До пред три дена: - Аман, пола јуни помина, лето не видовме... Овие три дена: - Аман....испоцркавме на жешково... Мислам дека е до луѓето, не до времето...
Хахаха не мора да значи дека се што пишувам на форум е вистина. Можеби не сум ни излегла со типот, а не па врска, можеби двајцата така се договоривме намерно да пишеме, не можеш да знаеш
Денес ми е еден од најлошите денови евр! Накратко, на Марли кучето мое, му најдов 4 израстоци на екстремитетите. Еден од нив имам забележано уште пред неколку месеци ама мислев се драсна/удри оти е мнооогу хиперактивен и така изгледаше баш како удрено како зарасната рана. Но овие другите се нови. Скроз испаничив, гугл ми помогна да допаничам. Секако дека одма на тумори, ракови ми замина умот. Се отепав од плачење. Буквално 3 саати плачев и повремено го гушев од гушкање Марли. Одма исконтактирав ветеринар и е закажан за понеделник за преглед. Му пуштив слики од израстоците и му реков кажвај чоек шо е работата ќе умрам до понеделник. Ми рече не изгледаат воопшто на тумори или нешто така, повеќе изгледале на некојаси кожна болест. Малце ми олесна, ама ветеринарот ми рече за сигурно ко ќе го видам понеделник и тогаш ќе видиме. Те молам Господе ако постоиш, те моооооолам немој Марли да ми го гибаш! Те молам!
На мојот пред некој месец му најдоа тумор, одма реагиравме, го отстранија и сега е добар Смири се, ќе биде се во ред. Ти посакувам среќа
Убаво е што е облачно денес и да не беше плачот на некое бебе во комшии и мувиве на тераса, пораат ќе си го пиев кафето. Не дека сега не го пуштам мозокот на пасење, ама ете. Многу хаотичен период, неизвесен. Дојдов до очај левел хороскоп да читам да дознаам што понатаму. Искрено би сакала да ми се случи потешката опција, да излезам од оваа одвратна комфортна зона, да сменам околина, да влезам во нови води. Ќе видиме. Бљак више од фразава. Инаку сум станала локумоманка. Пред некое време пробав локум од калинка. Сега обичен. Си лизга со кафево. И така, ќе се тргнат ваљда моиве облаци. И ќе има убаво време.
Кармата можеби не е инстантна, но постои. Мој пример. Една другарка ми порачуваше пијачка и и дадов 100ка и требаше да ми врати 20 ден, но ми рече немала ситно а и да беше гужва памтам Велигден и најверојатно плати за сите и му собра на сите по 100ка.Ај, па шо ми вели 20ден.Хахах,еј ај велам. По еве месец, два пиевме кафе и остави 100ка бидејќи таа и другата другарка сакаа да заминат. Јас останав да го догледам фудбалот со една друга и му плаќав на келнерот и требаше неа да и вратам пари. И не и вратив Друго, бившиот шо го спомнував почна да излегува со моја другарка што излегуваме заедно, со години се знаеме. Тој ми рече на фб да не и кажувам дека сме биле заедно. Не знам што да правам, дали да и кажам. Оо Сандеј еј а бе каде е сонцето?
Толку многу да се грижевте за вашите родители,пријатели,дечковци/девојки,ко што се грижите за вашите животни,светов ке цуташе од љубов.
Многу јак пример еј. Карма? Карма дека не ти вратила 20 денари? Ама затоа ја стигнала кармата и ти не си и вратила 5 денари, нека пукне од мака кучката. Значи тотални глупости, што се човек нема да прочита. Прво толки месеци си памтела дека 20 денари не ти вратила еј... Ко 20 евра да се во прашање. Па оди по улица и ќе собереш 50 денари. Второ, знаеш што е карма? Пример некој со колаа прегазува човек на улица и бега од местото. После неколку месеци психички се уништува, го јаде внатре, полудува па завршува цел живот во лудница. Или двајца огравубаат банка ама не можат да се договорт како да ги поделат парите па се убиваат меѓусебе. Такви примери се карма, а не дека 5 денари или 20 денари не ти вртиле, дури срам ме фати кај што читав. 20 денари човече.... Карма.. . еј...
^Тоа сакав и ја да кажам - не е карма кога ти сам, свесно, ќе му вратиш на некој. Тоа е едноставно, одмазда.
Не ми е девојко за 20 денари, ни јас богата ни таа . Туку за постапката. Ете сношти оставив пари пак 20 повеќе, т. Е. Не ги поделивме парите што ги даде келнерот. И не очекувам да ми го вратат. И повеќе пати имам оставано така и на крај се најде еден паметен и ги зеде тие 60 денари шо требаше да ги поделиме и и порача на женската сок. Мене ми е срам да му должам некому и денар да е.
Баш оние што сакаат и се грижат за животни,се оние кои имаат најмногу љубов и спрема луѓето.Не си приметил?
Јас сум преголем љубител на животни,имам дома домашни миленичиња,ама се повеќе налетувам на луѓе кој повеќе си ги сакаат животните него ли домашните.И ја прават најголемата грешка,место деца да прават да чуваат они кучиња и мачки зимаат.