Се надевам дека си ја научи лекцијата девојчето со сино фустанче: Не може да имаш се што ќе посакаш! Welcome to the real life, little girl Па тоа фраерчето си продолжи да игра ко ништо да не било
Имам впечаток дека луѓето се срамат од сопствената убавина, поточно - се срамат кога ќе добијат комплимент за нивната убавина или што и да е, нешто убаво. Eте, типичен пример - си доаѓа мајка ми од работа, ја меркам накратко додека ме поздравува и ѝ велам: „Ejj, мамо, колку си убава денес. Многу си убава!“ Се усрами жената, ми враќа: „Абе стара сум јас, остарев.“ Жити мене, мајко, нема нешто поубаво од убавина која наѕира под неколкуте бори околу очите. Убавината не оди обратнопропорционално со годините. Друг случај; си играм со сестрата на дечко ми, и низ игра ѝ велам: „Колку си убава! Ти си едно многу убаво дете!“ Ме фаќа со рацете за образите и ми вели: „А ти си најубава. Те сакам како да си ми дада. Моја најубава дада.“ Се стопив од љубов. Колку е убаво да си дете, секое едно нешто го прифаќаш онака како што е, без нијанси измеѓу - или е црно или е бело. ...многу сакам да им кажувам на луѓето дека се убави. Иако убавото е релативна работа, мене ко „професионална деформација“ ми стана да ги воочувам сите облици на убавото, па дури и оние најбизарните.
Си седиш сама во летна приквечерина во соба со отворен прозорец, внесена во книга што си ја читаш на светлина на столната ламба, абе милина - кога одеднаш досаден звук на зуење ти ја прекинува таа идилична тишина, а после некое време и со благо чешање комарецот ти го потврдува присуството. ...и останати причини што сакам да дојде есен...
Убаво ми е периодов. Решив да бидам само позитивна. Ќе изнајдам решение некако и ќе го остварам сонот. Ама не брзам. Полека, смирено и се по ред ќе биде. Вака или така, ќе го направам тоа што го имам замислено. Сега барам работа, па ќе видам како ќе ми се посреќи.
Моментот кога личност која е прибрлива во однос на погодување на вкусот на кафето, ќе и се погоди или некој ќе и го направи таман Спојлер СДК во животот е многу битно да ви се погоди кафето
на крај на денот не е моја одговорност дали ќе сум некому убава, паметна, допадлива, привлечна, шармантна, атрактивна... , но моја одговорност е дали ќе сум среќна со она што сум пред себе...
Момантално ко лист свенет сум шо едвај се држи на гранка. А гледајќи од повеќе агли, таков еден лист може да биде најубава есенска идила фатена од апаратот на умешен фотограф. Може да биде нечујно паднато ливче покрај кое некој чекори и само го одминува. Или уште еден лист во толпата свенати паднати лисја на тротоарот, кој некој ги газе, некој се лизга и ги пцуе, некое дете воодушевено ги крева и фрла во вис... Сепак листот сам за себе е само еден обичен беспомошен лист кој во секој момент ќе се откачи од гранката и ќе исчезне, оставајќи им, можеби, на некои случајни минувачи, некаков впечаток, некаква перцепција, макар на кратко...
Кога нештото ќе го кажеш на глас и никој од присутните нема да те осуди. Некои моменти се прекрасни. За нив се живее.
Луѓе дали е нормално да се прашува кој колкава плата зема? Многу често ми се случува да ми го постават ова прашање. Дали со мене нешто не е во ред што ми смета? И не зборувам за најблиските, за фамилијата... Искрено не сакам да ми се води сметка за финансиите и ептен непристојно ми е. Никој никого не сум прашала.. И ајде еве да ме праша некоја поблиска другарка разбирам. Ама кога ќе ме прашаат колкава плата зема дечко ми, е тоа ми е веќе врвот. Што има да ме интересира колку заработува нечиј дечко или сопруг? Кажете ми ако грешам.
Сакам да кажам... Дека мразам луѓе што каснат.. И тоа баш кога ти се брза.. Баш кога ти се спие.. И баш кога ти се јаде И сакам да кажам дека секој ден учам нови работи тука, некогаш се запрепастувам, некогаш ептен позитивно се изненадувам
@Annora Некултурно е и непријатно е. Низ истото и јас поминувам и тоа од блиските. Нема што некој да ми знае колку пари зимам и да ми води ред дали и колку трошам. На такви прашања обично одговарам со “Доволно колку за мене!“ Не ги сакам таквите ич!
СДК... ми фали време за да уживаме во семејно дружење,љубов и прегратки...заедно да ги гледаме децата како ни растат...заедно да ги извршуваме обврските...ми фали време насамо ,само за нас двајца... трката за заработка и егзистенција не ни го дозволува тоа...од ноќ до ноќ на работа е...туш,јаде и на спиење...се труди максимално што може..непотребно го обвинувам некогаш знам... само не си го замислував ваков животот ...ко самохран родител се осеќам некогаш...им завидувам на луѓето со нормално работно време ..на луѓето кои не работат на повик...од друга страна може и тие ни завидуваат нам...којзнае?! и сега се мислам за во друга тема дали е мислењето
Мило ми е што не сум единствена... Толку голем број на луѓе ми го поставиле тоа прашање, и за мене лично, и за дечкото, што почнав да мислам дека со мене нешто не е во ред што мислам дека е непристојно.
@Annora Луѓето немаат осет едноставно, не е проблем у нас. Они не слушнале за збор приватност. Мене тоа од кожа знае да ме извади и да бидам дрска у тие моменти. Одма треба пресекувањње тука у такви моменти, ич не му ја мисли, зашто тие не знаат за крај .