Како бе имате по речиси 30 години и уште се понашате со колешките на работа како со другарки од средно или на факултет? Одете лечете се... Чопор. Си искачаат заедно, не као колеги ајде еднаш у месец, два, туку викендашки. Одат на одмор заедно. Одат на викенд заедно. Си одат по дома. Ја разбирам, млади и сингл, ама си ги поштувам дамнешните другарки и го немам тој синдром на чопоративност од типот - заедно сме у говнава и сега заедно ќе правиме се. Средно е средно, факс е факс, средете си ја фалинката у глава. Поштувам колешки, ама колешки се за на работа и поштовање таму, со исклучок надвор, ама толкава близина со сите 4-5? Не! Се ежам од луѓе кои упорно мораат некаде да припаѓаат и прават кругови, со цел да бидат посилни особено према одредени особи. На работа па особено...најлигушите ќе ги видиш во чопори... По сто пати го пишувам ова, ама секој пат се поише се изненадувам.
Заедно јадат на работа, заедно на пауза, заедно на шопинг, заедно афтер ворк парти, си шушукаат цел ден, си помагаат во работа ,,несебично,,, си оговараат мажи и свекрви...си кажуваат кој им е симпатија.. ... и се така до еден момент додека ,,нешто,, не тргне наопаку па: -не јадат веќе заедно, туку повраќаат кога ќе се разминат -на пауза ни во исти правец не одат, се избегнуваат -почнуваат да не одат на шопинг заедно а воедно и се подсмеваат едни на други каков глуп стил има -на ,,афтер ворк,, ако оди еднатам другата несака да замисли -во работата гледаат само како да ја поднаместат другата тоа што си оговарале меѓу себе се ќе излезе на виделина -ќе си кажат која има швалер и која со кого спиела Овој филм го имам гледано безброј пати СДК дека колешки се КОЛЕШКИ само за на работа.
И по социјални мрежи - миличка моја, мојата најдобра колешка, на инстаграм сликичките од поклончињата што си ги даваат. Се прашуваш одеднаш, и онака немаат дечковци, ни па мажи, зошто не си се фатат, кога толку се сакаат? Синдром на типичен слабак. Не сме запад те Западна Европа, ваквите случаи се на присмотра на менаџерот и најчесто ако забележат вакво однесување ги разделуваат, а неретко завршува со отказ. Не е добро за организационата клима и работа, прават остатокот од тимот да се осеќа несигурно, а неретко ги праќаат и на коучинг/психолог. Започнува многу грозна динамика и се сфаќа многу посериозно, се губи тло и чувство за реалност во работата. А кај нас...ај бе пушти, ај бе што има врска,ај бе ни љубомороат. Ова се пракси кои лично сум ги видела и првично бев - е де бе, што... потпрашав, ме гледаа они мене чудно, како тоа што? Знаеш колку е сериозно? И си имаат организациски психолог, штом го видиш влага, знаеш дека некој ќе го крка или нешто не е ок во тимот. Сум го гледала и сум се чудела дека постои. Има и такви кои секташки почнуваат да се однесуваат, се издигаат над групата и они одлучуваат кого да примат во неа за дружење, па не поздравуваат секого, па еден ден ќе те поздрават, друг ден не, ти прават игра и на тој начин се заебаваат со цел сектор. Незрело однесување,а бога ми и језиво. Ама да, постои, за жал кај нас воопшто не се сфаќа сериозно, а сите трпат со се работата. Среќа тука го неам тоа, ама да треба да работам со ваква екипица...не знам... Тука има само добиваш намалување од плата, ако одиш на службен, а ставаш туристички слики по социјални мрежи. И има и објаснување зошто е тоа така... Не ми се свиѓа, ама треба да се почитува.
Не знам како сум дошла во тој период од животот да немам волја да се пакувам за патување. Како мала почнував со спремање куфер една недела порано. А јас дремам и читам за брачни кризи, два саати пред тргање.
