Имам еден тетин кој обожава да раскажува приказни од времето кога бил војник или пак некои анегдоти, а тетка ми само го влече за ракав "Ајде Јоване, не ги замарај луѓето"... Мојов па на пример, забележувам колку сака да се фали, да објаснува кои земји ги прошетал, колкави одговорности има на работа... Една постара жена ми имаше давано некои совети за врската и сега откако се смиривме, си сфатила дека е тоа е нејзина заслуга, ми вели арно што си ме послушала. Порано ова најмногу ми бодеше очи. Не дека станав толку добра во душа, туку прво помислувам колку тие луѓе се среќни додека зборуваат за своите достигнувања, искуства, додека истакнуваат некои свои квалитети. Зошто на пример тетка ми да не го ислуша маж ѝ, после пет минути ќе заврши, насмеан што некој му посветува внимание, наместо да превртува очи!? Зошто мојот да не го оставам да се фали, нели тоа е лавовска карактеристика? Ми спомнува братучед ми дека многу сакал да се истакнува, а јас го знам каков е во душа, зошто да го замолчувам? После толку време си печали пари за себе, си се гордее колкава доверба имаат во него на работа; како дете ни во соседството не прошетал, а сега гледа земји како Литванија, Естонија и тако даље... Зошто да ѝ укажам на женава дека тоа си е лично моја одлука, кога може да биде среќна со помислата дека ми помогнала? Многу е лесно да ги прифатиш какви што сѐ, да ги ислушаш, едноставно да ги оставиш да го прават она што ги чини среќни. А сепак, за некои луѓе изгледа претешко...
Ова куче ќе ме умри мене Значи денес станав си се напив бедоксин, јадов и собрав сила да му дадам три дијазепами на Марли по 5mg со огромен став дека нешто ќе му се деси. Му ги дадов и заминавме на ветеринар. Влеговме внатре седевме пола сат чекавме да почни дејството на апчињата. И знаете што? Не почна! Да. Скоро како да не се напи ништо. Дури почна да е уште повеќе goofy онака да ме гушка да ми се гали да ме бацва... И пробавме пак да го вакцинираме, пробавме пак маска да му ставиме, викна ветеринарот уште еден на помош... И НЕ! Пак не сме вакцинирани! Дали е ова можнооооо! Дали толку не постои начин да си го вакцинирам кучето. Тотално сум беспомошна. Ве молам луѓе од Битола ако некој има мал кафез да ми пиши инбокс, да го пикниме внатре и да не можи да се врти, само една секунда колку да му стави ветеринарот седатив и да заспие. Значи и него го измачивме, и ветеринарот се скапа мачење и мене душата ми е распарчена оти претажно плачи и се бори буквално за животот негов. Од ко излеговме од ветеринарната се опушти и уште поќе се издрогира. Почна трева да јади, на сред улица да скока да ме бацва, дома по скали трча нагоре надолу, ми се качи в соба дури и ми ја украде влечката.. Се сопнува, се борка... Сега фала богу подзаспа да му помини дејството оти не знам. Се збудалив тотално. Уште ова со кафезот ми остана како опција. Многу сакам да ми е здрав вакциниран и чипиран. Ве молам уште еднаш ако има некој само на кратко да го земам и ќе ви го вратам.
Се сеќавате ли на Тетрис ?! Во секакви бои. Со интересна мелодија за време на игрите која никогаш не успеав да ја ислушам до крај, секогаш моите сакаа да гледат вести, или слушат некои емисии кои тогаш ги имаше повеќе. Тоа барем за мене, незнам за вас ми беше најголемиот проблем, да го слушам победничкиот тон, а не да се нервирам за тоа дали имам или немам батерија. Да седам во двор и да играм тетрис, да редам глупави фигури а сепак да не ми е здодевно. Да пукам со тенкови, да се борам со големиот тенк и да уживам во секое превртување на стазите. Ејј тоа беше еден убав спомен во детството. Сега многу тешко се наоѓа тетрис. Па дури и да му подариш на некое дете тетрис нема да го додржи во раце ни пет минути. Жално е ... и страшно понекогаш што се направи модерната технологија. Сега сите тие игрици ги има на телефонот, па дури и некои поинтересни. Ама чуството не е исто. Да гледаш во едно мало екранче, и во мобилен телефон. Или па да ја спасиш женската на супер марио ама на нинтендо, не на компјутер. Да гледаш во телевизор поврзан со нинтендо а во него ставена касета. Најголема радост ми беа деновите кога беше пазар, а мајка ми ќе ме почастеше со уште една касета од купот полни во ќесе. Мислите дека компјутерот и мобилниот телефон можат да ги заменат тетрисот и нинтендото. Радоста не е иста, нема да биде никогаш, а денешните генерации нема да го искусат тоа на своја кожа за да можат да направат споредба. Барем да ја почуствуваат таа убавина на момент да ја снемаше технологијата. Уште една добра работа е што тогаш не се класифицираа децата низ муабет, не се љубомореше и оговараше уште од мали нозе кој каков телефон имал. Дали бил голем екран или не. Тогаш сите бевме исти. Во рацете држевме тетрис во црвена, плава, бела, сива боја. Тоа беа прекрасни моменти
Почна испитна сесија, почнаа и моите непреспиени ноќи. Литри кафе пијам на ден само за да го остварам тоа што го имам зацртано во глава. Во последно време се повеќе сум убедена дека бившиот ми е геј. Зарем постои машко кое одбива секс? И кое не знае да ја задоволи партнерката при кажаните инструкции? Оваа моја теорија треба да се провери. Но, немам време за луѓе кои останале во минатото, привлекувам позитивна енергија и себе си се надградувам секој ден.
