СДК - баталете ги оние кои : - мислат дека СЕ се врти околу нив , - што сакаат СЕ да се врти околу нив и - што сакаат ЦЕЛ свет да е нивни Нивниот егоизам ги истоштува и самите нив, а што останало за Вас. Ценете си го своето его, ама не до волку.
Јас како мал си ги обележував парите со некои цртички, со надеж дека некогаш пак истата таа пара ќе дојде во мои раце. Дете. Иначе парите си имаат некоја интересна судбина да кажам. Поминуваат низ секакви раце. Некогаш некоја пара ќе биде потрошена за чоколадо од страна на некое дете, истата потоа ќе биде потрошена на дрога, алкохол или цигари. Некогаш таа пара ќе се губи меѓу другите на некој богат човек и ќе биде само ситница, а некогаш ќе биде последниот денар во новчаникот на некој сосема трет. Позади секоја пара стојат милион приказни...
Abe koi zabegotini go pravat ova, odat na odmor stavaat sliki I uporno na site pisuvaat deka se tamu.I tamu kolku e ubavo moreto na toa I toa mesto, a ustvari slikata od sosema drugo mesto, sum bila I go prepoznav, sto psiha ke bese ova a???? Koga im pisav komentar deka e ustvari drugo mesto ne toa sto se cekirale, vednas go izbrisaa mojot komentar. Na ist ostrov se I dvete mesta, ne gledam sto ima da se laze
Јас стварно не знам периодов што се случува со мене ама толку многу сум се разлигавела што ни сама не можам да се поднесам. Работи и обични ситници кои порано воопшто не допирале до мене сега ми предизвикуваат солзи во очите и ежење. Си викам престани лигло една, не си ти ваква. Што е најтрагично не сум ни во ПМС ни ништо само ете, разнишана емотивната состојба. И така си шетам пред некој ден во ГТЦ и еден дечко свири на гитара и ја пее Одведи ме од Ареа. Толку немаше врска од пеење што јас што воопшто не се разбирам го приметив тоа ама толку ја пееше од срце што солзите сами ми течеа и ечеше рефренот Одведиии мееее, одведииии ме низ цел хол на ГТЦ. Го одминав, почна рефренот, се вратив да му оставам нешто ситно што имав во мене и си седнав на тие ладните стубчиња за да ја дослушам. Он пее, мене солзи ми течат, луѓе поминуваат брзајќи некаде, ме гледаат како лудача ама баш ми беше гајле за се и за сите околу мене во моментот. И со ова сакам да му порачам на идиотот ако чита дека сакам да ги средиме работите и да се смириме за да не ме прибере некое жолто комбенце некој ден ако пак си седнам некаде вака да си поплачам затоа што ме погодила песна која некогаш сме ја сметале за наша.
Од денес почнав да водам поздрав и посреќен живот. А и вечерта ми ја разубавивте со вашите мислења овде, особено на @Ketchup и нормално, како и секогаш @referentka .
Еј, колку сум нервозна, море ни диши не помага ... така било со слободата мудро речено, има слобода да кога ако сакам криза во државата ќе наметнам миграција од истата, кога сакам осигурителна компанија да работе по пуна пареа ќе создадам страв од несреќи, ако сакам козметиката да цвета ќе наметнам модел на убавина што ќе плаќаш да го стасаш, ако сакам технологјата да оди напред, ти за да не бидеш назад ќе купиш што ти нудам. И вака е во цел свет. И јас сум сакала слобода хмм па, ништо од ова погоре не ме тангира, а слободата некогаш значи баш тоа СИНГЛ, строго во еднина. Само да умееш да кажеш НЕ, фала.
Она кога седнуваш до човек и тој почнува да ти укажува од какви луѓе треба да се пазиш а уствари се опишува самиот себе си. Се пазам пријателе,не бери гајле.
Тело. Лева страна. Исус Христос. Ме изеде од чешање. Спојлер За овие места зборам, 26 боројот на дланката и на ногата кај што е тоа жолтото кругче во средина или како што викам јас на Исус Христос местата кај што бил распнат со шајки. И тоа само левата страна. Нека ми протолкува некој. Се мислев мислењето да го ставам во темата од Насмевка ама ај...
