Инспирирана од брачните проблеми сакам да кажам дека нема ништо поубаво и поценето на овој свет од тоа да ја/го пронајдеш вистинскиот/ата и да запловиш во брачните води. Денес, ништо не цениме од тој благодет, бидејки сме млади и полни со елан за сопствено јас и целокупна работа, имаме пријатели и фамилии.. НО, секогаш нешто ќе недостасува на човек колку год пријатели и роднини да имаш па и љубовници и мувачици кога ја немаш вистинската/иот се е џабе.. Џабе е кога после 40 тата ќе бидеш напуштен од сите, а и оние што те дружеле нема да се тоа тоа, ќе живееш сам и во потполна тишина, ќе се храниш колку ден да пројде и ќе бидеш се само среќен не. Што повеќе созрева човек со тек на годините всушност сваќа дена партнерот е пред се и сите во одредена мера и граница, ќе се покае човек за сите расправии и кавги со луѓето наоколу и нарушуваето на внатрешниот мир дома, ќе се покае горко за сите солзи и неправедности што ги правен на мажот свој/жената ради трети и небитни за вашиот брак и вашата домашна идила.. Со тек на годините човек старее и веќе учи дека сепак нема ништо повредно од жената што му родила деца што му направила дом и што му дала топлина на истиот. Сам за каде си?! ... многу лошо но секодјневно и вистинито е дека се караме за луѓето неоколу, било кој.. се разнишуваме наш темел и разочаруваме.. но кога ќе сватиме еден ден дека никој не бил поважен од подршката и помошта а мажот/жената покрај себе веќе би било касно .. Мислам дека нема ништо поубаво и поценето на светот од сопствената самоизградена фамилија, кој год е.. не е повреден!
Нестрпливост од типот: направив сладолед и отварам замрзнувач на секои пет до десет минути. Немој случајно да се замрзнал додека изминале тие пет минути, а јас не сум приметила!
Kolku dobro napisano i kolku vistinito,no za zal ima licnosti koi ne sozrevaat ni so godinite,lugje koi ne bile i nikogas ne ke bidat spremni za brak,ne go znaat znacenjeto na poimot brak,a ako vletaat vo nego deka taka trebalo,toj brak e osuden na propast.Da,vistinskiot izbor e najbiten.
Последниве па еве да не претерам 3-4 години се изнаслушав еден куп преработки на евергрини. Толку нема некој да напише некое песниче убаво така весело, туку се преработуваат стари песни 100 години. Дај да напишеме песниче нешто, абе што ти е дај ќе ја препееме таа и таа... И Каролина, еден албум или колку има со такви песни, концерти низ цела Македонија ајдеее. Па дај нешто ново што немаме слушнато до сеа. Извините ме стварно ама не гледам потреба од евергриниве...
Ми кажа дека како ружа сум била - убава, со мирис кој намамува, но дека од трњето уште му крвареле рацете... Ми кажа некој на кој од устата му тече злато, а од неговите постапки не раце, срцето ми крвари... Полесно му беше да се откаже при првата препрека, да препушти се на судбината и на неговата филозофија што е мое ќе си дојде и ако треба нешто да биди - ќе биди. Не! Ништо нема да биди и ништо нема да си дојди само од себе ако сам не си го земеш и не се потрудиш. А заедно можевме да пишуваме историја, но тоа е твој избор кој го почитувам. Избра да бидеш само еден стих, стих кој можеби нема да биде заборавен, но ќе остане стих засекогаш.
@kanella Се согласувам со тебе во врска со секаква преработка на песни, тоа е нешто како недостаток на идеја, инспирација да се создаде нешто ново, нов текст, музика... Ми забоде очи за Каролина, албумите Македонско девојче се дело на Златко Ориѓански, станува збор за новокомпонирани текстови, не се никаква преработка песните
СДК Понекогаш кога слушам музика на слушалки ми се причинува како некој да ме вика.Ви се случило ли и на вас тоа?
Можеби, се извинувам. Да се изјаснам само дека Каролина ми е најдобра од нашите пеачки и ги сакам сите песни но баш тој албум ич не и го бендисувам па можеби затоа се фатив за неа Зборот ми беше, на свирка да запееш туѓа песна ми е океј до некаде,да се разбие монотонија, но албум да вадиш и со туѓи песни да се прославуваш епа...
