Не ти требаат нерви ама кога веќе збориш за нешто нека биде поткрепено со аргументи, факти, примери и искуство. Е сега што се чувствуваш навредена со некои постови твој проблем.
Не се чувствува навредено, исто размислува како тебе. Ти не и го разбра мислењето. Тоа што го пиша беше реакцијата која би ја добила ако пишеш во тема за мајки, а не нејзината лична реакција.
Не сме се разбрале, мислев дека само онака некој мрчи како и секогаш колку да се тресне нешто. Веќе не знам на кој што му е во главата, често се случува кога ќе се изјасниш за некоја тема да се навреди некој па почнува со мрчење затоа и се објаснив.
Добро вечер девојки Денеска прв пат после една година одкако сум мажена дојдов на спиење кај моите. Цело време работев,а сега на трудничко па имам време и така. Е сега мајка ми сама се понуди да ми го даде лап топот бидејки имаат компјутер и телефони и моментално не им е потребен ,а јас како млада снашка нели не можам да постигнам се да купам па на услуга да ми го позајмат.. Леле кога слушна татко ми ..што се не рече,не го прашала ,не може да го земам и такви работи како на комшија да го дава ..ке сум се породила па 40 дена не се земало ништо... во тој момент се осетив како странец кој не припаѓа тука...во очите на татко ми немаше ни малку милост ...дека и јас сум негово дете....солзи ми наидоа и кога сестра ми се вмеша дека што земам не враќам...што не е точно... мајка ми ги прекина а јас посакав да избегам во тој момент,да ме снема,Само реков океј не ми е потребен тој лап топ не е проблем.Сега седам на тераса и плачам... Сори за мојата негативност,морав да се олеснам ...
Нели секогаш кога треба да се учи или да се работи, ќе ти текне на некои рандом неповрзани настани од минатото, па еве и мене сега ми текна на двете мои најдобри мои другарчиња што живееја до баба...Мони и Никола...беа брат и сестра. Иако и кај мене во улицата си имав другари, сепак едвај чекав да одам кај баба за да си играм со нив. Беа многу ама баш премногу сиромашни. Јас им бев единствена другарка на двајцата. Живееја во куќа под кирија одма до баба. Тогаш бев мала и нормално не ми било гајле кој колку има, и како има, битно знам дека моите никогаш не ми забрануваа да се дружам со нив, за разлика од другите родители што не ги пуштаа сопствените деца да имаат со Мони и Никола. Одбегнуваа да носат некого дома пошто им беше срам, и јас само еднаш бев кај нив. Кога видов се шокирав. Мала бев, ама бев доволно свесна да сфатам дека немаат услови за нормален живот. Ме седнаа во една соба, што во исто време им беше и дневна и кујна и спална и детска...имаа само едно плишано мече и по тоа се знаеше дека живеат две мали деца во куќата. Гледав љубопитно наоколу и намаше баш многу што да се види, ми текнува дека во разни кутии чуваа малку шеќер, малку сол, малку кафе. Во секој момент очекував да ми речат ајде дојди да си играме во нашата соба, очекував да ја отворат другата врата што беше во претсобјето и во неа да има кревет, да има тепих, да има играчки, да има маса ама за жал кога се отвори вратата внатре немаше ни струја наместено, беше цел ѕид ископан, беше мрачно и ладно. Ужасна слика. А тек кога ќе си го вратам филмот како беа облечени, ми се плаче стварно. Мони носеше блузи поголеми отколку што треба, широки, излезени од мода, а Никола носеше блузи што и се мали на сестра му и едни фармерки. Имаа искинати патики и секогаш им влагаа камчиња во нив. Па секоро и секогаш да беа така облечени. Беа премногу мирни и повлечени деца. Знаеа да си играат разни игри, па не знам зошто ама многу си ги сакав. Кога ќе видеа дека доаѓам кај баба ми, со трчање идеа и ме викаа да си играме, ако беше и братучетка ми тука секогаш го тепаше Никола и секогаш се распрвавме. Едноставно никој не ги сфаќаше колку им е тешко, ама во исто време колку сакаат да си играат како сите нормални деца. Имаа дрвена порта, што беше распадната и ако случајно поминеше полицаец по улица, Никола бегаше од страв да не го земеле во затвор дека портата била падната Мајка им и татко им, изгледаа премногу стари, изнемоштени, пропаднати, наведнати во главите. Ми беше жал да ги гледам и мислев секој момент може нешто да им се случи од толку што се мачат. Пошто немаа платено кирија ги избркале од куќата и тоа баш навечер. Цела вечер ја поминале под картони и најлони пред дворот од куќата Јас кога дознав (баба ми кажуваше) не можев да престанам да плачам. Другиот ден дошол камион, им ги ставиле неколкуте ствари што ги имале и се изгубле во непознат правец.... Не се ни поздравиме....После неколку месеци кога и да одев кај баба ми, ја гледав куќата кај што живееја, и очекував да излезат со смеење и трчање, да ме побараат за да играме...ама не се случи тоа никогаш. Сега не знам што се случува со нив. Може не би ги познала да ги видам. Искрено од срце им посакувам да имаат среден живот, да имаат покрив над глава, јадење, пиење. Се надевам виделе добри денови и тие. Толку беа добри, фини, и старите и децата...ах бе Господе зошто вакви игри си играш со некои луѓе?
