Koга ми зборува некој како се преживеал, се му поминало, па тек кога ќе почне како бодисатва. А го гледаш вака, нит мистик, исихист.Ни јогин,ни лама. А се лигави на секоја главоболка, се изморува од толкунѕа.Нерви, не. И му се чудиш.Ти него, он тебе
Не би се зачудила и во Скопје да е идеме и ние напред,во тренд сме превзимаме се што е од надвор Па по името не му влегоа во трага? Ваков случај кај нас ќе се заврши како непознат сторител
Значи женската љубомора крај нема. Болест. Дечко и го имам на Фејсбук и таа упорно ме додава. Не ја прифаќам бидејќи не ја познавам. И не само мене, фатила ги брка како покемони сите пријателки негови. Боже сачувај.
Електрична алка околу врат и сензор на рожница му е мајката, освен ако покемоните не и се по интересни хахахха секакви не има, таа се нервира,, тој си ужива ...
СДК... По правило, кога се брза не треба да се избира пократкиот пат бидејќи тој се покажува како најдолг, најкомплициран и трнлив. Нетрпеливоста е посилна од несигурноста во моментите на себепронаоѓање. На патот до успехот многу нешта треба да се земат во предвид меѓу кои и самокритичноста.
Абе знам дека повеќето се помлади, знам дека и ти си во помладите, може немаш ни 30тина, ама во таа тема ти одговараат мубетите, членовите и дружбата па затоа таму си поактивна ама насловот ми изгледа страшно и ми се чини ко да треба прво сите теми да ги поминеш, па на крај тука да завршиш Па ако се почитуваше насловот на темата пола членови немаа да пишуваат таму, еве конкретно ти ехеее здравје за 10тина год би се префрлила таму
Заврши убавото. Дел од работите ги расипав сама,дел очигледно не ни требаше да имаат иднина. Сега сум во фаза на себе-залекување. Си земав време за себе. Да се наспијам,да каснам малку comfort food без да ги расипам резултатите од вежбањето и диетата,да ги средам сите заостанати работи што чекаа на овој завршеток. Вчера го средив плакарот целосно,спремив еден куп облека за подарување,денес планирам истото да го направам и со шминките и другите предмети кај мене во соба. Барем да добијам малку чувство дека нешто ми е под контрола и има некаков ред,на кој можам да влијаам. Остатокот од времето е планиран за серија и вечер пак кино и прошетка. Не постои погрешно време ,постои само недоволна желба,чувство,труд. Имајте убав ден.
Wowwww ! Некој ме следи Wowww ! Искрено сега прв пат те заприметив, си викам кој и зошто ме тагнал? Се зачленив во еден доста тежок период за мене, ми ги одвлекубаше колку-толку мисливе форумот. Не не ни битно де... Си ги препознав случајно 2 другарки што ептен сум ги почитивала и до ден денес е така, одма им пишав ЛП! Не се кријам. Да се сменам тешко! Бар тие што ме знаат, може да потврдат. А за темата +-40оддамна се милсев дали ми е место таму или младинско. Некако повеќе одам накај 30ти него накај 20. Не е дека прстен ме созреал ! Тоа му доаѓа како у живо, едни ме викаат госпоѓо, други девојче и такааа. Се бунам А за истото име не верувам дека би го задржала, бидејќи ме читаат некои што не сакам (запознаени по грешка). Ама за тоа отом-потом. Тие што треба, ќе ме препознаат.(ако имам време за форум) ако дојде до такво нешто некогш.