Нас од понежниот пол лесно ни е. За секое изедено колаче, чоколада, парче леб, за секоја караница, плачка си имаме оправдување ПМС е виновен што јадеме како никогаш јадење да немаме видено и што избувнуваме како темпирани бомби. Тешко на тој што ќе ни се најде пред патот во тие денови. Луѓето те сакаат и те ценат додека имаат корист од тебе. Не ми е јасно како некои можат да бидат без срам! До вчера не ме ни поздравува, си ја врти главата од мене како да имам шуга, а денес бара услуга да и направам. Бог нека ми прости но овој пат нема да помогнам. Себично и дрско ќе го игнорирам прашањето и барањето за услуга. Ме гризе совест да затоа што вообичено помагам ама не сум будала и глупа на некого да помогнам, да дозволам да ме искористи и од утре истиот тој некој кому рака сум подала да ме лае, таа рака нож во грб да ми зарие! Попрво на змија би помогнала отколку на подмолна личност! Бидете свои и не дозволувајте другите да ве користат! Едно е да помогнеш на некој кој заслужува друго е некој да те искористи! Се во животот е по заслуга.
Никогаш не сум ги разбирала луѓето кои одат на одмор,а притоа цело време прикачуваат слики на фејсбук или инстаграм и активни се на сите социални мрежи. Од што одмарате бе луѓе? Која е целта да одиш на одмор и да пишуваш по форуми како ти поминал денот? Пиј кафе,јади,пливај..едноставно уживај. Ги имаат само тие 7 дена за одмор од цела година и тие баш тие 7 дена се најактивни на социалните мрежи. Е сега,секој си има право да си го помине одморот како сака,но според мене одморот служи да се исклучиш од сите социални мрежи и да уживаш максимално,зашто реално никој не го интересира дали денес кафето го испи на тераса или во соба под климата.
Како тоа не напушташ??Седи тука мур да не си мрднала не се зезај ск. Ќе се караме Јас сум си во одлично расположение.Појдов до книжара да земам 2 лектири да тепам време коа ги видов од тенки потенки..ко ,,Касни порасни'' да ќе ја читам.Утре по уште 2 ќе одам.Да најдам занимација. Трети ден како одам на плажа а не се бањам.Али овие денови од месецот ми донеоа предност.Си седам на Сонце во шорц се печам ко ракче.Сега што фина боичка сум фатила.Ама уште ќе се сончам.Страв ми е да не се исончам до кај што ми се шорцевите,ќе биде весело после.Ќе гледам утре да се брцнам в ензеро.Прошлиот пат последните 2 дена немав така да ќе се брцнам и овојпат. песничево ми е хит баш е онака летно според мене.Уживајте !!
Кога ќе ми спомнат убава трудница ми текнува на братучетка ми, еве три бремености ги истера ни грам не се поправи, а и телото и е во одлична форма. Пред некој ден ја прашувам кога и е терминот, ми вели имам уште две недели. Се смеев со неа дека за ден, два ќе се јави и ете ги утрово. Епа нека ни е жива и здрава куклата и нека носи само радост во фамилија. За вас частенка:
Многу ми е јако кога некој ќе ми се обрати со брат, бате, бато... а јас женско Е тоа е, така ние металциве си се обраќаме.
Кога гнездо си свил каде не треба... Кога со клунчето молиш за внимание... Кога знаеш дека мора да заминеш... Кога празнината во очите те потсетува дека време е да заминеш... Кога песната во душата веќе љубов не ти носи... Кога еден потпис ќе ти отвори нов свет, а тебе само она што си морал да заминеш ќе остане во градите да те притиска... Кога само еден потпис ќе ти каже дека за она што те болело повеќе од себе тука веќе место нема... Кога ни сам солзите неможеш да ги сопреш знаеш дека она во кое си се колнел љубов не е .... Кога одлетуваш....молкум одлетуваш...
Во последно време многу се замарам, а знам дека не треба да се замарам. Тоа што треба да биде ќе биде. Кога дојде- не праша. Прашањето е на избор, а не шанса ...
Се чекало сабајлечки пред Лидл во редици пред да отворат. Па колегата негов меѓу другото си купил 5 водоотпорни часовници и еден му го подарил нему. Овој па, да не останам ја покусо отиде купи и за мене. А никогаш не сум била фан на водоотпорни часовници, поради нивната функција да трпат вода најчесто им трпи изгледот.. А да, си купив еднаш ја давно и едно џиткање во вода, престана да работи..а немаше 10 минути како го купив. Од тогаш сум немала желба да купам пак, а рачни часовници обожавам и често купувам, ама не водоотпорни. На крајот на краиштата на плажа на мене сакам само купачи. Ете..сега ќе имам и часовник кој во најдобар случај барем ќе го преживее патот до плажата, за морето...не сум баш сигурна.
Многу ми недостигаат моите душички, веќе долго време ги немам видено. Едвај чекам да ги изгушкам Не се забораваат пријателите кои ти создале многу моменти за памтење