Човекот е ненаситен. Секогаш пека по нешто што го нема. По едно време,по едбо место,по едни луѓе. Денес пекаме за вчера,утре за денес и се така цел живот. Наместо да живееме во сегашноста и сонуваме за иднината па макар стоеле и во место,пак сме на подобра позиција отколку да се враќаме чекори наназад. Минатото неможе ни да се допре. Дишете во сегашноста.
Некои луѓе се дојдени во нашиот живот само за да ни бидат лекција. Ние можеме да им даваме различни имиња и функции, да им поклонуваме милијарда бои и чувства тие сепак ќе се само лекција и ништо повеќе!
Сабајле ја отворам една од омилените страници што секогаш ми ги објавува мислите искажани на преубав начин од големи умови, и наидов на цитатов - “It's not our job to toughen our children up to face a cruel and heartless world. It's our job to raise children who will make the world a little less cruel and heartless.”. И морам да признаам, одамна нешто ме нема така натерано на доза длабоко филозофско, да не речам по малку и утописко размислување и анализирање... Веднаш ми текна и на констатацијата што често ја читаме и слушаме во последно време - „Единствено нешто за кое ѝ замерувам на мајка ми е тоа што не ме воспитала да бидам ѓубре“. Тука е и оној изгенерализиран заклучок кој го користат од тинејџери до стари луѓе - „не вреди да си добар“ (што само по себе јас барем го доживувам како голем оксиморон, бидејќи искрената добрина не повлекува очекување нешто за возврат, нели?). Секако, сите различни верзии на муабетов обично се поткрепени и оправдани со познатото во овој свет/во денешно време... А, дали некогаш кога жалејќи се од недостатокот на вистински вредности денеска - заклучуваме дури дека треба да газиме сè пред себе... дали некогаш се запрашуваме кој всушност ги чини светот и времето? Колку само поубаво место за живеење би бил светот... кога луѓето не би си дозволувале да си даваат за право да омаловажуваат туѓи проблеми со она познато „А јас што сè сум проживеал/а“ оправдание, туку токму со годините и искуствата на сите правопропорционално да им расте емпатијата? Кога непријатните изненадувања од луѓето околу нас на сите би ни биле лекција како само и исклучиво таа група токсични личности да ја исфрлиме од животот, но не и да изгубиме доверба во сите, вклучувајќи ги и оние кои навистина ни мислат добро? И кога тие негативни искуства никогаш не би ни биле оправдание истата дрскост што ни била упатена нам, да ја пренасочиме кон луѓе што немаат никаква врска со тоа, туку напротив - да ни послужат како лекција да не ги предизвикуваме кај никого тие чувства што сме ги доживеале? Почнете од себе, драги мои... и не дозволувајте никој и никое искуство да ве натера да се покаете за вредностите што ги имате во себе, туку напротив - без разлика на сè околу вас, продолжете да се развивате како уште подобри личности!
сега ја гледам огромната разлика во возраста на децата... додека беше помал таа ми беше од голема помош и уште ми е...моја десна рака... ама во друг поглед ,таа нему му е идол и најдобар другар ,а тој неа кукла,играчка со која ќе си поигра кога сака и како сака и ќе ја подшутне...па врески и плачки по цел ден... ептен различни потреби имаат и дајцата...а тешко ги координирам истовремено.
Дефинитвно не треба на секој да му дадат да има возачка дозвола. Како може секој човек, со секакви психички проблеми да има возачка? Пошол платил, свртил еден круг и му даваат дозвола да си вози без да има гајле Како може бе така? Значи прееска можев да повредам некој со колата заради друга личност, ама како би докажала дека не сум крива? Јас си возев како што треба, а по мојата лента од спротивен правец ми доаѓа кола. Ја гледав од далеку и си викам ајде ќе се тргне може се зеза некој, може зборува на тел, може занесен е...ама не, упорно доаѓаше накај мене. Почнав да свирам, пак ништо. Колата се движеше по обратна лента упорно, посилно. Ајде да речеме ми е гајле за колата ако ја чукнам, ама со мене беа и двете братучетки кои имаат 5 и 2 год...туѓа одговорност, мали деца. И така во последен момент рефлексно завртив надесно и заминав по тротоар, застанав одма малку да се соберам...среќа немаше никој во близина, само еден повозрасен човек малку подалеку. Одма дојде, ме праша дали сме ок, виде во другата кола дека се ненормални и му се јави на некој пријател полицаец за да ја застанат колата погоре, му кажа од прилика на која страна заминаа. И јас видов дека се тотално НЕНОРМАЛНИ ЛИЦА ВО ТАА КОЛА. Кога поминаа покрај мене, внатре имаше 5-6 девојки, странски табличи, пуштено в крај музика, и на таа девојка позади воланот (што "возеше") рацете и беа кренати во вис, си играше на музиката, а воланот никој не го држеше Што ако имаше некој на тротоар? Нели тротоарот е наменет за пешаци, што ако повредев некој? Како ќе докажев дека сум сакала да избегнам да се удрам во неа? Јас сум зад волан, и јас ќе бидам крива. Што да правев ако имаше повеќе народ по тротоар? Кај да одев тогаш, а со мене имам две мали деца? Да чекав директно да ме удри? Не, не можам да сфатим какви луѓе постојат. Без грам мозок, без осет, без чувства, без човечност. Ни таа, ни јас сме толку искусни возачи според годините и моажам да замислам каква катастрофална несреќа би била. И јас разбирам зезање, слушање в крај музика, и јас така правам со другарки, ама по пат кај што има полно коли и луѓе? Демек таа дошла од странство и јака пичка е, а ние овде сме сиромашни и глупи и треба да и се тргаме од пат за госпоѓата да си минува кај што сака. Се надевам и се молам да ја застанала полиција, и да и дале највисока казна....нека плати 5-6 илјади евра за нарушување на јавниот ред и мир. Среќа мали се братучетките па не сфатија многу што се дешава...
