Извинувањето е прифатено. Дефинитивно, има мажи кои што не знаат како да пријдат на женска. Не ми е проблем да комуницирам со мажи, ама да се културни. Овој ми вели - дојди да те качам на лопатава.
Не ми пречи да ми пишува, ама да биде културен. Јас го знам од поодамна, ама не очекував такво нешто од него. Он држеше во рацете лопата. Јас ништо не му реков. Само се изнасмеав и се прекрстив.
Се согласувам со тебе,дека нема по убаво чувство да знаеш дека некој те сака,и те мисли безусловно.Благодарам и ти да имаш најибав ден
Перверзно е некој да ти пишува што ќе ти прави кога ќе те види и да ти ги раскажува сексуалните фантазии, што можеби никогаш нема да се исполнат. Природно е да, посебно кај некој што си апстинира или е манијак
Како може перверзното да е природно??? Треба да имаш осет кога разговараш со девојка, особено со мажена. Не личи маж со жена и две деца тинејџери да зборува глупости. Му велам - има други девојки. А тој упорно се закачил за мене.
Забранетото овошје е најслатко. Знае дека не може да те има и ај сега, што да прави ќе ти пишува глупости.
Не сум му дала повод. Избегнувам блискост со мажи, за да не ме разберат погрешно. Он и на други жени им го зборува истото, ама јас секогаш го кркам поголемиот дел.
Ептен сум возбудена за одморот и уште сега зедов да се пакувам, а патувам во недела сабајле. Вадам, предиплувам, повторно враќам, не знам што да земам...по толку години преселби натаму наваму уште не се начув да се пакувам економично. Другарка ми само што се врати и ми рече многу премрзнала во ноќите и ај сеа јас не планирав нешто многу потопли алишта да носам. Кутрињата сепак ги оставив кај мене, не и симнав многу ме беше жал...ама ќе мора да им најдам дом многу итно инаку нема чаре, морам да ги оставам на немилост.
СДК дека фолирањето е во нагорна линија. Се поизразено е. Дури мислам дека со помош на друштвените мрежи тоа фолирање само ни ја оголе нашата вистинска природа и ништо друго. Селинџер е од минатиот век, ама ,,Ловец во жито,, ја напишал како да е запознаен со наредниот век. Еве Ви и предлог за добро читнување - ,,Ловец во Жито,,
Ох, референтке. Еве јас читам и тешко ми е да поверувам дека и моите спаѓаат во таа категорија. Јас најпрво во моите немам доверба, па во сите останати понатаму.