Исто и јас налетувам.. Па си викам може не се спремни/способни да ја дадат истата љубов на семејството, па се тешат со тоа што ја даваат на некого што нема никогаш да им пререче, замери или прозбори
Истата љубов што ке ја даде на кучето или мачето секако дека може да ја даде и на сопственото дете па и 10000 пати повеќе.Него младите веќе бегаат од обврси и сакаат да шетаат да уживаат со парите на тато и мама,затоа што ако направат дете ке треба самите да работат.
Е да де, сите бегаат од обврски а обврските околу кучето не се обврски хаха. Типичен пример, моја прва братучетка 11 год чуваше пудлица, во доцните 30ти фати еден германец и отиде во Германија. Си ја зема Тинка таму, па си купи 2 папагали од оние големите, па си живееше среќно без деца, се додека кучево не се испоразболе а што се деси со папагалите не знам.. Ама знам дека мажот и готов беше да полуди што она е позаинтересирана за кучето, него за деца (макар посвоени да се).. За тие луѓе не сум баш сигурна дека го чувствуваат правиот вид на љубов.,
Зимаат кучиња ги чуваат 1-2 год и послем тоа родителите им ги чуваат,такви примери знам еден тон.Епа ете што понатаму да кажам кога имаш пример со братучеткати,тоа е најголемиот проблем кај младите,бегаат од обврски за деца чување и зимаат животни мислат животните се деца,све е веќе отидено со паметот.
Знам дека животецов ќе ми трпи промени...поради фактот што ја сменив бојата на косата, а таа одлука се изнесе како предлог, изгласа и оствари за помалку од 2 дена. едно WoW за себе... и друго WoW паа.... и тоа за себе... Го завршувам чипсов и носам одлука од утре да се стаам на диета. А до утре има доста време кое треба квалитетно да се искористи... ќе тркнам до продавница по уште еден чипс и сладолед... Овој пи ем ес ме излудува!!!! Ај валда ќе смршам 6 кила до Август.. за кога ќе вратам 3 после Август.. епа 3 екстра кила и не се некој биг диал да бидеме реални... Нема лабаво бе другари!!!!! (кажа, со пуна уста доритос)
Има многу работи што ги чувам скриени и ми се знак на поголема интимност од голо тело или солзи. Не сум срамежлива, не сум конзервативна, а сум прилично чувствителна. Зборување со страст за нешто што го сакам пред потполен странец ми е тешко. Објаснување некои лични одлуки ме прави да сум несигурна. Не сакам да планирам ништо, додека не сум сигурна дека личноста ми е блиска. Не сакам да молчам пред некој што не го знам доволно добро, па макар и тоа да значи дека ќе му раскажувам на човекот скроз небитни работи. Најтешко ми е да си го тргнам слојот на манипулативност пред некој, и да бидам јас. Со сите маани, несигурности и грди особини.
Двa денa у Несебaр и двaтa денa ми се дешaвaaт некoи чудни несреќи. Зaмисли oд бус oд 50 луѓе шo oди зa Бугaријa дa ти пaдне шише стaкленo врз глaвa Кoј бaксуз требa дa си Ај мoждa неш убaвo ќе биде шo дa речaм другo
СДК... Родителите се градители на животната патека. Децата одлучуваат кога ќе поминат на другата страна.
Стварно ме вадат од такт луѓе што знаат да коментираат за туѓ живот. На мои 17 години веќе сум под притисок од мајка ми зошто уште немам дечко. И тоа ми вели се срамела од нејзини пријатели што ме знаат кога им кажува дека немам. А тие па- ајде 17 е веќе, што мисли, нека фаќа, сите на нејзина возраст имаат. . Во лице би им плеснала ама.... Не дека се замарам нешо многу, ама мајка ми да ми врши толкав притисок и тоа заради нечии зборови е више . Глејте си го вашиот живот бе луѓе. Којзнае колку и самите имате несовршености што и не се видливи, па знаете да коментирате за туѓите само за да ги прикриете своите. .
Најлошто е да си во ПМС кога треба да учиш, значи полошо од тоа нема. Само женско суштество може да сфати. Замисли имаш 500 страни да читаш пола англиски, пола српски, пола хрватски, и да правиш семинарски а тебе ти се плаче, паметот ти лета на сите страни, сакаш да се караш, да јадеш чоколадо...абе се ти се прави освен да учиш Отворам ворд пишувам една иста реченица 3-4 пати по ред значи не ми е тука паметот воопшто, па задов си отворив да си читам разговори од некоја личност Од една страна викам ај батали ќе го оставам за август, ама од друга страна си викам ај барем тој да ми се мани од глава, дај да не го мислам цело лето...и пак не знаам што правам искрено. И после ПМСот немал влијание врз расположенитено, сме измислувале ние, сме се ваделе со тоа...кога ќе рече некој така ми иде не знам што да направам Што бе, јас сакам да сум ваква? После малку се смируваат хормоните, ама затоа настапуваат болките со се појак интензитет....Маживе да поминуваа низ нешто вакво мислам пола машка популација досега ќе беше самоубиена од што немаа да можат да издржат овој психички терор. Вежбав попладнево да ја истрошам енергијата, ама џабе е се...пак се нервирам, пак вријам за ништо, пак за момент плачам, за момент се смејам...постојано гледам во тел да не ми пишал некој човек, ама не ми пишал, па пак се нервирам, па пак се смејам, па изедов милка, па ми се плаче зошто ја изедов, па зедов цела сезона од supernatural да ја спуштам, па ми закочи цел интернет, па ми се воспали лаптопот и мислам ќе пролета пошто ми исушта звучи ко хеликоптер...ми иде да си избегам од кожа. Тесна кожа. Најдобро ќе биде утре да одам на протест и да се изнавикам, да се изнапцујам, и да се изнафрлам се што ќе ми дојде при рака. Абе не дека имам нето против Грујо (супер дечкото си е ) ама мора, за да ја вадам енергијава. Инаку баба ми вика да не сум планирала да се мажам изненадно, поарно да сум им кажела отколку непланирано да ги фатам еј, двете жени болни се за тоа да дознаат дали сум имала дечко ама да не го кријам од нив...кога ќе се сетам на такви муабети ми поминува жештина од нервоза, ама земам една коцка милка и ми поминува.