Пресреќна сум затоа што фамилијата ќе ни се размножи уште повеќе. Да, да...добро прочитавте, ќе имаме уште еден член. Ќе станам тетка
Наместо пикачу да го прибере, таа погрешни покемони брка.Не ја сфатила играта, се случува човек и да погреши. Друго дојдов да кажам. Слушам срцепарателни песни и не знам за кого тагувам. За првиот дечко, за вториот или за овој последниов. Ама едно сигурно знам кој со мене се фати, се ќе му иде од рака и ќе му се позлати.Не е маркетинг, вистина е. Кој не го прошетал светот, ќе го прошета, некој ќе извади Бугарски пасош па дури и ќе се отсели од земјава, другиот само што ќе раскинеме, преку ноќ еве ти го си ќарил две во едно жена плус дете. А кој како замина мене без среќа и без злато ме остави. Епа не е фер. Спојлер: . Се зезам, се смеам чисто за да не заплачам за маките што си ги имам. Сезање на страна, не сум добро, изгледам лошо, по ликот ми се познава дека нешто не е во ред, повеќе не можам да спијам. Се трудам да кулирам и да се правам како да не се случува ништо ама одвнатре црв ме јаде. Се ми се насобра, како темпирана бомба сум, само што не сум пукнала. Мудрост на денот од мајками: Болката може да сруши тврдина. Верно е ова. Се срушив како кула од карти, како кукла од памук и конци се распаднав преку ноќ.
Како бе прв пат ме запримети? Јас веќе за сестра те сметам Абе те приметив едно време кај младите пишуваше, па се префрли кај другите... Ми падна во очи па затоа онака те зедов ко пример. Не значи дека и ти ќе останеш со овој ник ама ете се е можно...
Те опулив убоо Извинии , еве те меморирам У младинско имаше неколку негативни ликови, а ја бегам од такви и такаа . Тоа беше само + причина. Петра е уште мн млада.
Сдк Спојлер: спојлерче Од вакви амеби, општеството ни цвета Па уште вакви амеби кога сакаат да станат асистент менаџери на бутици и тоа на Блиски Исток, а се неспособни и никој не сака да ги прими бидејќи ги процениле во првите 5 мин од интервјуто, лечат фрустрсции на секој чекор Гревчиња
Колку и да сме тажни денес, утре ќе се смееме. Колку и да е мал светот е добро место за живеење. Колку и да сум немоќен би правел чуда. Колку и да е тежок, животот е убав. Тонио Сан
Pa i ovde isto, "poznat storite, mozda ke se najde za 2 dena, a mozda i za 2 meseca, a mozebi i nikogas". Ke gi stavat vo zatvor eden den, ke gi najadat, izbanjaat, ke se naspijat, Tv cel den i utre se gotovi. Gi pustaat oti neli ja izlezale kaznata na uzivanje. Ne e ni cudo, tie pa tie Me ne mi e vazno stetata da mi se isplati. Ic ne mi treba kolata nazad, odkako mi objasni policaecot za koja namena ja kradat.
Поразително е колку таканаречени „дела“ што го срамат поимот за гранката од уметност во која припаѓаат, и од кои се чувствуваш како да оглупавуваш со секој прочитан ред/ислушан стих/изгледана сцена - сепак се класифицираат како уметност. Сѐ повеќе писатели и писателки кои со текстови на блогови и фејсбук, полни со видоизменети украдени цитати, недоволно познавање на правопис и србизми/сленг што се слуша на улица - навистина успеваат да воодушеват и да стигнат до издавање книги. Турбофолк „музичари“ со своите плитки и невкусни стихови чија вредност е во тоа што се „добри за пиење“, се сѐ повеќе попознати кај нас од светскиот квалитет, вистинските пријатни за уво звуци и длабоки текстови кои можат да те замислат. И секако, тука е конкретно мојата моментална инспирација за постов, најголемата глупост на 2010-тите години во државичкава - турските серии. Седам со моите и вртат они по каналите, и начекуваат реприза на една од серииве што ги даваат двапати на ден и трае од пред којзнае колку месеци - атмосфера ко во 15ти век, девојче на околу 13-14 годишна возраст сѐ уште неописменето, омажено и со дете... Еве отворив science страници сега да ми се вратат мозочните ќелии во нормала, во 21 век. И да, сѐ повеќе и повеќе имам нулта толеранција за шунд и признанија за истиот дека предизвикува чувства кај некого. Секако, сепак не оправдувам директни навреди ни кон млади луѓе што читаат/слушаат/гледаат нешто од горенаведениве работи, но жално е млади личности да си ја затупавуваат интелигенцијата со истите. Точно е дека за вкусовите не се расправа и дека луѓето не треба да се делат според тоа со што си го исполнуваат слободното време, но од друга страна префинет вкус за она што навистина вреди е една од поважните доблести кои овозможуваат да имаш флуид со некого...