност, туку може и да си беспрекорно добар и да привлечеш злоба чисто заради балансот и во вашиот и во нивниот живот. Привлекуваш и се што ти недостига или им недостига ако си заминат во крајност.

    По пат не ги потценив и енергетските вампири, ама и за нив се наоѓа по некој лек. Како со чворови заврзани по енергетските центри им ја чувствуваш зависта и само им праќаш љубов, ама стварно љубов, а не лажно љубам и љубов колку да знае светот, а во суштина...ги мразиш.
     
    На 1209, Estranged, Rama и 29 други им се допаѓа ова.
  9. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    Aбе мене треба да ми се додели еден советник што ќе ми виси над глава и да ми кажува да не си ја закопувам главата у песок во кој свесно се ставам и логично е дека после ќе се прпелкам за да искочам, пошо сама очигледно не сум способна да престанам да си играм со чкорчиња.
    Изгледа ќе се шверцам додека не ми се погоди жив песок па да го оберам бостанот. (facepalm)
    #кадеСоТојПамет


    М, [​IMG]
     
    На marama, Doozy, Lady Phoenix и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.424
    Пол:
    Женски
    Обожавам да купувам поклони поготово за луѓе што многу ми значат. Посветувам многу време, да одберам што ќе купам и како ќе го спакувам поклонот. :inlove: И гледам да купам поклон што личноста би можела да го искористи, а не некоја глупост купена ради реда само. (facepalm) Подобро не купувај ништо отколку некоја глупост која никогаш нема да биде искористена од страна на тој што е подарена. :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Mama25, Mr. Right и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.811
    Да ви кажам дека она за блокирање да ви го отвараат профилот на фемина е најглупавата опција евр.
    За тие што не се членови да, за тие што не те следат да, ама за сите???
    Од инает што го имате ставено сите, го ставив и јас.
    Имам членки кои не сакам да ги бркам на темите, им го кликнував профилот и си читав нивни мислења, а сега...
     
    На Jordanovska-K, Mama25, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.933
    Допаѓања:
    81.572
    Пол:
    Женски
    СДК дека денес сфатив колку ми е поубаво кога комуницирам и се дружам со постари од мене. Не дека со врснициве ми е лошо или со луѓе приближно моја возраст, ама луѓе драги, па јас порано не можев да замислам со постар да разговарам, си викав што ќе разговарам па јас со него ама не било така. Океј, тогаш стварно не би имала што да разговарам ама сега Битер влегува, поточно веќе влезе во еден друг период од животот. Триесет годишните најмногу ги поштувам. :D
     
  13. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Кога поминуваш часови читајќи ги старите пораки, сосема исклучена од светот околу тебе.
    Е тогаш знаеш дека работата не оди на добро... :|:$:doh:
     
  14. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Дали сум јас единствена особа која не сака јагоди ? Периодов насекаде ги гледам, на фемина, инстаграм, фб, продавници, пазари, сегде.. а јас неможам да ги смислам. Кисели ми се и не е до тоа дека баш тие ми се погодиле, туку сите ми се такви, никакви и треба кило шеќер да им ставам за да ги јадам и пак ќе ми бидат кисели :^) (facepalm)
     
    На elimkd и Avokado им се допаѓа ова.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.434
    Допаѓања:
    17.814
    Пол:
    Женски
    Водителкава на Евровизија е машко |( :?:
     
    На Mama25 и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  16. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Тешко да се процени, ама има дефинитивно црти на машко..
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.123
    Пол:
    Женски
    Денес низ нетов прочитав еден статус на една авторка ( нема да ја именувам ) каде некој и пишал дека ќе се распрашувал кои и се родители, пријатели, статус и репутација. Како инспирација на тоа помислив колку ние македонците сме изопачен народ. Во странство се убиваат луѓе поврзани со дрога, мафија овдека за завист, популација.Добро, си велам до толку ли сме прости, неиживеани, се храниме со туѓиот успех, се насладуваме со својот успех на туѓа несреќа, СЕ РАДУВАМЕ НА ТУЃА НЕСРЕЌА.

    Почнав да се прашувам од каде произведуваме толкава завист, љубомора, толкава среќа за туѓа несреќа?
    Пред неколку дена од истата авторка прочитав статус како други и рекле неписмена, да добро прочитавте НЕПИСМЕНА.

    Ние, Македонците туѓото го величаме, го крунисаме, кон туѓото сме светици и богови, за туѓото одиме во манастири, за туѓото последните пари ги даваме, за туѓото плаќаме најскапо ама за своето мало и нечепнато дело секогаш имаме секакви критики, закани и искази во негативна смисла.
    Е, од ова си патиме.

