Денес видов некои слики од една девојка на Инстаграм и се замислив. Девојката си објавува слики од својот задник и од своите гради. Мисли дека така ќе привлече внимание и коментари. Има премногу такви девојки. Но, размислете. Што ви вредат тие коментари од типот Бомба си, Прејака си итн. Тие коментари не се почит. А вие би требало да стекнувате почит наместо внимание. Не е ли поубаво кога некој ќе ви рече дека сте паметни, дека сте духовити, харизматични, дека имате убава насмевка наместо задник? Да, можеби тие девојки кои покажуваат кожа наместо ум ќе поминат на некој начин подобро во животот, со некои богаташи спонзори кои ќе им плаќаат и купуваат се и сешто, ќе ги носат на одмори, а тие сиротите ни книга не прочитале, тоа што останале прости нема да им биде битно. Факт е дека тие девојки ќе бидат користени. Тие девојки се шупливи и на многумина служат само како секс објекти. Полов орган сите имаме. Задник и гради сите имаме. Ум немаме сите. Во тоа е разликата. Ваквите девојки нека не ви бидат пример и инспирција да тргнете по нивни стапки. Не бидете нечии играчки и објекти. Бидете паметни и барајте почит. Не, не се добрите девојки угнетени во денешно време. Бидете таква што луѓето ќе ве фалат и ќе ве земаат за пример по вашата скромност и вашиот шарм. Убавата жена се забележува и закопчана до врат. Не е се до миничи и деколтиња. Верувајте.
Како ми рече, еден чекор правиш надвор од кругот, погледни што се случува ... е, тоа ти е ... да си правам бајрам на паметот вечерва или не ? хммм ќе се заљубам во таа претстава што после ? хаххаха кој да знае ... важно јас пуштам чекор надвор од кругот па, како Бог никој не е.
Што се' не се изначитав.... Реакции, контра реакции за детето на Весна ( на сите можни портали ) Арнаудова, му го променила името на помалиот син дојдоа нашинциве од Австралија и изјавија колку е денес кај нас измодернирано починал сопругот на Турунџиева Лора со емотивно збогување на мажот на мајка и починала мајката на Ахмети Џанлука Ваки бил новата ѕвезда на Инстаграм оф... ако не отворев нет денес.....
Уште момциве да имаа мозок да ја увидат разликата помеѓу паметна и глупа девојка ќе беше се совршено. Факт кој не треба да се заборави e дека мудра девојка, паметна, образована колку и да е просечна на убавина, да е скромно облечена вреди многу повеќе од некоја која денес цел ден стои пред огледало, шири нозе и кука ко ќе и пукне ноктот.
Хммм еднострано ги гледате нештата, сите сакаме нешто убаво за нас за око, ама сите и мажи и жени, го бираме она што е приближно до нашата убавина, а ниеден маж не сака паметна жена, не сака жена која би можела да знае повеќе од него, ретки се тие на кои тоа не им смета туку им импонра да имаат таква жена покрај себе и да ја поддржуваат и тн. Најголем дел од мажите бегаат од такви жени. Од природна убавина нема подобро ама жените кои се свесни за својата убавина ретко која става два слоја шминка на себе и сл. Мене на пр. не ми е јасно, што е тоа со ставањето нокти и трепавици и сл. ама мене не ми е јасно, од сето тоа јас немам потреба, моите природно се ОК и повеќе од ОК ама не е така со сите и си ставаат. Се е до самодовербата, колку образовани жени ставаат ботокс и сл. ооооо, и ова со сликањето и позирање и сл. е одраз на потребата таа убавина да биде потврдена со лајкови и позитивни кометари и за нив тоа е достигнување и себедокажување.
Цел ден ја прашувам онаа во огледалото кога ќе почне да живее и дали сака да е среќна!? Не добив одговор, но затоа добив главоболка од превише мисли...
Размислував и сфатив дека јас заслужувам многу повеќе, во секој поглед. Има нешто повеќе од животот што треба сама да си го земам, зошто тој сам ништо не ти дава. Но, поголем дел од времето како да се гледам себе си затворена меѓу четири ѕида и постојано се затрчувам и залетувам да "направам" нешто, и всушност ништо не правам, и се удирам од ѕид во ѕид. Сама сум подолго време, ми се чини дури предолго и се наоѓам себе си во ситуација каде ми е потребна потпора, поддршка, љубов и задоволство од некој и прифаќам било што, под сите стандарди, само да имам некој. Но, дали е тоа правилно? Јас барам некој да чекори со мене, а не зад или пред мене. Сакам некој што заемно ќе можеме да си помогнеме и да се издигнеме над малите лоши случувања во животот, некој што ќе ме направи подобар човек, а не да пропаднам уште толку. Го почувствував и она дека и минорните проблеми изгледаат огромни кога немаш со кој да ги споделиш, и уште толку знаат да те налутат.. Љубовта лекува, на некој начин. Не зборувам само за онаа кон партнер, туку и кон пријател, познаник, непознат човек кој прв пат го гледаш, а сепак би му помогнал за нешто. И сакам да ја надраснам сегашната "јас" ,да си поставам цели во животот, да бидам поамбициозна, но всушност не знам што да преземам за да постигнам нешто.. Причината е едноставна. Зошто не знам ШТО треба да постигнам. Се наоѓам три-четири дена во полусвесни изданија, каде сепак не ја пронајдов "смислата на животот" и се прашувам зошто воопшто го правам она што го правам, кога веќе се изгуби и таа магија од почетокот. Како да успееш и како да бидеш среќен, кога самиот не си ја знаеш својата дефиниција за успех и среќа?