После толку време се чуствувам спокојно, мирно и среќно...прекрасно е чуството кога човек се учи да се радува на ситници..
Тамам пола родители го споделија видеото 9 и кревет и развој на децата и како тоа треба да докаже како они се идеални, искочи статија од Харвард дека родителите окупирани да бидат совршени родители (кои се бај д рулс) психички оболуваат, а добар дел биле запоставувани деца они самите, па ги поправаат гршките на нивните родители. Како ги испозаеба...еве не знам. Јас со моите си легнував, а некад и покасно и од нив за викенд. Си цртав, креативност ме пукаше. У мое време једина причина зошто се легнуваше рано беше- нема да можеш да станеш сабајле бре!!! И толку.
Uste Baba Kata falese na forumov, sega I taa e tuka. Spijte si moderatoriiii, neka ni se mnozat trolovite! Dali mozebi shvalerot se pretvori vo baba ili kizni koj e, bitno nekoj nebiten e.
Пост на годината. Се поклонувам. Сдк. Добро сите вие што плукате по се околу вас,пред вас,до вас.. Не ве заболеа градите удирајки се се посилно и посилно во нив,само за да привлечите внимание да видиме колку тоа вие сте најдобри и најупатени на секое поле. Помодревте.
Таман почнав да одделувам алишта..ко цел плакар да земам И ми се оди во кино, да изгледам еден добар филм Уште малку .. Кога слушам зборови од типот ,,Имам доверба во тебе, го можеш ти тоа‘‘ како мотивација, најтешко ми паѓа.Не велам дека не ми е мило, баш се чувствувам среќна.Но, не доволно.Особено кога тие зборови ги чекам од домашните. .. И сè си мислам дека не е доцна. Некаде и мене ме чека едно парче среќа. I don't need a god to tell me that I'm wrong I don't need hell to make me scared of love I don't need a symphony to sing my song 'Cause there's a choir of angels deep inside my lungs And I can hear them sing
Оооо ти совршена мајка и сопруга. Ставаш мал милион слики на фб и упорно и очајно сакаш да убедиш дека имаш совршен брак, совршено семејство. Дека во вашата фамилија тече мед и млеко. Кого пробуваш да убедиш? Себеси? На другите не им треба убедување бидејќи знаат дека маж ти некако не ти е верен. Ги ставаш сликите со цел да убедиш дека ете тој е баш твој? Твој е малечка, носи си го со здравје. Твои се и солзите кога го чекаш до утро од излегување со ``другарите``. Јас не завидувам. Јас не ставам слики од син ми мал милион за да убедам некого нешто. Јас немам маж. И знаеш што? Една единствена вечер ја немам поминато некого чекајќи да се врати. Јас престанав да чекам. Тој нема да се врати. Ама не убедувам никого дека имам совршен живот - јас немам време за тоа. Јас сум многу зафатена играјќи секој ден со син ми со коцките и градејќи му кули и замоци. Зафатена со негово скокоткање, трчање преправајќи дека сум лошата буба што папи деца. Затоа, мили женички, секогаш кога ставате слики од совршените мажи и деца - едно запрашајте се, кого сакате да убедите? Сигурно не другите.
Дека дете без татко нарекуваш копиле ,тоа дознавме веќе. Сега дознаваме и дека ти смета друга жена што става слики со детето ,и фактички она сака да прикрие нешто ,убедувала ? Можеби ти си мислиш така ? Можеби таа од среќа става слики од него и детето иако се во брак ,иако ја изневерувал(демек) Ова што се ставаш ти со неа на иста рамнина дека ти не си чекала никој ,те прави јака жена некоја титула ти дава во себе ? Бидејќи се што си напишала е да ја понижиш жената ,а ти да се величиш во поинакво светло. Секоја мајка реди коцки и кули ,не само ти. Сигурно и таа игра со нејзиното дете. Конкретно за мојот живот и мене мојот сопруг кога си шеташе со другари и кога си живееше ергенскиот живот во брак ,јас знаев што прави надвор од дома ,дури сама му ги пеглав и кошулите кои да ги носи ! (Господ знае најдобро како сум се чуствувала) и секогаш ги сликав со керками и ставав слики на фб,на нејзиниот фб и до ден денес има слики и кај мене видеа од веридби итн. И сега според такви како тебе некој ќе мисли за мене ... -Види ја што сака да скрија пропаднатиот брак итн муабети ? Не маченце и да е бракот пропаднат кај која и да била жена ,тоа не значи дека таа не смеее да става слики и да се радува, гледај колку си со исмев полна,колку завидуваш и одма се ставаш на рамнина со други жени конкретно за горенаведената . И .да прочитав и јас за мене вакво нешто од друг ,и да се препознаев како што си напишала за таа жена иако таа незнае дека тујѓ и се исмева и ја спомнува по форум, незнам што би ти направила искрено . И не те цитирам за да нема ,зошто сум те цитирала,но ти се обраќам директно бидејќи само што прочитав исто како за мене да си видов ,иако не те знам ,стварно ме здоболе од мислата какви жени постојат ем самохрани (наместо да подржуваат жени повредени изневерени од брак,во брак) вие им се смеете,страм невиден.
СДК..кога газдите бараат работници , важи едно старо правило: не примаат работници кои се изјаснуваат дека ќе ја извршат работата за пари, туку оние кои ќе ја завршат работата бидејќи сакаат