Поздрав од студената дијаспора, времево ме уништи подепресивно никогаш не било. Па и на сред лето. Бррр.
Отсекогаш сум внимавала како ќе разговарам со некој, што ќе му кажам. Кога знам дека е потребно ќе го охрабрам, пофалам,ќе му кажам убав збор. За жал тоа не е случај со мене... дали јас не ги наоѓам вистинските луѓе или не знам што е работата. Често некој ќе ми каже зошто тоа го избра, некој ќе ми ја критикува врската, а неговата шкрипи од сите страни, може и ќе ми се развика некој оти не му бил денот де. Сега не треба ни да дозволиме да не газат секако, должни сме да се штитиме себе си. И продолжам така оти сум осетила на своја кожа какво чуство е илјада пати. Од каде знаеш што се крие во тој човек низ што минува. А нема да ти каже оти неќе да го сожалуваш, а и да ти каже нема да разбереш.
Одамна знаев за ова ама ова денес си го потврдив 100%. Имено Значи најголема казна на некој што те повредил или ти направил зло не е да му вратиш со иста мера. Не. Не треба да ти ги види солзите и нервозата. Изливот на бес и болка. Не. Туку? Рамнодушност. Незаинтересираност. Без коментар. Без реакција. Тоа ќе ги убие. Всушност тоа ќе го нулира нивното негативно деание. А, ако можете и насмевка да ставите на лице, тоа ќе го однесете дури и во мала позитива и вие ќе станете победник.Зборувам не за последиците, ама господар на моментот. Едноставно, не дозволувајте да ве видат повредени, натажени, скршени.Затоа што ако дозволите, тогаш тие така успеале во намерата. Ама вие управувате со вашиот живот. Бидете господар. Насмевнете се. Продолжете. Кармата е тука за другото. Убав ден.
После дискотека синојќа, јас клешта направена, ме начекува циганче што продава од оние срцињана балончиња и ми вика „Даде имаш некој да ти купи балонче?“ Немам викам никој. Ми вика „Жал ми е што никој не те сака, еве јас ќе ти подарам едно“ Ето, имало ќар и у тоа никој да не те сака.
Седам на тераса а преку ограда чиниш небо и земја се споиле, народски кажано... Молњи во далечини...совршено време за решавање животни прашања и филозофирање за светски мистерии... Реки по улици.... Ет д сејм тајм, со него скајпам, и додека му праќам слики од поројниов летен дождец, тој ми праќа негови, распашан во кафуле до плажа со пиво до него и ми се жали на жештините...ах животе неправдо најголема!!!! Во меѓу време куче на ова никакво време-невреме видов како рипна од контејнерите преку улица, на секунда срцево ми застана од жал...
Во деновите кога работите се подредени во една летаргична состојба и ништо не ви е наклонето, моментот кога влегувате во продавница и купувате производ по цена од 50 денари, а на касиерката двапати и понудувате 110 ден. со барање за кусур од 50 ден. а таа почнува да објаснува за направената грешка во пресметката сфаќате дека е подобро да го затворите паричникот, да си заминете и да се надевате дека нема да останете во меморијата на вработената како "добар математичар" кој следниот пат ќе понуди и повеќе.
Поранешниот британски премиер се каел за војната во Ирак но вели терорзимот не почнал поради тоа... Па не почнал поради тоа секако, само што таа војна што ја креирале таму пред десетина години дотурила уште повеќе масло во огнот и ситуацијата за жал денес е многу покомплицирана и последиците почнуваат да се чувтсвуваат и низ Европа, не само на блискиот исток.
Се научив да губам луѓе без солза да ми капне. Понекогаш се прашувам дали се навикнав на болка, па веќе не чувствувам нејзино зголемување, ама па дали може да биде поголема? Братучед ми вели- Ги изгубивме најблиските, па веќе ништо не може да не погоди. Наместо честитки за роденден примав сочувство. Единствена желба годинава ми е сите да сме живи и здрави, доволно беа загуби.
Најпрво хелоу до сите! Како поминувате со дождот и грмотевиците? Јас си најдов занимација. Си пишувам inspiring quotes на хартија во боја. Разонода малку. Ајде малку да ја рашарам темава со боја Имам многу за кажување, ама уста не ми се отвора, џабе ќе ја трошам енергијата. Сакам нешто различно, како и секогаш сакам да делам од другите. Не сакам копии. На крај си давам себеси самокритика :Некогаш се прам мн паметна... Не чини.. Понекогаш, премногу мислам на себе и тоа не чини. Повеќе треба да мислам на другите. Понекогаш, се прашувам дали сум премногу скромна? Дали е во ред да не бараш многу? Таква ми е природата, не сакам да се истакнувам, не сакам да ме знаат сите, да се перчам. Доста се филозофии За крај, да биди ишарано со боја.
Не знам како ќе лежам или седам, од инекцииве цел гз ме боли. Аии Сега најде гнојна ангина да ме фати бе. Ама уште од првата инекција ми е многу подобро и ми се симна високата температура, така да ај да не се жалам многу
Не знам дали да плачам ил да се смеам.. Поминувам покрај затворот во Идризово, а таму наредени мерецедеси, бмв-ња, па дури и бентли. Ќе одлежат некој месец и после пак ќе тераат бизниси. Не дека ова го има само тука, туку ме нервира тоа што многумина од нас го имаме прифатено сето ова како нормално, кога всушност е далеку од тоа.
СДК дека некои поимот ЕГОИЗАМ грешно го толкуваат. Да кажеш НЕ на родители, пријатели, деца.... не е егоизам.Кога несакаш да правиш нешто или да бидеш некаде научи се да кажеш НЕ. Тоа е само живеење на твојот животот како ТИ ќе си одлучиш. Егоизам е кога очекуваш дека некој друг ќе го живее животот прилагодувајќи се на Вашиот вкус, Вашата гордост, заработувачка, задоволство.... Значи очекуваш од некого да живее како ти сметаш за сходно, по твоја воља.
Нескафе и тераса со поглед на море. Толку малку е потребно за многу среќа. Ама мојава среќа не може да биде целосна без него.
I need men who will undo me... I need men who will delete every mistake before him... I need men who will give me straight.. power... Nothing else..
Сдк луѓе кои не знаат да кажат ниту една смешка и се без никаква иницијатива за дејствување било каде не се луѓе. Не сакам намќори и точка.
Многу сакам среќни луѓе.Им ја читам среќата во очи и си велам секогаш да бидат такви среќни,деца во душа. Ги почитувам оние на кои во животот не секогаш им било мед и млеко.Тие луѓе се неверојатни,едноставни,толку многу животот им земал,а толку многу се подготвени да дадат. Задоволни,со многу љубов,среќа и надеж. Ги сакам премногу.Прекрасни се! Прекрасни и мои!