На сметка имам точно толку пари колку бројот на автобус со кој се возам секој ден. Викееееенннндддддд...
Минималната плата кога ќе ја одредуваат во Македонија се мисли колку максимум пари ќе земаат Прилепчани.
When you touch your mind.. Отсекогаш имаше една куќа наспроти нашата. Темна, стара, напуштена. Таму никој не живееше. Не знам дали децата се плашеа од неа, ама мене ми беше убава. Понекогаш ќе се загледав во прозорецот и замислував како некоја старица го отвораше за да и влезе чист воздух во малата собичка, убаво уредена со стар дрвен мебел. Еднаш замислив како некоја млада жена во цветен фустан се качува по скалите и тропа на вратата. Тоа беше ќерката на старицата. И донесе топол леб и други намирници. И така, сметајќи дека тоа е убав крај за бабичката (а воедно и крај на нејзината осаменост), престанав да гледам во куќата и да замислувам. * * *Маж и жена во средни години чекореа по асфалтот. Многу како нив поминаа, ама јас не го кренав погледот. Не ме интересираше. Но кај нив, звукот на тркалата од големиот куфер ми го привлече вниманието. Со мал напор го отворија старото дрвено вратниче и влегоа во зараснатиот двор на мистериозната куќа. Јас кажав на сите со голема возбуденост и широка насмевка. Но, никого не го интересираше и сите возвраќаа со рамнодушни погледи. Никогаш порано немав видено живо пиле во тој двор кој помалку личеше на џунгла. А сега сопствениците од којзнае кој град во нашава земја, се вратија во стариот дом. Почнаа да се слушаат гласови, придушени звуци на стар алат, со кој веројатно поправаа нешто дотраено. Го средија дворот со ножици за кастрење, а вечерта запалија светло. Ова ме потсети на некаква летна еуфорија, на некои спомени кои никогаш не сум ги доживеала, а можеби сум ги сонувала. Не знам какво значење имаше потоа мојот мистериозен театар, во кого јас и куќата изведувавме претстави. Секогаш е така. Твојата илузија и фантазија се секогаш судрени со обичноста на секојдневието. Ама ако. Сега барем куќата се смее. Have a positive day!
Ако сам не си помогнеш никој нема да ти помогне. Од денес сама ќе се борам. Кога ќе паднам нема да се молам да станам туку инаетот ќе ме води да станам. Со молитва не бидува. А и избришав некои луѓе од животов. Нема веќе да трпам секакви, кој ми одговара ќе го прифатам кој не ми одговара марш.
Сам свој мајстор: Јордан Митев во новиот спот „Ти ќе си моја“ ги менуваше костумите, девојките, фустаните… ама не и чевлите! Па фала богу прав сељак никош не менува чорапа без разлика колку и да му копаат! На што ли се ќе налетам...
Цел ден со жени будали се расправам па и на женски форум сега се зачленив . И гордоста ми е мојот смртен грев од нејзе ќе умрам.
