Ne razbiram kakva povrzanost imaat vodava I internetov. Dva pati do sega istovremeno mi gi ima snemeno.
Во рок од два-три дена, на форумов се отворија три нови теми поврзани со педери (не можам да кажам геј)... клубови за педери, брак со педер, врска со (би) педер.. Стана ризичен форумов...
И додека молкум си ги броев ножевите зариени во грбов,тука меѓу ребрата. И додека очите ми пукнаа од солзите собрани,а зборови ми снемуваше да му објаснам што се ме преплави в час,само рече: "70%од жените што ги знам сакаат да бидат како тебе...таа сила твоја фасцинира,свесна ли си? Сакат да одат како тебе,да мирисаат така и да викаат така. Ама нема...и затоа те сакам... остави ги,додека го стигнат овој твој чекор,три веќе си им заминала ти,таква си ти " И ме стопли повеќе од најсилното сонце,и ме помилува понежно од пердув,и си отвори пат низ ребрава,накај срцето в час.... И ни даде сила,не за да бидам подобра...за да бидам најдобра!
60 затвореници помагаат во поплавените подрачја, илјадници лебови се донираат од затворската пекара, а затвореничките ги пакуваат пакетите помош за поплавените... Заклучок : Политичарите ќе му помогнат на народот, само ако лежат во затвор. Think about it...
Излегувам прееска до продавница во маало и по пат среќавам комшика со нејзиното бебенце во рака, се поздравувам и застанувам некоја минута на вообичаен small talk со неа и патем го погалувам и закачнувам малечкото, и ова со нај adorable кикот ми го фаќа прстот со рачето... и тоа ми е најголемиот позитив на денот. Со колку малку можат тие најмили и најневини суштества да ти го разубават и разнежнат цел ден...
SDK...mnogu liberalni raboti na Forumov Liberalni snai Liberalni svekrvi Liberalni brakovi Liberalen seks Liberalna drzava .. .. Vo 2016 zgolemen e brojot na razvodi za 15% vo odnos na lani.. DA ZIVEE LIBERALIZACIJATA!!
Како мине времето и ете веќе сега ќе сум 4та година, треба да размислувам што понатаму, кој факултет ќе го одберам. Има време уште малку да, ама сепак сакам на време да се решам. Се мислам за биологија или медицина. Едно од тие ќе биде. Ама не е само работата што ме интересира. Треба да мислам какви можности имам и после тоа. За биологија професор да бидам неќам, туку постручна работа, лаборант на пример. Ама кај нас па колку е развиена научна дејност....Од медицинава ме одвраќа состојбата во здравството... Нема потреба да објаснувам... Едноставно немам идеален избор. И тоа дека сакам медицина ретко на кого кажувам. Повеќето одма ми кажуваат колку е тешко, колку треба да бидеш спремен на се, дека цел живот учиш. Вистина е се тоа и не се лутам, ама кога некој ќе ми рече "Не бе кај можеш ти тоа, не се занесувај". Е чекај малце. Тука веќе не се работи колку ја познаваат медицинската професија, туку и мене колку ме познаваат. Демек они знаеле јас колку можам. Сепак не се чувствувам должна да им објаснувам и да им се правдам. Доволно си се познавам себе да знам дали можам. А ретки се тие што ме познаваат добро и ме подржуваат во одлуката.
Исто, буквално исто се осеќам како тебе, само што јас сега сум 3та, ете имам повеќе време за размислување.Ама за што да размуслувам, побогу кога во сите мои желби ме кочи состојбата во оваа моја мила државичка. Сакам криминологија, опседната сум со вакви книги, решавање загатки и оп уште на почеток ме кочат врските кои требаат за таму и шансите кои се 1 во 1000 да најдам работа.Сакам психологија, али исто нема работа поради конзервативните заостанати умови кои владеат и за секој што би побарал помош од психолог е сметан за луд, а не сфаќаат дека со самото гушење се туркаме самите себеси во поголема депресија.Чувањето во себе емоции и не-споделувањето на проблемите доведува до посериозни проблеми потаму.Затоа на 40 години се почести ќе бидат срцевите удари.Сакам право, поточно адвокат, али ме кочи целиов овој систем заснован на лаги и крадење.Не можам да се снајдам некаде каде што треба да молчиш и да ги гледаш сите неправди кои се случуваат наоколу само за да не леташ од работа.А и ме кочи ако заминам во странство, ограничена сум да останам тука. Мисли мисли, глава почна да ме боли. И џабе е, и 100 години да ми дадат да размислувам пак на крај неодлучна ќе бидам. Им љубоморам на оние што се решени и одлучни во тоа што сакаат да го учат и работат и без разлика на состојбата во државата и пречките кои им стојат на патот тие им пркосат на се и се достојни на своите одлуки..Сакам да бидам како вас.
Викаат дека утрото е попаметно од ноќта..и јас мислев дека е така,се до вечерва Редно беше да тргнам од мртва точка и јас да покажам малку заби,па јебе ми се дали е утро дали ноќ... До утре.... Утре ќе ги санираме последиците од хаваријава што ја предизвикав,ама заслужено беше Незнам колку мирно ќе спијам,ама што ми се симна товар од грб,ми се симна !!!
СДК дека пред да се омажам не бев баш некој дечар и имав три теории за децата за кои бев сигурна дека се точни. Сега сум мажена, имам три деца, ама НЕМАМ ниту една теорија
Уште една недела и ке конкурирам на уште еден фак. Возбудена сум, ова е промена која сакам да ја имам и која верувам дека е правилната промена како и одлука. Времето брзо ке одлета, утре ке дојде четврток кога ке треба да се нацртам таму и да го направам тоа што требаше од одамна да го сторам. Се тешам дека никогаш не е касно ама па немам веќе време за губење. Моментот е СЕГА! Ке биде шок и за другите околу мене со оглед на тоа што никој не знае што спремам. Го чуствувам ова, морам да го направам овој чекор, морам да се ослободам од некои канџи и ланци кои ме држеа доста долго. Среќна сум, онака потајно, интровертно среќна. Сакам да му кажам што планирам, ама некако уште не сум спремна како да не сум сигурна ако кажам и на други. Нека, ке почекам до 25ти кога ке ги видам конечните резултати.
Кога ќе те мавне пмс во најубавите денови во животот..еспешали кога јако ќе те мавне!!!!! Уште сум со него, кај него, далеку од сите што ги знам... Уште сонца во гради, ѕвезди за паѓање..него за љубење... И после уште многу "уште"..пак тој. Секогаш бил само тој. А сакав да избегам. Да си заминам. Што подалеку. Да ме нема. Сега гледам колку ми фали градот под Шара, Бистра и Сува Гора... Колку ми фали Маврово, Вруток... Шара и Вардар не би ги мењала за ниеден остров на светов без разлика што овде е рајски прекрасно. Секој од нив во посебни полјани во срцево. Такви убави, весели и зелени. Да им дотрчувам секогаш кога носталгија ќе ме стигне. И знам дека ќе им се враќам одново... Да се мијам во чиста роса. Да ми биде полна душава. Го преплакав Скопје. Ги плачам сите затечени од невремето после се што ќе прочитам на нет. Срце ме боли.. Никогаш повеќе да не доживеат ништо такво..никој од нас. И горда сум на сите самосвесни луѓе што помагаа и помагаат и прават се што можат, барем малку од малку да им помогнат на помалку среќните. Многу сум горда на овој народ. П.с. Имам внук