Сакам да кажам дека сакам да го гушкам толку многу и толку долго што и наредното утро пижамата ќе ми мириса на него. Ех...
На форумов сезонски мора да се појави по некој Петре и да спама по сите можни теми, и со сите жени да се расправа. Петре барем писмен беше, ако ништо друго .......... ВРАТЕТЕ НИ ГО ОРИГИНАЛНИОТ ПЕТРЕ, бетер од него имало.
Вртиш во ВИП ... - Ве молиме почекајте, нашите оператори ќе бидат слободни за момент ... и така едно три пати чекаш по 10 минути, го слушаш тоа додека не ти ск..чи и не се откажеш...дури нема ни кого да опцуеш...
Еден "принц" ако можи да ми падни во раце, за да не го мислам претходниот, тука да мислам на овој новиот ! Какви карактери има бе, да повратиш од несериозноста. Не знае да каже што сака, што не сака. Го мразам тоа, мразам кога некој не е доволно храбар да каже или да напише што сака ! Колку сум растревожена ејјј ! Мразам такви карактери и секогаш ќе ги мразам.
Сакам да кажам дека денес решив да се разгалам... Пред точно една година псоледен пат го допрев оној што сметав дека е дел од мене,дека крила ми дава за лет.... Пред точно една година тој свати дека љубов не постои и дека се се контролира со разумот... И патев...366'денови патев сама... Ја гребев кожата своја...ја ништев мислата.моја... Патев додека тој не бираше начини да ми покаже дека не вреди за сето тоа... Затоа денес славам...се разгалувам себе...за се што преживеав...за се што ќе преживеам,заборавајќи го дека постоел... Затоа денес се почестив со масажа,сауна,турска бања...се почестив со се што сакав да преживеам со него...се почестив со чаша шампањ наздравувајќи си за својата победа, сакајќи се сама како што тој никогаш не ме милувал.. Се разгалувам за се што треба да доживеам без него...за секоја следна година...за секој заљубен поглед што ме чека... Фала му!!!
Ne znaev deka umeam tolku silno I bezuslovno da sakam! I tolki besprekorno da funkcioniram so dva, nepovrzani, saati son! Majka.
Сакам да кажам читајки ја темата “ зошто жените секогаш го добиваат старателството“ свакам дека на поголем број од мажите треба да им се забрани да си го гледаат детето. Какви мажи лигуши има страшно. Ке им родиш ке се грижиш за нив, цела фамилија ке им ја трпиш и на крај ке те наречат кучката Леси. Абе и бесилка е малку за таквите.
Тешко ми е скршена сум вујна ми почина А беше полна со надеж дека ќе преживее, дека ќе ја победи болеста. Операцијата беше успешна сите бевме среќни дека ќе се опорави, но поминаа 2 месеци и најверојатно болеста се врати и за еден ден ја снема Неможеше да дочека син и да се омажи, внуци да има, ништо не виде од животот Го жалам и вујко ми што ќе прави сиротиот сам во толку огромна куќа. Да можев ќе помогнев со моите две раце, но смртта никој неможе да ја победи. Сеуште се чудам и неможам да поверувам дека веќе ја нема
Дами, предлагам веќе да не го чекаме принцот на белиот коњ туку милјардерот кој ќе ни ги реши сите проблемиЧирс ту дет
Ја гледам владинава реклама со најмладиот брачен пар со ПЕТ ДЕЦА Би сакала еден цел ден да го поминам со нив, ме интересира како само функционираат пошто нели финансиите се само изговор- бар така тие велат
Кога врескаш ама никој не те слуша, кога плачеш ама никој не ти ги брише солзите , кога паѓаш се подолу и подолу ама не гледаш никој кој ти подава рака . Ете овие се најтешките нешта во овој свет , а уште потешко е конечно да ги прифатиш и да научиш да се соочиш со нив. Ова е денот и моментот што мене ми требаше.Им благодарам на сите од срце на сите до последен човек околу мене што го нареков близок. Навистина ние цел наш век сме сами дури и кога сме со некои /некого .... Сите мора да си ја носиме својата тешкотија без разлика дали ни се тресат коските и секој чекор ни е како олово , зошто твој е тој товар само твој и ничив друг.Никој нема ни да се понуди да ти одземе нити грам од товарот (ако вооп . И сосема е во ред да престанеме да се разочаруваме од луѓето , туку само да прифатиме дека не се сите како нас , и не мо=е да бидат . Мојата карактерна природа е многу поинаква од 95 % од луѓето , и секоја нивна негативна постапка ме разочаруваше и фрлаше во очај . Денес пораснав , многу пораснав .... Сега знам дека поискусно ќе постапувам , многу одмерено и промислено .