    Неписмен, хмм... зашто неписмен, зошто некој сакал да створи нешто од себе си, издал книга, води списание, има колекција облека...за нас тоа е неписмен.
    Понекогаш, се прашувам дали некои прочитале некој кодекс на однесување, некоја етика или нешто што би можело да го надополни своето образование.
    Дали знаете што е неписмен човек?
    Тој што незнае да чита, да пишува со рака, а камоли на компјутер.
    Зошто, народе го потценувате нашиот мал труд, Македонија да има некои свои бележја.
    Зошто туѓото го цените, а своето го газите?

    Останав без зборови да го дефинитирам исказот на човекот во улога на детектив за некого, незнам како да го наречам тој човек, можеби и самата дипломатија не ми дозволува да одвојам некој дел на вулгарни зборови. И вулгарноста баш повеќе ќе го нахрани, ќе го наслади и повеќе ќе го потикнува да пишува такви работи. Мислам при која свест и совест, при која душа пишувате се и сешто по нетов.
    Што е важно кој е/која е, каква е...понекогаш си мислам дали и самите родители се виновни, дали размазеноста не ги учи дека на туѓиот успех треба да се радуваш и дека те прави човек и добар и ценет и душата ти ја преплавува со 1000 емоции или пак се незадоволни од самите себе си, израснати сами без никого и без некој да им покаже нешто подобро и поубаво.
    Незнам од каде излегуваат таквите луѓе.
    Гледа да ти помогне, ама гледа и да те закопа. - Завист и апсурд, две во едно, иронија да го наречам не би било соодвествено за овој случај.
    Што толку се храните и се дебелее, што толку ве предизвикува и ве прави најслаби во поглед на другите?
    И некој ќе се токми ќе ти рече па гледај си го својот живот и го гледаш после неколку дена како тој гледа во туѓите животи.

    Страшна работа!
     
    На Rama, Summerlover и Quuen им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.395
    Пол:
    Женски
    Во последно време толку сум била груба, и насилна што добив комплимент дека кога сум ги облака чорапите изгледало како да ги силувам наденувајќи ги така грубо на нога :?: :rofl: на цела нервоза барем се изнасмеав. :smoke: Инаку се нервирам, пошто Марфи секаде ми се меша, и лом ми го прави животот. Се мора обратно да се деси од тоа што го сакам и кон тоа што целам. Не знам што е работата ама одјеби бе, оди на други уништувај им го денот и цело расположение.

    п.с. Премногу ми се интересни тие постари жени што чекаат автобус на иста постојка, не се понзнаваат една со друга, па си почнуваат рандом муабети и додека им дојде автобусот стануваат BBF. :f:
     
    На Lady Phoenix, sagittarius57, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  19. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.383
    СДК дали на фемина се појавуваат се повеќе верски фанатици или мене така ми се чини?
     
    На SuperGirl24, Lady Phoenix, Lella и 9 други им се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.680
    Допаѓања:
    17.608
    Bitch, better read a book than talk to you...
    Безвезно ми е да слушам портарски муабети и да седам в паб (читај на пешачки, прилепчани знаат за шо зборувам).
    Неодамна седев со една другарка на моја другарка. Порача пирошка и ја донесоа и само што ја изеде ја праша другава дали има кармин на устата. Мислам, удф? :^)
    Се изнасмеав мислејќи дека се зафркава. Но , не. :oЗа неполна секунда го изваде карминот и се намачка.|( Стаса пивото и истата постапка. ^_^
    Е со вакви особи не ме седнувате уште еднаш никаде!

    Еј, хелоу јас дојдов да се најадам и напијам ко чоек.
    Ко зедов јас да јадам.... :D
    Сигурно таа вака правеше за мене|(
    Типкава инаку работи каде што се носат униформи со кошула и сако. (не е банка) Се тресеше ко некој лилјак дур баравме место и се жалаше дека и студи.
    Ја прашав оти не се преслекува во ВЦ пред да си оди од работа кога знае дека студи надвор.
    Строго ми рече дека никогаш не се преслекувала(facepalm)
    Очигледно, сакаше да биди видена дека работи таму и таму и носи униформа. :makeup:
    Доста искомплексирани особи постојат, или јас сум исто таква за некого.
    Затоа јас решив да останам дома и да читам книга. Не ми се виси по кафињата бесцелно.
    Бај :*
    [​IMG]
     
    Последна измена: 10 мај 2016
    На Rama, sagittarius57, kjukli и 4 други им се допаѓа ова.