Зошто на некои луѓе се им е подредено во животот, немаат никаков проблем, не се соочиле со никакви стресови, и си имаат успеси на сите полиња, а на некои кога ќе им тргне надолу во животот нема сопирачка? Одд лошо полошо. Секој ден преживување. Секој ден стрес, грижи, тажна фаца, тежина во душата... И после некој ќе рече сами сме си ја правеле среќата и животот... Абе да, уживај, сами си правиме... А најубаво е да солиш памет некому. Не си искусил на твоја кожа а кажуваш на други. Кога не знаеш како е, одјеби.... Ама знам дека е тешко блабла, абе чоек едноставно не знаеш како е и не се обидувај да се прајш како да си поминал низ тоа. Некои родени се во погрешно време и место, а за жал и ја спаѓам во нив. П. С. Како непишано правило е кога ти треб некој нормално дека сите се зафатени, а ти кога им требаш магично ќе те пронајдат и под камен да си.
Стара чаршија во Скопје, во било кое време од денот и ноќта, без разлика на тоа дали дува топол ветер или вее снег - преубаво место е. Со таква длабока душа која ја чувствувам како дише секој пак кога поминувам низ тие сокачиња. ~ ~ ~ ~ ~ Тука сум, живеам во и за секој момент. Тагувам, но среќна сум... Ми недостигаш, но наскоро повторно ќе се будиме заедно... Комплицирано, но едноставно. Ко и мојот живот. Ко и сѐ останато.
Ostanaa uste samo nekolku denovi do mesec Ramazan. Najubaviot mesec vo cela godina. Mesecot na Kur'anot. Mesec za ibadet. Mesec na radost. Gospod da ni dade sila da ja izdrzime zestinata, a sekako ke ni dade ako iskreno postime vo imeto Negovo.
И на залезот на денот ние сме истите. Се е подведено на нас... на нашите потреби, сништа, желби и подготвеност да направиме чекор повеќе од што веруваме дека сме во состојба да го изодиме и сами да ги зграпчиме шансите на патот што ни претстои. Некои не смееме да ги пропуштиме по никоја цена. Верувањето во сопствените способности, соочувањето со стравот, поставувањето на личните цели како приоритет... Во животот ќе добиеме онолку шанси колку што вистински сакаме да земеме. Изборот е клуч до успехот!
Ако си подзаборавил кој си или како дојде до таму што си и не ти се допаѓа, гледај си ги старите слики и ќе дојдеш до одговорот. Некаде таму е тригерот кој ти го дувнал оганот во очите.
СДК има луѓе кои уживаат да читаат постови и да бараат ,,влакно во јајцето,, Се расправаат Противречат, мислиш нивниот збор е најисправе Се лутат за нечиј пишан збор Пропагираат реалност ! Можеби и ќе извојуваат ,,победа,, во некој дуел, ама - шуплива. Нема да стекнат наклоност на противникот, а во секој ,,дуел,, на форум тоа е најбитно.
Преку глава ми е од коментари: "Оваа никогаш не сум ја сретнала во кафичите каде што дремам секој ден, сигурно од дома не излегува и учи постојано". Некој можеби не преферира да оди на места каде што има гужви. Можеби повеќе сака да оди во природа. Можеби сака да пие кафе дома гледајќи ја омилената серија или читајќи ја омилената книга. Можеби има некој проблем. Можеби учи напорно затоа што сака да постигне нешто и да најде добро платена професија. А можеби и излегува често, но не на истите места каде што излегуваш ти. Зошто наместо да ги решаваат сопствените проблеми, на некои луѓе единствена цел во животот им е по цел ден да зборуваат за туѓите животи? Никогаш нема да ми биде јасно.
А тебе ич да не ти е гајле за таквите коментари.Тоа се не созреани луѓе или празни во болјерот па нема со што да го хранат уживај си..
Убаво е кога доброто дело што го имаш направено многумина го зборуваат. Многумина школски, другари од различни општински на Црвениот крст, професорки, роднини ни кажаа браво на тимот кои ја направивме апликацијата која се корсти кога ти треба некоја од итните служби, а не си во можност Убаво е тоа дека ние младинците, правиме промени во ова општество. Се изгради куќа, се помогна на многу другарчиња во учењето, се купија многу кревети, шпорети, се сменија покривите од куќите на оние кои не беа во можност... Самите организиравме концерти, натпревари, претстави за да ги собереме потребните пари Убаво е да се знае дека во овој циклус на ПХВ програмата беа изработени 184 вакви мали проекти А убаво е и јас да научам биологија за утре, поздрав луѓе
Понекогаш толку многу ме истоштуваат испиени кафиња со 100%-ни екстроверти што потребен ми е некој саат сама со себе за да наполнам батерии. Премногу непотребно инфо...
Тoa штo секoјa гoдинa истa групa нa ученици се тестирaaт нa ист ден, кaжувa кoлку е прoгресивнo екстернoвo... Зaр мoже дa се дo тoлку прoсти?
Значи денов денес.. Сабајле одлучив да облечам бела маичка после 4 години носење црно.Ја искапав со кафе.Видно.Ми се скршија 3 нокта онака грдо и не носев турпија и цел ден шетав таква.Изгубив пари.На крај ми го затворија Рекорд пред нос и идев пешки. Ми се истури јадењето дома.Ги извадив ноктите, се скршија моите. И згора на се ми се врти Махи-махи-махи-махи-махинално у глава... Еве чекам апокалипса.Вие арни?