Денес бев на психолог. Имам многу нерешени работи во себе. Имав доста тешко детство и одредени работи останале во мене. Многу е фин психологот. Доктор на науки е. Скроз приземен и пристапен. Ми се допаѓа. Понеделник ќе одам пак. Се надевам дека ќе успеам да си ги контролирам бубачките. Друго ново, кучето ми е болно кашла пресилно. Сите пари си ги дадов на антибиотици за кучиња. Ветеринарот ми вика дека е за инекции ама бидејќи премногу се плаши не може да му стави. Вели маторици од 300 кила сум совладал, ама кучето твое е првиот мој пациент што не можам да го совладам. До толку паничи. Ахххх срцеееее моеееееее најмило! Колку го сакам не можам да опишам со зборови. Се надевам ќе биде подобар.
Зошто сум родена плачка, Зошто милион пати сум ги проголтала солзите, Зошто милион пати сум ги проколнала што паднале пред погрешниот, Зошто милион пати ме издале, Зошто милион пати ме заспале, Зошто милион пати ме прегрнале кога немало кој друг. Зошто милион пати поради нив сум изгледала најлаба на светот, Зошто поради нив ќе станам изгледа прејака...
за творештвото на Бубале. Среќен роденден на малото. Мој пост: Некои луѓе се како темен облак.Кога ќе се тргнат ти огрева сонце. Менуваат расположение во еден исти ден. Кога е сончево - топло им е. Кога е облачно, зошто не е сончево. И самите незнаат што сакат СДК тргнете ги облаците кои ви го затемнуваат видикот Овде на форумов исто постои ,,игнор,,...прекрасна опција за сончев ден
Сакам да кажам дека КЕ СТАНАМ ТЕТКА !!! Тој што слушнал да му каже на тој што не слушнал ! ТЕТКА БЕЕЕ ! Утрово ме разбудија со оваа прерадосна вест. И јас ко јас, плачев ко да ме истепал некој. Ич неможам да издржам радосна вест, преемотовна сум, одма ги турам солзите. Фала ти Господе. Еден си ! Тетка Кукла чести кафе ^.^
. За крштевка беа, сепак благодарам. Правевме крштевка за црвот од тета, да ми е жив и здрав и честито да му е името.
Нема ништо поубаво плачев и јас кога дознав дека сестра ми е бремена,плачев кога се роди бебето,кога го видов прв пат дознав што е љубов,вистинска,чиста,искрена,неизмерна љубов,нешто што не се опишува со зборови,плачам од среќа секогаш кога ќе ја погледнам,сега пак ми се наполнија очите со солзи посилно е од мене.Благодарна сум му на Господ што ми даде тој луксуз и што ме научи на вистинска љубов во овој лажен свет.Сега живеам за моментот кога ќе почне да зборува,живеам за да ја слушнам да ме вика ТЕТО !!!
СДК дека неможам да ги сфатам луѓето кои сами за себе велат дека се брзи на јазик. Сигурно и околината им го всадила тоа во глава, на некој ми присметало За таквите има лек - пресечете си го јазикот....ништо страшно нема да се случи...освен што луѓето околу Вас ќе имаат мир кога Вие ќе ,,размислувате,,