Денес додека седев во парк еден човек постојано си го критикуваше детенцето. Му беше татко иако секој не ја заслужува таа титула. Го навредуваше како е глупо, не гледа каде оди, му свиреше нетрпеливо и викаше алоооо, наместо да се помрдне од клупата и да му каже како треба. Друг случај во комшии постојано им викаат на децата дека се невоспитани, дека нема други како нив. Добар начин да го уништите детето. Тоа е она што вие го уверувате дека е, зошто да не е најубаво, најпаметно, најкултурно. Детската душа е чиста како солза. Греши? Па што! Дете е тоа ќе згреши, ќе прави луди работи со другарчињата оти се тоа е дел од растењето. Има и друг начин освен да го навредите. Во првиот случај не го ни заслужи тоа, а како гледаше со очињата несигурно. Епа несигурно, па комплекс на намалена вредност, па затворено. Извинете за негативност, ме растревожуваат вакви работи, ме потсеќа на мене, на уверувањата со кои растев, а се борам и ден денес со нив. Да си родител сигурно е најтешко, ама тие души заслужуваат да израснат во здрави социјални личности, а родителот сигурно ќе има најголем удел во тоа.
Впрочем твојата намера за вреѓање со сите солидни мрсни зборови, ја сфаќам како твоја лична желба за сопствено празнење на твојата разочараност, полнење на твојата празнотија и покајание за стореното. Знам дека кажаново ќе те поттикне на уште поголем гнев. Ама ете, морав да те соочам...
Толку ми е пораснат андркатот шо можам боцки да си напраам. :') *Треба да си купам машинка и слични мисли*
Најубаво чуство ми е кога ке ми се с*урчи од некои работи и луѓе. Па фино, доаѓаш до момент каде што емотивно кинеш синџири и само шириш крилја и полетуваш нагоре. ФЕНИКС. ДА! Од никаде ми дојде она чуство да ставам крај, да се освестам што правам ја у ствари и на кого све трошам енергија и време. Ова требаше одамна, ама нека, никогаш не е касно. Лекција научена. Спремна сум за понатаму. Преубаво чуство на емотивна слобода. Фениксот у мене сега само истражува нови хоризонти. Летај!
Сега пепси а може и само вода И јас осетив промена во вкус пред некој ден и баш истото го коментиравме дека скроз е расипана личи на оние наливните сокови што се 2л 20денари
Неможам да поверувам колку многу исчезнува она човештвото што го носиме со себе, сите тонеме, се губеме во самите себе, а зошто? Треба сите да си посакуваме срека мегусебено кога почнуваме со нешто ново во животот. Денес видов дека нема пријатели, нема блиски роднини кои ке ти пружат рака за да го издржеш патот кој ти претстои. Разочарана сум од лугето кои се околу мене, од постапките кои ги прават и зборовите кои ги изустуваат, целта им е само да те понижат. Ми фали личност во животот што ке знае на моменти да ме праша Како си. Јбг.
A ja pa sto e vaka cuden I nesiguren, toj iznenaduvanje da ti spremal. E pa ne deka ne pocuvstvuvav ko da me podlazuva nesto ama aj si rekov, da vidime so ke izlezi. Utre idam Italy na kratko I da ...MAZITE SMEAT DA LAZAT, SAMO KOGA SPREMAAT IZNENADUVANJE !!!
Ехееее добро утро !!! нема тоа веќе, останува да се навикнеме на тоа дека нема добри луѓе околу нас!! и ако случајно некој ќе ти помогне за нешто банално ќе ти го пика на глава цел живот. Само фамилијата е најбитна , другите само да те гледат долу.