И така си станав јас сведок на човековата суровост. Значи сум имала змии од комшии. Луѓево нонстоп земаат животни да чуваат, но никогаш не ги дочувуваат. Секад се презафатени па кучињата и мачињата си шетаат низ маалото и јадат од каде стигнат. Ретко ги ранат или оставаат храна па ние ги раниме. Се случувало да остават храна само за еден ден и да ги нема цела недела, па ние се снаоѓаме како да ги прехраниме. Еднаш си го имаат прегазено мачето. Ама денес беше врвот. Имаа мачка и куче. Мачката неочекувано им остана трудна и имаше четири мачиња. Од преголемото чување едното маче им се изгуби. И денес си заминаа во викендицата со мачката и двете мачиња, а третото неможеле да го земат па го оставија, и ни оставија еден грст храна да сме го ранеле недела дена. Тогаш ќе си го земеле. А, кучето, постарата комшика го качи во кола и на среде автопат го исфрли и си замина. Изговор: немале средства да го чуваат. Да напоменам дека се од нашиве попознати личности и имаат бајаги големи примања. Они самите си кажуваат дека биле од високата класа. Нас не третираат како да сме им слуги, а не комшии. Татко ми има сто пати помала плата, и пак треба да најде начин да им ги рани миленичињата. Кога нешто им треба(како на пример да се искоси тревникот, да се офарба летниковецот, да се ранат животните) секогаш се тука, а кога на друг му треба, никаде нема да ги најдеш. Сведок бев кога имавме еден проблем, и тато побара помош од нив, и го одбија со некој глуп изговор. Многу ме интересира нивните "обожаватели" (а, ги имаат во поголем број, луѓе кои им се восхитуваат или ги почитуваат или им лижат г*з) колку ќе бидат воодушевени од ваквото нивно однесување. (Се извинувам ако има некоја печатна грешка, немам македонска поддршка, на на Google translate пишував)
Гo пишaв oвa у сooдветнaтa темa, aли ми текнa дa дoпoлнaм нештo. Ме кaнеше еднaш еднa, демек имaлa некoј бизнис, oтидoв. Кoгa ќе видaм лaјoнес Утредентa и другaркaтa беше сo неa, уште пoубaвa и ми oбјaснувaaт демек и ми викaaт кoгa пoчнувaме сo бизнис. Oк викaм, демек дa сум рaзмислел. Перфектнo ми беше јaснo шo е тoa и декa зa мене ќе е губење време и не и се јaвив. Пoсле некoјa неделa и дaдoв кoмплимент зa некoјa сликa и нaеднaш ми извaди имaлo некoј семинaр зa личен рaзвoј бесплaтен. Јaснo ми беше декa е зa лaјoнес, aли си викaм ќе oтидaм бaш тoa мoтивaциoните гoвoри дa ги ислушaм и дa си викaм у себе aхa дa, сигурнo И стaнувa еден тип демек бил стигнaт дo не знaм кoе нивo и зaрaбoтувaл мнoгу. И гo пoчнувa гoвoрoт и викa, дaли вo прoстoријaвa имa некoј без нoгa. Дoбрo, знaчи немa. И пушти видеo нa кoе дечкo игрa брејк денс сo еднa нoгa. Зaвршувa видеoтo и си викaм шo му е пoентaтa нa oвoј. Викa, зaмислете кoлку е тешкo дa игрaте брејк денс сo еднa нoгa, a кoлку е леснo дa дaдете лaјoнес кaртичкa, пoшo е бесплaтнa. Буквaлнo сo oвие збoрoви, другaр му гo снимaше. И тукa следувa грoмoглaсен aплaуз и викaње ТАКАЕЕЕЕЕЕ Пa кaжи еднoстaвнo бесплaтнa е, aли прoбa дa се нaпрaи интересен и излезе.... Oвa ми текнa дa гo дoпoлнaм, збoреше зa кoлку билa прoсечнa плaтa, 350 еврa, a луѓетo трoшеле пo 500. И oвa гo спoмнa, сме немaле пaри пoвеќетo, a сме ги дaвaле нa прoсјaци пред тргoвски И тaкa непoврзaнo си збoреше и си смени темa, кaкo билo пaметнo дa се влoжи. Пa aкo немaш нештo пaметнo дa кaжеш, не збoрувaј. Акo имaше, немaше дa гo презентирa видеoтo? Или ќе кaжеше некoјa дoсеткa? Акo немaше некoј без нoгa, сигурнo oд прoстoријa oд 400 луѓе имa некoј шo имa пoзнaник, рoднинa. Не знaм кoј ги учи нa мaркетинг aли...oчaјнo.
Топла порака до сите оние кои ме запознале во деновите кога бев близу анорексична Пукнете Толку кратка ќе беше пораката, како и времетраењето на мојот револт, да не фрлавте масло на огнот, Искрено ме заболе, да ме цитирам во кои правци Вчера другарка беше на гости кај мене со господин дечко кој не престана да ме зјапа во цицките, па оно прокоментира како ќе се разубавела со годините што следат, маж ми вика мачето мое прибидејќи е помлада од мене сигурно ќе си фате швалер во доцни 40 ти. Вратка беше, неа сега не и е гајле за линијата, види ти се молим на што личи, не пак тогаш. Си поќутив, ама лабаво го слеков прслукот во другата соба и така си седев и си провоцирав all night long. Денес друга другарЧка, ме опчека на работа со опакиот нејзин говедо од маж (го префати намќорлакот и мрчењето од него ) ни добар ден ни добро вечер вели : ШО СИ СЕ НАПРАЈЛА ТОЛКАВА ?! Велам - " Луѓето јадат лајна, па останаа многу ќифли морав сите да ги изедам " Маж и во обид - опрај се на време - ми рече пак сум се чкртала на раката , на ништо не личело, што била уствари тетоважата ? Му реков дека е тоа што е , едно време сакав името на мајка му да ги пишам наопачки а ондак ми текна дека и името и мајка му се грди , како тој самиот, И културен одјеб и си пафкам цигарче по дома Ова е за хаштаг #ФалаПријатно # ЧаоЖурим # ТагЛајф Бонус ; Тешко домашните https://www.facebook.com/slavicaaaaaa?fref=ts