Една комшивка се испофали дека ќе одела 10 дена во Грција со сестра и и децата, а мажот ќе останел имал работа. Кај да појдеш, кај да ја сретнеш, таа само за тоа зборуваше...како ќе се одморела од се, како купила крема ваква таква, како убаво ќе фатила боја...абе оток, удав. Одеднаш стана тивко по улица уште пред некој ден, па сфатив дека конечно заминале. Си седам крај 01.30 саат сабајле на тераса, и гледам од куќата нивна излага жена, непозната, со брзо одење си замина швалерка, љубовница, whatever, на мажот...инаку која би била друга толку доцна? таа и децата ги нема, а тој сам е дома...јебига...не остана на некој човек да не се пофали, па некоја си го истемпирала времето и искористила. Затоа ќутете си и терајте си го животот. Што има да се фалите, или да се жалите? Не се сите така наивни како што изгледаат. Прво: не знам нему како не му било срам. Сепак лето е, и луѓево до покасно седат. Во семејната куќа...женет, со деца...носи љубовници. Второ: само кај мене во комшии има такви глуперди. Трето: што сакаат нека прават. и Четврто: а да го уценувам јас него? И онака сите се забегани лудаци, па зошто јас да се делам од нив и да бидам културна и паметна?
Фала ти многу за ова! Многу се израдував кога видов колку посетители дојдоа на мојот блог заради овој пост Се надевам дека ќе продолжите сите да го читате и следите блогот и многуте рецепти кои следат ЛУКави поздрави од Теа
СДК дека во секоја фирма/претпријатие/институција има две групи на луѓе: - оние кои работат, и - оние кои прибираат туѓи заслуги Поубаво е во првата група. Помалку конкуренција има
страниен се пушта на вработена у продавница за книги, викам ај ке бидам обзервер како шо они беа 2001 и го слушам збори за саут парк шо глеал збори за некој стари книги ....кога наеднаш џом да го нема на другата страна од продавницата,викам шо се деси кога по скали се качуе дебелата му жена и му се става да му збори нешо (не ги слушав беа далеку и тивки) си оди жената страниенот пак се позиционира до продавачката и почнуе да и збори тивко за некоја книга и од никаде и вика "знаеш ти можеш што сакаш да направиш еве можеш дури и да ме фатиш за нога"(у меѓувреме оваа имаше извадено мобиљ и листаше по социјални мрежи без да му обрнува мн внимание) со оглед дека неможеше да и придобие внимание повторно (ваљда дебелата му жена упропасти се шо планирал) како последен обид ја покани на водка (мислам рече од унгарија или хрватска била водката) ...и ја напушти продавницата со празни раце (од кога претрча пола продавница неуспеа да и го врати вниманието на тоа шо и го збори) Прво коментарот со парите(постот погоре), после ова...сигурно страниени мислат дека дошле на евтини курви у банкок а не на одмор у македонија
Ете така... се додека некој има желба да дебатира со тебе, тој има желба да те променува, да те чува до себе, да го правиш среќен.... кога ќе замолчи за миг, готово е.....
Ги одбројувам последните денови до одморот. Само колку ми е потребно да одморам, да гледам во морето, да ги слушам брановите и да не видам ни О од обврска
Mojaта генерација опишана у еден твит: puellula @hautemess__ 1h1 hour ago ne kazuvaj na nikogo ama ovie tuka 3te meseca work & travel gi vikaat "koga ziveev vo amerika" A има и такви шо збирно ги кажуваат месеците од сите години. Пример, Јас кога живеев во Америка... И тука некој ги прекинува со прашање - Еј си живеел во Америка? Колку време?, одговорот е - 1 година живеев и работев. Да беше договор со мобилен оператор, со ѕвездичка ќе беше обележано дека периодот означува кумулатив од 4 години по 3 месеци на уорк енд травел... и ништо друго сериозно.
По долго време седам во мојата соба и пијам кафе, онака горко и јако како што јас го сакам. Обично таму го пијам кафето додека се спремам да излезам или додека учам, но денес само седам, уживам и размислувам. Го чувствувам спрецифичниот мирис на ванила како што секогаш мојата соба мириса, ја чувствувам сигурноста и заштитеноста што само таму можам да ја осетам. Во тие четири ѕида сум ги преживувала сите животни пресврти, сум исплакала безброј солзи, сум се смеела до бесвест... Само тие четири ѕида ги знаат моите најдлабоки тајни, сите борби со себе кои ги водев, сите тајни разговори до рано утро, сите задушени крици... Ги затворам очите и длабоко издишувам. Чувствувам како целата соба да ме прегрнува и ми вели: Добредојде назад!
Се пронајдов сакав вакво нешто да напишам и јас,имам иста ваква соба. Никогаш не би ја променил со ништо.