Абе летово вадат летни хитчиња ама тоа е копи-пасте секоја година, дури не ги разликувам песните веќе од што се исти. А Каролина не ми ја чепкајте, капа и симнувам, ретко цели албуми да ми се допаѓаат и тоа колку години по ред веќе, од "Слатка горчина" па до "Македонско девојче 2" а и останатите не се ништо подолу само сакав да кажам не е една песна кај неа да ми се допаѓа туку албум(и) во целост. Гледам во последно време и рапериве иако ги потценуваат имаат квалитет. Еве на пример Слаткар со "Само кажи да"Исто и ДНК ќе се најде нешто. Е сега ова лимонатките како Димитар Андоновски, Лозано, Дарко Илиевски...во исти ќош ги ставам а барем Лозано има вокал добар.
.... Објавуваш статија од типот "7 знаци дека сте многу интелигентни", пишуваш секојдневни, општо познати факти што често врска немаат со горенаведеното и во кои се пронајдуваат 90% од луѓето (кои биле доволно "паметни" да веруваат дека 7 рандом факти ќе ти потврдат дали си екстра интелигентен) и имаш 687989 лајкови од запалениот народ што се израдувал дека е врвно интелигентен... Краток рецепт за клише и малку глупава, но популарна статија.. и тоа ми ти имало вредност и заслужувало преглед... Ма иди бежи бре....
Бидејќи нема него да му го кажам ова , бар овде нека остане запишано: Убав помин со другарите во Грчка, немој многу да мешаш работи, доста ти е лудости намали оваа година ии не се задржувај многу зашто те чекам во Охрид ❤
Ona koga stanuvanje rano ne e za tebe,pa ke si napravis kafe,bez ptehotdno fildzan da stavis. Aj dobro utro
@Minnie 1 јас нешто слично минатата недела - шолја ставив, ама капакот на кафематот заборавив да го затворам. И тоа си тече, си тече... Се освестив тек кога осетив врела вода на стапалата и видов дека кафето ми тече по плочки
Наградена сум со трофеј: петта годишнина на форумот. Ако земам да си ги читам мислењата од пред пет години, најверојатно ќе се изнасмеам зошто размислувањето за некои работи ептен ми се променило. Се уште не сум се запознала со никоја, не сакам да сум наметлива. Ајде да ве почастам
Музиката изразува акција без да се делува. Музиката е безшумен звук на пливач кој се движи во океанот на нашата свест. Музиката е едниствена награда која што можеме да си ја доделиме самите на себе СДК - слушајте музика
Една братучетка трудна..пак, друга денеска во 9ти влегува. Третата се вери пред некој ден, а кај најдобрата другарка ќе бидам старосватица. А и еден братучед ми шепна во најава пред некое време скоро, дека спрема прстен наскоро за девојката.. Људови мои!!!! Ќе банкротирам ко Грција лани бре! Само што на Грција и беше 7ми банкрот, а мене.. ќе ми биде некој 4ти - 5ти... евентуално 6ти. Ма само за убаво нека е!! ****************** Во премногу романтична врска сум за една апсолутно неромантична душа.. барем јас не сум се доживувала како таква. И за прв пат во животов тоа ми прија и не превртувам очи на лигави гестови.. туку напротив.. се топам.. А тоа трае веќе доста време и чудно ми е што не ми здосади туку напротив...убаво ми е секој пат.. За околу 2 недели одам на одмор. Ќе дојде да ме земе. Конечно да го изљубам. Додуша не знам баш колку одмор ќе видам од најавениов одмор и не знам колку ќе имам време за сончање и покрај тоа што изнакупив креми за на плажа... имаме стан за уредување. Икеа ни е прва станица уште не стигнати таму. Станот има само комплетно уредена кујна и купатило и тоа е тоа од комплетно. Во спалната има само кревет и вграден плакар.. останатиот дел од станот е празен и чека на мене.. а ја би само да шлапкам нозе во море и да пијам коктелчичи... Ахх.....
Ubaviot zbor zelezni porti otvara,i obratno.zato mudro odburajte gi zborovite,tie zboruvaat za vas i go orkrivaat vasiot nedostatok na opsta kultura,vasata necovecnost,vasiot --nekarakter.ako nekogo navredes ne si stanal pomudar i pofraer.naprotiv
СДК денеска со некои луѓе неможам да се разберам. Така тргна денот, ај се надевам нема да продолжи со исто темпо оти ќе биде опасно