СКД: Оваа ноќ е создадена за високи потпетици,подвезици,црвен кармин и црно вино На набројаново би додала и мушкарац бре хаха .Шармантен,тивок и романтичен. Што повише би посакала од ова ? хммм
Гледам и се чудам каков однос имаат некои родители со децата. Ајде разбирам да се понашаш ко другар со децата ама да те тепаат бе? Мали биле...денес се мали, а утре? Утре кога ќе те грабне, ќе те остави на место Се напна некое дете за мастика, и мајка му вика после ќе ти купам седи сега. Детето нееее па нееее, се напнува плаче, си кубе коси и почна да ја тепа мајката. Со боксови, со тупаници, со клоци мава ли мава по неа и таа уште така засрамено се смешка, и со рацете се брани од него Од сопственото дете да се плашиш бе? Од 4-5 год дете да се плашиш, што живот си му дала? Па толку да не се разбира од збор, што дете е тоа. Во иднина за 20тина год, ќе читаш вести дека некој си ја силувал болната мајка и таа починала....што погрешила толку некоја личност па да заслужи таква смрт? Последно нешто што ќе го види да биде нејзиот сопствен син, нејзината душа и крв, кај што е качен врз неа и ја силува Епа од мали ако не ги научиш после тешко дека ќе можеш да ги контролираш. Ќе се издрогира, ќе се поремети психички и толку веќе, тој не разликува дали си му мајка или курва или комшивка.... Језиво е у пичку матер.... Контролата нека биде во ваши раце. И најчудно нешто што го видов беше 2 год девојче што се сликаше со другарки на мајка и. Застаната и таа како нив duck face, и бараше да и ја покажат сликата и вика: Иууууу гида сика, не убава Марија...па уште става прсти во уста како да повраќа, демек толку грда била....во смисла таа била грда на силка па да ја избришеле им викаше 2 год има...ОК....Шмизла? И тоа каква... чУек, што им праите бе на децава?
Другар се најде вчера да тргне да ме залапа по што следуваше моја бурна реакција „НЕМООООЈ, НЕНЕНЕНЕ ТЕ МОЛАМ НЕМОЈ“. И негово извинување - „Извини, не знаев дека до толку не сакаш...“
Висок, црн, онака природно мускулест, како физикалец... Членува во рок бенд, има мачиња и кучиња, си ја обожава внукичката, интелектуалец, завршил факс на време, не следи и лајка полуголи мачиња ма Инстаграм, знае муабет да направи, се шали на своја сметка, ми фрлил око... Решив дечко да го земам... Не знам како ќе ме сватите, може наивна, глупа, лаковерна, али сеедно - БЛИЗНАК е у хороскоп! АЛИ не се предавам, и се надевам на се најдобро...
И така машките се делат на две категории. Просто неверојатни и неверојатно прости. Девојки, со среќа.
Наводно сум среќна и имам се, но и самата не знам зошто имам некоја необјаснива тага во мене, стареам ли? Нели исполнив се што требаше?
Ги трпиш некои околу тебе,а не се за трпење,а бе за да бегаш далеку од нив се.Мазохизам,надеж за подобрување,што е?
Се додека си бодеме очи едни на други,никогаш нема да не биде како народ и како нација. Викендов си поминав преубаво,едноставно не сакав да се вратам во родното место Скопје,ама морав некој мора и да работи нели
Секој си има свој период на тагување, соочување со реалноста и враќање во нормала. Некој се лечи со дружења, излегувања, смеења, некој со жалопојките на Адел и плачење до праг на корнење коси. Кај некој функционира утешувањето и бодрењето, кај некој не. Ете јас сум од тие вторите и освен жалопојките на Адел ништо друго не ми помага. Плачам и пеам, и плачам и пеам, и така се' во круг. И не можам да се дружам. Не можам, а не не сакам. Мене не можеш да ме насмееш ако ми кажеш да престанам и да не се депримирам. Ни да ме утешиш со зборови дека е со причина, така требало да биде, ќе биде подобро и сите останати клише и излитени фрази. Не ми треба тоа. Нема да ми помогне да престанам да бидам тажна. Не знам да ги сокријам и да ги потиснам чувствата. Тука се. Не се кријам од нив. Се соочувам на мој начин. Кога ќе бидам спремна ќе престанам. Ќе бидам океј. А можеби и нема. Ама не сакам глупави надежи, верглање празни зборови и наметнување чувства. Еве ќе престанам да зборам. Кога ќе ме прашаат како си ќе кажам супер. И онака ретки се тие што само знаат да сослушаат, да покажат емпатија и да ме остават да го пребродувам периодот како мене ми е најлесно. Сите само знаат да мудруваат. И да мислат добро, џабе ми е тоа сега. Не ми треба ништо друго освен тој. А тој не е тука.