Еееее мили мои, и јас конечно да напишам нешто. Како сте ми? Еве јас си дојдов од работа, а и не ви се пофалив дека имам ново работно место, мислам иста ми е работата како пред тоа, ама во подобар салон и многу подобра плата. Добро ми е, супер ми е, колешките ми се 5ка, скоро 1 недела сум таму, но како да сум била 1 година, веднаш се вклопив и многу ми е мило за тоа. На мајка ми и беше роденден пред една недела, немав време да ви напишам. Немав време да и го честитам на фемина, јазк. Имам некои промени во мојот живот, позитивни, за тоа ќе ви кажам друг пат.
некогаш не ни треба кратка биографија за да се опишеме, нити за да ги кажеме нашите остварувања, две три реченици ќе не опишат целосно....
Има денови кога немам апетит воопшто, ниту залче не ми се става во уста, ниту кафето ми е по мерак, ниту омиленото чоколадо ми е вкусно. Но има денови посебно кога сум во ПМС јадам се што ќе ми падне под рака и многу обилно дури ме гризе совест од толку многу што јадам. Ајде ќе каснам и овошје, ќе пијам вода, само да не каснувам ама не можам гладна сум и на секои три часа сум на маса и јадам ли јадам. Не знам за вас но јас уште не се навикнав на синхронизација на турки серии и се случува кога мајка ми ги гледа да не ја слушам сакине или како и да ги викаат туку го препознавам гласот на тетка Донка од големи и мали. Врв ми е и кога ќе го препознаам гласот на штрумфета, машала пораснала па сега госпоѓа е во турскиве серии. И на крај да го пофалам девојчето што збореше за Кратово на Сител изутринава. Додека си го пиев првото утринско кафе уживав додека ја слушав, се познава начитано девојче, претставително, едуцирано. Многу ми се допадна легендата за Радин мост. Ако си тука на форумов браво за тебе и размисли за тоа да бидеш водителка но на некоја добра, едукативна, рекреативна емисија.
Ако нешто научив за сите овие години тоа е дека ако нешто треба да се случи ќе се случи, можеш на глава да застанеш и со глава ѕид да буташ и да нема фајде, а може и сите сопки на светот да ти ги стават и најголемите препреки ако треба да успееш ќе успееш. Затоа без нервози, смирено и напред.
- Како се чувствуваш после вчера, имаш hangover? - А не, не бев пијана, јас сум секогаш таква. Причини зошто немам дечко.
Ви текнува на другаров? Епа неможеше по убава инфорамција да добијам,мојот другар(што се сакаме како браќа) целиот живот сме заедно точно 16 години другарство,ке ја побара девојкаму за ЖЕНАААААААА,ааааааааа ке се онесвестам од среќа,а мене ке ме барал за кумммммммммм аххххххххххххххххххх само вискиииииииии вечерва Вечерва на моја сметка
Кога Чернодрински пишуваше „од глата си патиме“, луѓето се смееја, а не сфатија дека навистина маката доаѓа од сопствената глава; зашто кармата е опасна работа - you get what you give, а кога душата ти е ко корпа преполна со црн веш за перење, на каков програм и да го ставиш, пак ќе излезе црн на крај, само помиризлив. И навистина ми се премногу чудни луѓето кои не знаат (или едноставно не сакаат) да се соочат со сопствените стравови и фрустрации, па доволно е да видат два пара среќни очи и да си пронајдат „мета“ за пренасочување на бранот негативности. Зарем треба да чувствуваме грижа на совеста затоа што сме нашле некој со кој ја делиме среќата? Чудни створенија се луѓето, не сите, но повеќето. Поготово, оние на кои животот им се сведува на проект - плотинг ривенџ и само вшмукуваат вртлог „витаминска бомба“ од негативности и гнасотии, ко правосмукалки, ама не им текнува дека ако им откаже некое мало делче, сето она кое го собирале за некој друг, ќе им излезе низ нос. Јас имам чиста совест и мирно спијам ноќе, а оние кои ми копаат дупки - на крајот од денот, неосетно самите ќе си се вгнездат во нив.
Денови на глад,а јас немоќна.Животот е суров,тоа е некому мајка некому маќеа.ЗДРАВЈЕ и само напред а и него го нема понекогаш.Рано или касно се е платено и вратено во животот!
Велат дека секој е ковач на својата среќа.Само што судбината на еден му дава и чекан и вжештено железо,а другиот мора со гола тупаница да кова студено железо.
Стареам и секој ден затварам по една кутија, која чиниш не требало ниту да се отвори... Стареам а ваквите мажишта се повеќе ги почитувам...
Она кога ќе те викне на полноќ да гледате филм... (не е силувана кококшката, малку ја фати за пердуви, а таа сама си влезе ) Инаку некогаш кога сум премногу гладна мислам цел вол би изела, и од пусти глад ќе купам се при рака што ќе ми дојде, за на крај да се најдам со едно ѓеврече
Зад утре ке прајме свеченост за веридбата. Ич не сум возбудена Поради тоа шо сестра му беше странство и не сакавме да славиме без неја, одложивме за кога ке дојт. Ја дури заборајв дека не сме праеле церемонија Али ајде, за кејф на другите нека биде. Ја ке сум главната, ањњ Патем Честит Бајрам другари Да ми повелете на баклава.
Се прашувам колку сум јас способна да носам битни одлуки во мојот живот ако сонувам некој рандом момак како бил во странство и за среќа не ме заборавил, па ми донел поклон.. И тоа куп тоалетни хартии.. меѓу другото што не е ни битно. Ова е главниот момент. Што ли сака да ми порача потсвеста? Дека сум гомно во вистински живот? Или ми праќа тоалет папир да си ги избришам од себе гревовите? Метафори, метафори...