Сакам да кажам дека една недела интернет салам немам, не дека пред то имав нормален интернет, ве молам немојте така да мислите, ама имав интернет колку да изиграм една игра па ко ќе закочи да не умрам, сега подолго седи па ми зафркнува сите игри. Имав рутер добар и ми го мана гром и од тогаш бел ден немам видено со овај новиов, јбг. Ама и немам некој избор ко ќе видиш ... кој да се јавува пак, кој да се кара, не е прв пат ама секој следен пат е понеподносливо.
Ги знаете оние луѓе со кои сте изгубиле контакт некое време и после од нигде никаде ви пишуваат и ви се јавуваат да им завршите некаква работа? Епа, таков случај имав. Што е најтрагично ни здраво да ти каже, ни што правиш, ни како си. Одма ај среди ми тоа и тоа. Барем да почнеше некој муабет со мене може ќе му поверував. Каде бе луѓе така? Културата каде ви е? Немам намера веќе да завршувам работа на икс персони во животот. И, да. Редно време е да научам кога и на кого да кажувам „НЕ“.
Ооооооох, како ми треба еден полиграф да имам, па сите да ги ставам на него а сама на себе да си мавам шамари што дозволив да им поверувам, што ме лажеа толку време што и они повеќе незнаат која е правата вистина....Ке треба очигледно добро да се ишамарам сама себе
Вртиш во ВИП, уклучуваш спикер и си бркаш работа едно пола час минимуН. Кога конечно некој ќе се удостои да те превземе, леташ накај телефонот, исклучуаш спикер, го залепуваш на уво тел и почнуваш да се караш кај наапан од дефектот, па и од чекањето. Јас така правам. Не е лошо.
Нешто не сум ко што треба, очите ко на жаба ми станале од плачење. Си велам на себе ангелче а ти да оладиш малку со многу размислување не ќе да е лошо. Почни да си го живееше животот, брзо дејствувај помалку размислувај. Не тагувај туку радувај се, зграпчи го секој момент што ти се нуди и пружа. Како за промена прекрши ги правилата и бариерите кои сама на себе си си ги поставила, без да чувствуваш вина. Кога ќе препуштиш на брановите да ти го движат бродот којзнае може ќе те однесат на вистинската патека, во вистински раце и со вистински луѓе. Си ветувам на сама себе нема повеќе тагувам, ќе ги правам оние работи кои ме прават среќна, ќе се препуштам на слободата, ќе одлучувам со срцето наместо со умот кој ме ограничува да се препуштам, да превземам ризик без да пресметам што добивам а што губам. Во односите со луѓето, во пламенот на љубовта нема место за логични одговори, сомневање, калкулации, нема прашања од типот што ако...само едно нешто е вистинската опција да се препуштиш, да пробаш па макар и да погрешиш ќе знаеш дека си се обидел, си дал шанса себе си и некому кој сакал да те направи радостна, дека деновите не минат залудно во тага, плачење... Carpe Diem е ново мото на ангелчето.
Многу пати оваа недела ме заболе душата. Премногу. Се загубија животи и секој ден по некоја нова сторија и одново болка. Некој го снемало, некој го напуштил светот, некој останал без ништо, некое животинче се спасило, некое се удавило. Мајка со три деца без ништо. Детенце ги изгубило сите играчки. Синот си ја изгубил мајката. Мажот сопругата, внуката дедото Болка. Боли за настраданите, боли за живите, боли за животните.