Сите згрозени коментираат за студентката што се породи на граница и го остави бебето. Згрозена сум и јас и не сакам да верувам дека постојат такви луѓе, но и нешто друго ме замисли... Како може една погрешна одлука тотално да ни го упропасти животот! Тотално!!! Непромислено и инстиктивно реагирање, само некако да се извлечеме од ситуацијата. Затоа, секогаш размислувајте со смирена глава и брзајте "пополека"!
Единственaтa дoбрa oдлукa шo сум јa нaпрaил у пoследнo време е тoa шo пред дa пoчне дa истурa нaместo дa прoдoлжaм нaкaј центaр влегoв у спoртлaјф
Ако дојде ред да се стресувате од огномет треба да се запрашате до каде сте со стресот и стравот, а не дали е ненормален организаторот што слави со огномет. На врв нерви треба да си да те извади од памет огномет, а експлозија и огномет многу поразлично пукаат. До вас е што се вадите од памет е. Одете на јога, медитација, психолог, лајф коуч, па и психијатар. Факт е дека ги имаме сите предуслови да сме чакната нација, ама преземете мерки пред да ву се одземе паметот.
Уживам во едноставни работи. Како сендвич со сиренце и домати. Ненадеен зрак низ облаците. Мачки кои ми легнуваат на грб додека вежбам. Денови кога единствена мозочна функција ми е толкувањето на фигури кои ги создаваат облаците. Препуштање на музиката. Мисли истурени на хартија. Лежење на трева со слушалки во ушите. Мирис на мајчина душица. Се изгубив за миг, но успеав да се пронајдам. И вредеше.
СДК малер ден,скршив сјај, 2 огледала,ми цркна телефонот , автобуси ми избегаа, на мајка на другарка телефонот и падна од тераса. се надевам Барса ќе ме расположи вечер.
Неразбирам како толку многу не сакаме да сочувствуваме или да се потрудиме да ги сфатиме луѓето. Туку веднаш осудуваме. Па и да има психички проблеми, што треба да умре од страв? И добро, ти си возрасна, разликуваш огномет од експлозија, но како ќе му го објасниш тоа на малото бебче? Сепак на крај на денот, мој став, е дека секој мора да биде одговорен за својата постапка. Ако било премногу гласно потребно е да се казни банката. А ние останатите, баш треба да бидеме против ваквите непромислени постапки. А не да ги оправдуваме и да ги правиме останатите луди. Или само кога се однесува на нас, само тогаш разбираме. Навистина мислам дека не ти е на место мислењето. Сепак ти си знаеш.
Некои луѓе се створени за да ги сакаш. Ама, само од далеку. Штом им се приближиш.. разбираш, колку само (би) ти смета(ло) нивното. Cheers за пар луѓе кои го разбраа тоа деновиве. Кога е обестрано.. и незадоволството е океј.
Не можам да бидам позитивна. Не знам како. Никогаш не сум била насмеана без причина. Никогаш не сум успевала да ги расположам другите. Секогаш сум онаа тивка, намуртена девојка која стои подалеку од луѓето. Сакам и се трудам да бидам среќна, ама не успева. Никогаш не успева.