Очигледно, во животот не треба ич да ја 'тупиш'. Како ќе биде? Дали ќе биде? А што ако... ? Ма само напред и ич не му ја мислам поќе...Шо сака нека биди!
Кога ке ти каже газдата или шефот дека ке треба да останеш уште некој саат на работа а ти едвај чекаш да ти заврши работното време и да фатиш МАГЛААААА!!!!!!!!!!
Се будам со насмевка на лицето, дури чудно за ваков човек како мене. Без посебна причина, уствари имам причини за плачење али кој има време да ме слуша како се жалам. Полесно ми е да ја споделам среќата отколку тагата, одбранбен механизам имам вградено во себеси изгледа, сите лоши мисли ги брка од главата. Како под тешки наркотици да сум... Убаво е. Помирно.
Roskav niz Kantata na forumov I naletav na ova gjubre : http://forum.femina.mk/threads/В.25638/ Nisto ne razbrav od temava. T.e "temava"
Нон стоп слушам, читам, па и на форумов дека во странство ќе сме биле граѓани од втор ред. Искрено им блазесвам на тие “дома„ што се од прв ред, да беа и тие што заминале, не ќе заминеле воопшто. Барем, голем дел од нив, ако ништо друго. Дури и да е така, некому статус на граѓанин од втор ред му е добра зделка во однос на она што го имал претходно.
СДК дека многу е лесно да бидеш до некого додека е среќен...кога во Декември му е сончево Никогаш не напуштај некого што останал до тебе во сите прилики/неприлики, тогаш кога во Април ти врне снег
Или КОГО го знаат, како таа некоја особа Х е врв за нив (познат газда или не знам ти што). Макар и само еднаш да се има поздравено со нив. И потоа следуваат муабети од типот : А бе како не го знаеш ти? Цел град го знае. Ти свесна си кој е тој? Мислам, извини. Не, не го знам лично и не ме интересира. Енд оф д стори.
Или коментари од типот " со Хх сме пријатели на ФБ" Плус, коментари од типот " ти знајш КОЈ сум!?" - абе да си НЕКОЈ не ќе прашуваш дал знаеме кој си. И врвот - знаеш со КОГО се знам...
Колешка ми покажува слики на ФБ. КОлку сум назадна човече, незнам ни која е трудна, ни кој се оженил, ни невестилникот замисли не го знам на снаа од колешка Гледам на ФБ еден феномен, сите не она ,,место на живеење,, ставиле :Омаха, Лондон, Дубаи, Бали... Абе што да Ви кажувам ....а наутро сите не буди тракторот на комшијата или петелот од дворот. Омаха...шије ми га Ѓуро
Не знам како да го започнам текстот Срцето ми се кине . Кај мене во комшии има продавница во куќа и тука во дворот беше едно препрекрасно црно кутре но беше во некој кафез, а позади во дворот тоа другото кафеаво. Црното ( Луис ) кога ке ме видеше толку скокаше од среќа и таков сјај имаше во очите што го немав приметено кај моето куче никогаш Вчера после толку дена отидов да купам леб во самата продавница и приметив дека кучето црно Луис го немаше , а го немаше ни кафеавото, ја прашав продавачката ми рече дека кафеавото го дале на некој човек да го чува а на неговото место било сместен Луис. Отидов позади во дворот да го видам, не мрдаше , не ме отпоздави како друг пат , да се игра да се радува. Лежеше и едвај дишеше. Му се приближив почнав да го галам а на неговата уста имаше пена..Не, не сакав да помислам дека е тоа, но тоа беше... Ги викнав газдите да го видат. не знаевме дали е отров или што е, зошто беше во живот уште. Се јавив на ветеринар и ми кажа дека против отров ништо не може да помогне само да даваме вода со шеќер или млеко со шеќер..од 3 часот до вечерта неколку пати отидов да го видам и да му дадам од благата вода..Ке го кренев да застане на нозе и струполено паѓаше само...Кој ли беше монструмот? Одеднаш почна да исфрла измет со крв, и пак падна , што значеше дека му доаѓа крајот. Бев до него го галев и знаев дека тоа е нашиот последен поздрав. Нема да те заборавам Луис му реков, ти си најпрекрасното куче кое некогаш го запознав. Утрово кога станав слушнав од татко ми дека вчера доцна навечер починало. Уште не можам да си дојдам на себе...Зошто такви луѓе монструми постојат ? Те сакам Луис...