После вчерашниот емотивен и лош ден, денес демек ќе се опуштав. Ама не. Бевме Охрид и беше лошо времето ама ајде добро си поминавме. И се враќам дома, пред врата кај мене дреми еден пијаница од маалата. Скроз нетокму. Не само што е пијаница туку е и психички нестабилен. Има пробано два пати да се самоубие еднаш со пушка в глава и се има промашено има лузна на цела фаца, еднаш вените си ги секол. Му викам на дечко ми страв ми е да влезам. Тој насилен е мајка му ја тепа секој ден, жената е срцка ама многу ја тепа. Има лежено Демир Хисар мислам. Ама го пуштија пак. И пак ја тепа. И дечко ми ме испрати до врата. Си влегвам јас дома и слушам нешто лупа силно Марли лај... Излегвам надвор го гледам тој застанат кај нас пред врата мава клоци по вратата и ми се дери заќути си го кучето ќе го убијам! Јас . Се испотресив. Го пикнав внатре кучето и чекам да замини. Тој пијан дроп. И замина, и после дома татко ми ми кажа дека и пред тоа пак мавал со клоци по врата излегол татко ми со убо му рекол бегај сега оди таму.. И дури сакал да го истепа . Се изнервира уште толку дека мене ме гибал.. Со будала таков не се тепа. Ако уште еднаш се врати или на било каков начин ми се обрати ќе викнам полиција. Преѓе не викнав само заради фактот дека ме изненади и се уплашив и после го чував кучето внатре во една соба за да не лај да не се направи големата. Плус малце ми беше страв да не викнам па после од како ќе го пуштат (оти очигледно кај нас слободно ги пуштаат ваквите нестабилни личности) да не ми дојди со секира некоја или сама да ме најди кај шо си одам дома па да биди нешто шо не треба. Остатокот од денот го поминав во двор со Марли кој истотака беше преплашен и цимолкаше и не сакаше сам да седи... И на штрек, дали ќе се врати пак дали вака дали така. На повеќе врати лупаше и се закануваше не знам зошто сите се плашат толку да го пријават. Мислам не планирам вака да живеам на секое да пазам и да се плашам да си поминам низ улица. Стресови. Сега сум тотално капната, ќе си манам Бедоксинче и серифче и да дишам малце оти не е на арно толку стрес. Се надевам имате подобар викенд од мојот.
Се утепав од барање што можам да пикнам во тегла за сликање, излезе пола рецептите се со работи што во уста не ги ставам.. Да си легнам најарно, да не се брукам
Sakav gusti ramni siski,osisav,dojdov doma ,se gledam vo ogledalo..ne bee,ne se bendisuvam.zakazav kaj drug frizer,gi istenciv,poretki gi napraviv,kako cik cak malku,doagam doma,se gledam..,jok..prviot pat poarni mi se vidoa.e aj sega de.ova nekoja zenska logika ke da e,a ne mi e prv pat toa..vo posledno vreme i jas sama neznam sto sakam.a se mrazam takva...
Ама јас помислив дека цицки си сакала такви, така ми се читна, па уште ги оцицала или незнам шо помислив за овој збор. Два три пати се превратив на првата реченица. Дур сфатив де.
Деновиве вријам. Значи, правете си што сакате со комплексите, ама немојте да ги тресете на луѓе што се отсутни и што немаат контрола врз своите недостатоци. Едно е да критикуваш ѓубре карактер и свесно бламирање (иако и тоа не е баш најпотребно, али bite me), друго е да се исмеваш на физички изглед што е речиси надвор од твоја моќ за поправање. Знаеме една девојка, доста симпатична на фаца, ама со лице полно акни и флеки. Доволно храбра да не носи тони пудра. Абе, се скапаа како да не биле бјути ефектите на камера, ќе мислеле Фреди Кругер маска дека носи, немало да биде лепотица со толку допаѓања (леле, страшното), па ко рендано сирење била во фацата, па повеќе гној имала на лицето отколку сало во стомакот... да се згрозиш. Ко човек што веќе го прошол тинејџерството, ама уште се расправа со по некое дупче и белег на лицево, знам кое препотување ми требало за да се спремам. Па ако ставиш помалку шминка си рендано сирење, а ако ставиш повеќе, иде фамозната и многу оригинална споредба „нанесена паштета ко со лопата“. Уф, да ве бубнам, движечки совршенства. Сакав толку да им влепам 2-3 воспитни, па да ги заспијам. Друштво или не, морони сте повремено. Ај да се смееме и на моево лице, твојот огромен грб, а слаби нозе, неговиот крив нос и нејзината Џокер уста, м? Многу е лесно да делиш погрдни епитети. Уште не ме чепнале да станам речита ко што знам... Како идеше она „Присуството на туѓа убавина не значи отсуство на вашата“. Али па затоа присуството на туѓ памет и те како го истакнува отсуството на вашиот.
Точно пред една година,на овој ден,кога ги отвирив очите во шок соба,знаев дека господ ме сочува само заради него. Имаше штотуку полни два месеци. Тогаш си ветив дека тоа ке ми биде последната разделба од него барем дур не стане самостоен.