Го догледав Inland Empire. Очекував вау-ефект, од типот на Mulholland Drive. Или премногу очекував или не го разбрав филмов целосно. ¯\(°_o)/¯
СДК нaдвoр сoнце,ден убaв a мене рaспoлoжениевo ми е тaпa,кaкo пoминувaaт денoвиве мм пoјќе ми фaли,a не,не сум кaкo зaљубенa тинејџеркa,нo пoинaку е кoгa е дoмa,си имa рaбoти oкoлу двoрoт,пa и сo мaлoвo ќе ми пoмoгне,и пoдругo е се.Ах..... И седaм и си мислaм кoлку гoдини сме зaеднo,a зa тие гoдини кoлку бевме рaделени,тoј двa пaти aвгaнистaн,пa нaвaму нaтaму пo терени,дa зеде пaри си купивме куќa сo гoлем двoр,нo си велaм,зaрем мoрa тaкa рaзделени,и еве сегa дете мaлo дoмa,не гo гледa тoa си рaсте,и пaк ете рaбoтиш пa немa дoвoлнo зa се,незнaеш зa нa oдмoр дaли ке имaш a се убивaш oд рaбoтa,нo излaгa другo пa aј пaрите зa тoa,зa oвa и немa крaј,тaкa е сaм кoгa прaвиш сеи немaш пoмoш oд никoј и никaде,a и oд кoгo нели??Секoј сaм си се бoри,и не oчекувaм ништo oд никoј,бaрем знaм се си стекнaл сaм мoжеш слoбoднo пo грaди дa се удриш. Не нaвлегувaм вo пoлитикa,не плукaм пo држaвa,нo мн oчигледни се некoј рaб.Јaс цел живoт учев плaчев aкo дoбиев пoмaлa oценa,пa учи пoпрaвaј,зa дa кoгa oтидoвнa фaкултет дo мене кецaри,и двoјкaри кoлегa дa ми викaaт,и бaш тие сегa имaaт рaбoтa,a си седaм дoмa.пoдoбрo нештo oткoлку ништo викaaт дa,нo дa oдaм нa рaбoтa зa 10000 дa ми шефувa некoј влезен сo врски,и oд кoјa плaтa пoлa зa јaдење и пaт ке ми oди,пa дoмa кoгa ќе дoјдaм дa нз глaвa кaј ми е,дaли дете дa гледaм,дaли вo зимa кaмин дa пaлaм,пa дa чекaм дa се зaтoплиме ,не!Ете чекaм пoдoбрa приликa,ќе oднесеш цв вaму тaму,пa се нaдевaм ќе биде пoдoбрo... Се испoмешaв aмa кoгa си down пa и сaмo тaкви мисли ти идaт...
Се е шарена лага. Чувајте си го здравјето само тоа ќе кажам. Каде и да сте на светов. Толку сум разочарана од односот во Систина не можам да опишам. За сопствени пари. Успеавме да се излажеме од поговорката колку пари толку музика, ама не било така. Не се чекало? И те како се чека. Фини? Како не фини... Професионални? Што е тоа професионални? Имале систем и грижа? Како не имаат, како ненаштиман оркестар се, не функционираат ко целина, туку плаќаш на едно место, а секој доктор со неговата сестра се однесуваат како засебна независна ординација. Се слушам со другарка ми на скајп, живее во западноевропска земја и ми вика, тука мислиш подобро е? Се лажете таму, системот, државата, здравството. Чекам КТ на глава три месеци, на приватна клиника е 3000 евра, толку ми е платата. Каде и да сте на светов молете се да не се разболите. Ако имаш ќе те лечат, ако немаш ќе чекаш, а кај нас исто ти се фаќа, само едното чекање ќе те кошта повеќе. Да не мешам баби и жаби од муабети... Се разочарав за сите 2000 евра.
Многу е тешко кога некој период останеш без пари,тие одат и доаѓаат.Но најтешко е без маж во куќа,без домаќин,без човек кој ти е СЕ во Животот.